Јас и BEST и Јас и BEST таму!

На дваесет и пет и уште нeшто и на неколку испити и уште помалку до дипломирање јас им пристапив на една дружина млади (всушност, секако помлади од мене) луѓе кои заедно се викаат едно- BEST.
Личен е впечатокот и некако интимен за да го споделам со минимум два милиони потенцијални читатели на текстов затоа одлуката е да си го таам во себе и искрено да изјавам дека убаво е да се помине барем еден ден од животот во таквата... каква е не знам ама, во секој случај, e единствена BEST- атмосфера. За пријателството се раскажува и се’ што се прави во негово име...
Да се изразам инженерски, ако сега стојам на три чекори од координатниот почеток, во точка B, кога ќе го насочам погледот кон него, едвај го пронаоѓам заради тоа што патешествието сплело густа мрежа. Приказната која ми останува да ја создавам, а мрежата која ќе ја плете мојот spider- живот завршува во точката C (определена со x, y, z, и t). Она што сакам да ги разликува O-B и B-C (освен почетокот и крајот кои ги определуваат) е количеството самосвест и чистотата и јаснотијата на нештата кои ме дефинираат. Не е голема работа човек да ја согледа сопствената неопходност во сопствениот живот. Да може се’ сам, а да може заедно- волево, искрено и добронамерно- тој успех е радост по дефиниција!
Она што ме испровоцира да пишувам и нешто што сакам да споделам со кирилично- писмениот свет е впечатокот од вежбањето комуникација претходново попладне.
Се зборува за зборувањето, за помалку и повеќе страните јазици кои ги употребуваме, за разговорот во време кога човекот се претвара во суштество кое се плаши да зборува за сопствените мисли, кога се плаши од сопствените потреби, чувства, а со особен страв гледа кон признанијата- дека нешто мисли и тоа сака да го каже. Што е тоа што не’ исплашило? Ова е клучното прашање со чиј одговор верувам дека се обогати поголемиот дел од присутните на вежбава: каков е одговорот кој го добиваме од околината како реакција на некоја наша акција.
Со незабележлива примена на наивни и обични средства, претходново попладне секој бурична низ сечиј мозок, а никој не го почувствува тоа како нарушување на приватноста.
Зошто се радувам што бев дел од настанов? Заради тоа што тој иницира размислувања кои, еве ги- распламтено јуришаат низ главава и раѓаат нови- за мене во светов околу... Како да направам од себе подобар човек... Можеби утре ќе се разбудам во нов свет- свет на совршена хармонија... Свет на посреќни и подобри луѓе... Свет на чисти и искрени насмевки!

CЕ- културната размена ја направивме ТОП

Од 07. 12 до 13. 12. 2007 се одржа културната размена со Рим, и многу убаво си поминавме....
Првиот ден бевме во Охрид каде што се изнажуркавме до бескрај се изнашетавме и се запознамве со странците, кој подобро кој нормално ;).....
Во Скопјето наше кога се вративме нормално пак интересно ни беше на сите :). Бевме на куглање што мене лично ми беше прво и незаборавно искуство, на лизгалиште, скоро во сите музеи, бевме сегде!!!!! :)
Факт е дека сите беа среќни и задоволни со тоа што се случува, а јас бев најсреќна и презадоволна сигурно и Јое е бидејки ова беше наше прво искуство да организираме културна размена не само на мене и Јое туку и на БЕСТ-Скопје.
јас би сакала да им се заблагодарам на сите што учествуваа во култирната размена, и ајде да направиме уште една!!!!!!


подоле има клипче, морав да испробам нешто во анимото, тоа се некои слики од CE


аnimoto.com видео!

Видеа со слики за презентации, забави или слично можат многу лесно да се направат со animoto.com. Сеуште низ процесот ќе пронајдете по неке багче, плус не ми успеа да си го снимам видеото локално, но сепак може да се разгледа како интересна алтернатива за едноставна анимација во иднина, кога ќе го досредат.

Стари работни логца - во исчекување на Jamboree

Се ближи едно ново Jamboree и тоа во соседството, па во негово исчекување да ви презентирам некои работни верзии на наши логца за истиот настан кој го имавме и ние пред две години. Сликите ги најдов затскриени во мојот компјутер, па решив да ги презентирам.

За почеток ви ја прикажувам ептен првата сликичка за логото на нашиот Џам направена за 5 мин. и презентирана од страна на Кико во стилот - дали ви се допаѓа за да ја средам и да биде наше лого - идејата беше да претставува нешто размачкано - џам - бидејќи Jamboree е прилично размачкан настан.

Од ова излезе крајното лого на нашиот Jam '05.Втората слика е направена во време кога сум посакал да видам како би изгледало доколку направиме втор Џам - Jam Time 2.
Посакувам вкусен Pekmez 007.

НВО саем

16ти и 17ти ноември

Смеење до бескрај. Само на нашиот штанд (БЕСТ, ЕЛФАСКО и И.А.Е.С.Т.Е.) студенти. Позади пултот се вари кафе, се чита елфаско, се смее на сметка на минувачите. Бабички шетаат и прашуваат што може да се земе гага, а нормално ниеистото го правевме и ние само со поголем успех од нив.

Додека новите БЕСТовци не претставуваа на штандот, ние "постарите" го претставувавме пред општините и организациите. Нормално тоа беше со цел да се добијат нови контакти.
На крај им благодарам на сите што се нафатија да поседат по неколку часа на нашиот весел штанд.

Средба на алумни, октомври 2007


Ние, алумните од БЕСТ Скопје, си имавме супер средба и тоа на празник, Денот на Македонската револуционерна борба. А имавме и повод, официјално си примивме уште 4 нови "гуштерчиња" во нашето алумни јато: Ана Вета, Златко, Нетко и Иле. Сите сплотени, со кабапот во една рака и узо/витач во друга, им честитавме на новите деца и им посакавме среќни "пензионерски" денови. Од кебапчилницата продолживме како вистински пензионери во Jukebox да се промешаме малку во беќарско/ергенско/старо-чупското друштво таму. И види чудо... На некои од присутните можевме и внуци да им бидиме. Како и да е, ни пееше Бени во живо, па супер си поминавме и весели си отидовме по дома малку порано, з'ш работа не чека другиот ден.

Слики има во галеријата најдолу.

Прва работна група за културна размена со Рим

на 18.10.2007 се собравме БЕСТ-овци за да продискутираме малку за размената со Рим.

Како прва работна група нели не решивме ништо туку само дававме идеи каде да се шета, храна, сместување, настани И.Т.Н. Си ги поделивме обврските и се фрламе на работа.

Имаше баш добра работна атмосвера и разбирање, по сето ова се гледа дека ќе имаме мноооооогу добра размена и нема да сакаат да си одат иако е зима и ладно.

еве и една фотка од нашата насмеана и весела атмосвера ...

Излезе Ubuntu 7.10

Денес е еден од тие 2 дена годишно кога излегува ново Ubuntu. Новата верзија нуди доста подобрувања меѓу кои:

  • нова верзија на GNOME работната површина;
  • 3D ефекти;
  • интегриран пребарувач на датотеки со напредни опции;
  • брза промена на корисници;
  • автоматска конфигурација на екранот;
  • едноставна апликација за конфигурирање на графичката картичка и монитор;
  • автоматска инсталација на печатачи;
  • подршка за запишување на NTFS партиции;
  • и многу други работи кои може да ги погледнете тука.
Знам дека доста бестовци користат Ubuntu и бидејќи ја користам новата верзија веќе подолго време (како развојна) можам да препорачам да си ги надоградите инсталациите.

Среќна Нова академска година


Почнува новата учебна година па за да сите заедно ги наполниме батериите

БЕСТ Скопје организира гоооолема бестовска забава.

Забавата ќе биде во недела,7ми октомври, во клубот "Кастро", со почеток во 21ч.

Ветуваме бесплатен влез, попуст на пијачки, добра музика и одлична атмосфера.

Поканети сте сите вие заедно со вашите пријатели!

Се гледаме на журка!


Ден на слободен софтвер 2007, сабота, 15 септември [Точка, Магор, Мала станица]

На 15 септември (сабота) е „Ден на слободниот софтвер“ и ќе биде одбележан на повеќе места во Скопје.

Според spodeliznaenje.blogspot.com:

Дискови со слободен софтвер ќе се делат од 11 до 18 часот во кафе книжарницата Магор и културниот центар Точка. На овие места ќе има и презентации во живо на оперативниот систем GNU/Linux. Се што треба да направите е да дојдете и да си земете CD. Во Точка и Магор ќе има и искусни корисници на GNU/Linux од кои ќе можете да добиете совети за тоа како да го инсталирате софтверот или одговори на други прашања кои можеби сте ги имале за слободниот софтвер.

Вечерта со почеток во 20 часот во Мала станица (Медиум) ќе има проекција на филмот „Good Copy, Bad Copy“, и ако останат, ќе има уште дискови за делење.

„Тркалезна маса“

Официјално БЕСТ ќе организира настан именуван како `Тркалезна маса` која ќе биде посветена на компаниите - соработници на БЕСТ, воедно и за потенцијалните партнери на нашата драга организација. Ова е прв наш настан од типот на "Company Care" и "Getting Feedback".

Главниот организатор - Кичо (Кристијан Демерџиев) е правата личност за ваков настан, сметајќи го неговото големо искуство и спремноста да организира и менаџира и многу посложени проекти, а зад него стои цел тим подготвен да се соочи со овој предизвик.

Настанот ќе биде од локално ниво и ќе се одржи на почетокот на неомври. Замислата е сите компании да имаат свои излагања за нивното досегашно искуство со БЕСТ, нивните погледи околу потребата од БЕСТ (како организација која учествува во дополнителното образование), иден млад кадар во нивните компании и можностите и облиците за меѓусебна соработка. БЕСТ Скопје од своја страна ќе ги презентира своите активности, својата подготвеност и важноста компаниите да бидат вклучени во настаните на БЕСТ.

Со овој проект БЕСТ ќе ја подигне соработката и комуникацијата со компаниите за едно скалило погоре, сѐ со цел усовршување на идните настани и активности.

На Св. Богородица

Како што решивме претходниот ден, така и направивме. Поголемиот дел од нас, засилени со Снеже-Мало, откако дознавме дека на Матка има голема гужва, се упативме накај Св. Пантелејмон во Нерези. Си ги напрајвме адетите в црква и седнавме да одмориме во локалниот ресторан. Ама услуга катастрофа... Чекавме келнер 1 саат, а кога некој од нас проба да извади сок од ранец дојде газдата и скоро не истера! Си фативме нога_под_нога и горе на чардакот. И шо можи... халара и зезање до бесвест. Од таму запаливме колите и директно кон средно Водно, демек на ручек. Ама ни ручек, ни црни камења, се преполно! Прошетавме шо прошетавме, сторивме адет и во блискиот манастир и ојдовме право во Интерактив, т.е. Стомна, кај домот Гоце Делчев. Крцнавме по 1-2 ладни пивциња, кој десетка со кродид, кој друго и така среќни и задоволни, патот под нас и секој по дома.

Журка кај Горан

Се започна со договерениот ручек во пута пута љ во Бисер.Откако изедовме се (вклучително и џиновската шопска), една група (џаболебарите), се упативме кај Горана в куќи. Демек собиранка ќе сме праеле... И решивме бунар ќе прајме. Ама не вистински бунар за вода црпење, туку онаков шо се пие, домаќински! Море накупивме бело_вино и швепс и лимони и му ги дадовме на Златка наш (ова е вокатив, не име на чупа), кој одма ги замеша и ни сервира одличен бунар. И пиј, пиј... па некои од децава почнаа да шизат, море шо стана веселба, песна... Тука беа и другарчињата на Драгче, па и тие ни се приклучуваа повремено. После дури се отворивме, па почнавме и за мажачки/женачки да збораме :) На крај падна договор за шетање следниот ден за празникот и сите исцрпени кај 2-3 наутро запаливме патичиња по_дома.



Присутни: Златко, Ана Вета, Горан, Васе, Нетко, Стена, Нено, Кате Т., Проки, Станка и нормално авторот на текстов.

Генералка

Се собравме ние луѓето на БЕСТ да си ја исчистиме нашата втора дома. Па покрај чистењето си направивме и супер атмосвера со Drum And Bass си се журкавме чистејки...

Се журкавме или чистевме???
Хмм.. и јас се прашувам?!?

Кога ќе поминете од канцеларија само погледнете да видите дали е чисто за да си потврдам.

Многу е битно тоа што се здобив со искуство дека сум алергична на домашна прашина ме уби од чешање носот и се убив од плачење исто како да лупам кромид.

И покрај тоа што нема баш многу светло во канц. ние се обидуваме да си го најдеме патот до вистинските работи здобиени со по некоја модрица ама ипак сум среќна што си ја чистам мојата втора дома.....

Ова е прв дел без слики утре конечно нема да го заборавам апаратот и да сликнам па ќе ви покажеме што сме направиле за овие 3 дена....

cleaning must go on

Тишина...

После две БЕСТовски недели со дружба, учење, шетање, журкање и многу други други работи... еве веќе недела дена штама во БЕСТ Скопје :Þ

Сега некако сите сме во „рестинг“ мод и пополека се соземуваме од супер поминатото време. Можам слободно да кажам дека при организација на еден БЕСТовски курс нема да си поминете ништо помолку добро отколку да присуствувате на еден таков... дури на моменти и е многу поинтересно да бидеш позади завесите, така? Но, навистина, на моменти е и многу напорно - но имајки ја подршката од сите луѓе околу тебе, можеме заедно да издржиме и да го истуркаме курсот до самиот крај.

Големо БРАВО и за галвните организатори: Нино и Елена кои испеаа заедно со сите нас да го реализираат овој 5ти јубилеен курс на БЕСТ Скопје.

Со следнава галерија ќе може на малку да ја доловите и атмосферата за време на интернационалната вечер, најпосебната ноќ на секој БЕСТ настан - време во кое цела Европа ти е на дофат!


За крај, еве и импресии од еден од нашите учесници - Италиано наш:

Something about Macedonia
Ok guys, i'm back from Skopje since 4 days and i want to write something about all that 14 fantastic days:
first of all, there was so many people nice, the organisers were really gentle with us even if, i have to say, maybe sometimes we'd glad something more plenty for eating...however i understood the problems you had and i don't wanna complain because for all the rest you were really polite and patience with all of us...
For the partecipants...we were from all over Europe:
Ana, Maria, Lorena and Diego from Spain
Andreas from Austria
Jorgen from Norway
Laura from Finland
Me from Italy
Dusan from Serbia
Katarina from Croatia
Ana, Alexandra, Luchiana and Gilly from Romania
Ihor from Ukraine
Petr from Czech Repubblic
Cristhopher from Poland
I like more or less all of them, there was one person that i appreciate more than the other but i cannot explain too much about her (or him?:)no of course) on the site!
We had gone to the oldest lake of the world, the Ohrid lake, and there i've rent the cousin of my motorbike...

Целиот текст и сликите може да го најдете >>тука<<!

Настаните на курсот во календар

За информирање за настаните на курсот можете да го користите календарот на БЕСТ Скопје.

Календарот можете да го пратите:

  • преку блогов, десно во коцката каде што пишува календар или
  • да се претплатите на календарот кликнувајќи на линкчето во истата коцка на кое пишува "Subscribe to БЕСТ Скопје calendar" .
Доколку се претплатите на календарот ќе имате некои предности - ќе можете да си подесите да ви стигаат БЕСПЛАТНИ потсетници (reminders) во форма на СМС и со тоа да бидете секаде во тек со случувањата на курсот и да не пропуштите ни една забава.

Ајде да имаме најубав курс до сега!

Правење на презентации

Многу често сум бил на презентации кои биле предолги, досадни, монотони, звучеле како приспивна песна, имале премногу текст или тој бил премал, многу фонтови, многу бои, лоши бои, презентерот бил премногу самоуверен, и мислел дека без разлика како ја води презентацијата, дека тој/таа е главен/а и сите дошле само нив да ги слушаат, да почне да збори и да незнае да застане, а кога ќе застане, разбира се, да не знае да продолжи.....

Навремето и јас не бев цвеќе за мирисање, најчестите грешки кои ги правев беа: премногу текст на слајдовите, досаден говор и погрешен избор на бои (отежнето читање). Едноставно не ме биваше, другарчињата секогаш ми префрлаа и советуваа да сменам нешто. Еден убав светол ден Новица ми посочи две интернет страници: методот за правење презентации 10/20/30 на Гај Кавасаки и Presentation zen.

Денес при правење на презентации најчесто го користам методот 10/20/30 на Гај Кавасаки кој кажува 10 слајда, 20 минути и минимална големина на фонт 30 пиксели. Со оглед на тоа дека повеќето луѓе не можат да се концентрираат на една работа повеќе од 20 минути, овој концепт е идеален.
Доста интересен и ефективен е и методот на Лоренс Лесиг.

Задолжително погледнете ја презентацијата на Identity 2.0 од OSCON2005 на Дик Харт. Презентацијата е направена по методот на Лесиг и е најефективната презентација што досега сум ја видел.

За крај еве ви купче врски:
Presentation zen задолжително посетете
PowerPoint tips: Perfect Presentations
HOWTO:Give a presentation
How to give a good research talk
My Best Presentation Tricks

„Врапчето ми кажа“

Има едно врапче што, сакале вие или не, кажува сѐ. Сѐ гледа што ќе се случи, прераскажува понатаму и нема бегање - сите ќе дознаат :-) Врапчето ќе ве види ако отидете на некој од одличните викенди или дружења од летната рецепција на ИАЕСТЕ - меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети.

Ако сакате врапчето да ви каже и на вас нешто само кликнете на некоја од сликичкиве:


За да сте во тек „Врапчето“ го додадов во долната групна галерија.

Новите БЕСТ маички

Споделете креативност со Creative Commons

Иако не е директно поврзано со БЕСТ, сепак во БЕСТ има многу млади и мудри глави кои во иднина ќе имаат некое свое дело кое ќе треба да го споделат со остатокот од светот.

Во продолжение затоа ви претставувам едно кратко видео (преведено на македонски) кое ќе ви ги претстави Creative Commons лиценците под кои можете да ги лиценцирате вашите дела. Со Creative Commons иако не сте правник ќе можете да им дадете на другите слобода да ги користат вашите текстови, видеа, слики... колку што вие ќе сакате и сето тоа само со неколку клика со глувчето. Па погледнете.



Промоција на македонската верзија на Creative Commons ќе има овој вторник во Холидеј Ин од 18:00, а повеќе за програмата,
гостите и нивните предавања ќе може да прочитате на следните две врски.

Пазете... СНИМА!!!

За да можеш подобро да ја дофатиш атмосверата во канцелраија (канц по нашки), покрај тоа што можеш да дознаеш кои песни се слушаат, можеш и да не видиш и како играме, се журкаме, а богами во последниов период и како работиме :Þ

Да, од пред некој ден ја ставивме и таа функција (благодарение на нашиот „ај и ти“ - Џо) на нашиов блог со која ќе можеш во секој момент да следиш што се случува тука и нормално, ако ти се допаѓа тоа што го гледаш, слободно придужи ни се!!!

Поздрав и следниот пат, те очекувам и тебе да те има на сликичкава доле! ;)

Update: Сликичката се освежува со пијалоци на секои 20 секунди!

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН И СРЕЌЕН ПАТ ЈАСНА

Во живо од канцеларија:

Среќен роденден и среќен пат Јасна од сите членови на нашиот омилен БЕСТ. Ти поскавуваме се најубаво во животот и побрзо да дипломираш. Те очекуваме исполнета со импресии од турнејата што те очекува Ниш-Загреб-Берлин-Аугсбург и сите други места кои ќе ги посетиш.
Чекаме слики без цензура :P

Роденден на СОНЦЕНЦЕ во комбинација со САЕМ журка

What a NIGHT wooow!!!! И повторно одлична журка кај старата ни добро позната барака 5, кај нашата ни мила канцеларија...овој пат по повод роденеденот на МАЦА -сонценце, се собравме горе-долу стара постава, со слично сценарио (факели, шанк а ла open air итн...). Овојпат Џо ни беше диџејот кој придонесе за усвитена атмосфера до максимум, и околу 01 часот по полноќ, сите расположени до облаци, tutto completto се упативме кон местото на настанот број 2, т.е. Метрополис Арена-Саем, каде по повод 15 години електронска музика во Македнија, 15 диџеи полудеа до бесвест, а со нив и 9000 пациенти како нас.
Најдобро од се беше нашето БЕСТовско групно журкање на овој настан , а не имаше во добра бројка, колку што можев да избројам околу 20ина бевме, и беше феноменално, се изнаскокавме,(иако некои се губеа на моменти хехехе - има нешто што не знаеме????!!!!) ја потрошивме цела негативна енергија, и сега имаме само позитивна - ќе биде растур по фирми оваа недела хехе, и то!!! Can't wait to have fun with you guys - again :)))

п.с. ИМА И СЛИКИ!!!! Најверојатно ќе допатуваат во канцеларија уште денес на работните групи :)

Среееееееќен роденден Злате !!!

Вчера, нашиот ни мил и "постар" член Златко, го прослави својот 28ми роденден. БЕСТовци добро се погрижија и собраа симболична сума на пари за да му купиме поклон на Златко. Но, што се случи со парите? Ги испивме :))) Не се шегувам, буквално ги испивме. Наместо поклон, Злате доби голема журка, надвор на трева пред канцеларијата на БЕСТ, со факели, свеќички, украсени ѕидови со сијалички, сангриа, Jungle Juice, Cuba Libre и уште неколку различни пијалоци. Многу пријатно и романтично, со прекрасна музика и разиграни луѓе насекаде. Се играше салса, латино, по малку српско и македонско се разбира. Атмосферата беше скромна, опуштена и за сечиј вкус. Навистина прекрасно! На крај излижавме прсти од вкусната, home made торта од мајка му на Злате. Епа Злат, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.

Update: Сликите од роденденот:




Салса забава


Здраво БЕСТовци, пријатели и слично. Во вторник на 15-ти мај, ние од БЕСТ, заедно со многу други љубители на латино-американските танци (салса и сл.) ќе ја превземеме забавата во наши раце. Во клубот Кастро со почеток од 21~ па до кај “25~“ ќе се одржи и салса забава, ќе има иструктори а богами и инструкторки кои ќе ги анимираат присутните.

Знам дека голем дел од БЕСТовците веќе некој период одат на салса, аргентинско танго и сл., но ова мислам дека е првата таква забава во Скопје, организирана во толку голем локал, па така ова ќе ни биде шанса сите да се собереме заедно. На забавата ќе има коктели по промотивни цени.

Се гледаме во Кастро.

Алтернативен начин на промоција

Деновиве на Local PR листата на БЕСТ, стигна интересен меил од Л'вив. Нивното LBG (локална БЕСТ група) смилило интересен начи на го промовираат локалниот IT фестивал DE:CODED^07 кој што тие го организираат.

Ви го пренесувам целиот меил, со сè граматичките грешки:

Hello everyone! Our lbg successfully organised local event: Ukrainian IT festival "DE:CODED^07". Before event we had done flash mobs near our university with T-shirts of our event. Before flash mob we paste poster at the area of our university. After providing flash mobs students was paying more attention on our posters, because they had seen logo of event on our T-shirts.


Кога првтап го прочитав меилот, појма немав што е flash mob. Одговор добив од Википедиjа.

Еве и видео за да видете како игледало сето тоа.

Евровизија 2007 - полуфинале

Ние, БЕСТ-овци од сите генерации, вчера правевме групњак во гледање полуфинале на Евровизија 2007 во Форца T-Mobile. Еуфоријата порасна кога настапи нашата Каролина,
проследена со навивање и свиркање кога направи провокативни потези со дечкото на сцената, а кулминираше кога дознавме дека Македонија влезе во финале. Па немаше и место за сомнеж, проверено дете пративме да не претстави :D

За да видите како било на лице место, ѕирнете овде: http://picasaweb.google.com/balemak/Evrovizija2007VoForza

P.S. Иле се почуствува како дома (демек e во Т-Mobile), па си прилегна во скутот на "невестата" :P http://picasaweb.google.com/balemak/IleSpie

Маврово (Никифорово), како тоа ВОЛШЕБНО звучи !

Драги пријатели и членови на БЕСТ-Скопје.
Нема да дадам опис за тренингот, ниту квалитетот на тренингот и знаењето кое го стекнаа присутните, тоа го оставам на присутните сами да го презентираат.
Сакам да ги пофалам сите присутни, организатори, слушатели, млади и стари за придонесот во реализацијата на Тренинг-Викендот. Младите членови се одлични слушатели, учествуваат потполно во секоја дискусија и преовладуваат со продуктивни, амбициозни, оригинални и напредни идеи и размислувања. Вие сте идната движечка сила на БЕСТ.

За крај, ќе го пофалам СИМЕ, кој несебично, искрено и домаќински не пречека, не пренесе до Никифорово, не смести, не угости, ни направи Скара (заедно со Иле, Сања, Нено и печурките) и не испрати како што доликува на вистински домаќин.

БРАВО СИМЧЕ!!!

GA (General Assembly) 2007

Генералното Собрание на БЕСТ е најважниот и еден од најголемите настани, кој се случува еднаш годишно, а тука присуствуваат 250 делегати од сите 76 ЛБГа од цела Европа. Исто така ова е најдобра шанса да се научи многу повеќе за тоа како работи БЕСТ на интернационално ниво. Оваа година Собранието се одржуваше во Парис и Клуни, Франција. Нашата 3-члена делегација помина 2 незаборавни недели таму.

Како си поминавме? Покрај тоа што спиевме во шатори, јадевме чудно француско сирење, а доручекот не поминуваше без сладок леб и џем, си поминавме одлично! Запознавме нови БЕСТовци полни со ентузијазам, се дружевме, журкавме, не спиевме :) , се шетавме и видовме скоро се што имаше да се види во Париз и пошироко, си правевме пикник по паркови, пиевме француско "евтино" вино на дрвен мост преполн со музичари. Е тоа беше забавниот дел!

Официјално што се случуваше? Епа многу работи, некои досадни, некои интересни, имаше многу презентации, многу предлози за гласање, многу мноооооогу аплауз :), смешни wake up games, тренинзи, шеринг сесии, смеење, солзи (ама од радосните)...од се по малце. Се изгласа и новиот интернационален борд и 5-те координатори на 6-те комитети кои постојат во БЕСТ. Во глобала си поминавме одлично, научивме милион нови работи за тоа како функционира БЕСТ на интернационално ниво, се измотивиравме и се вративме полни со нови сили за наредните проекти кои ќе ги организираме.

Слики може да погледнете тука

Леб и сол - Скопје

Ние сме БЕСТ Скопје, а Скопје...

...има микро клима, изгор лето, кочан зима,
градски ѕид и голи брда, сино небо, земја тврда.
Матен Вардар брзо тече, тајни носи, време влече.
Скопје прави падни - стани, има девет лути рани.
Скопје има славни маала - Дебар маала није шала.
Скопје јава брзо коњче, а бре момче македонче.

Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде „на здравје“, Скопје!

Градот пости, градот пие, градот демне, градот спие.
Рано утро чкембе чорба, после секој своја борба.
Млади моми љубов водат, душа вадат, очи бодат.
Разни бељи прават деца, сите ќе ги папа меца.

Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде „на здравје“, Скопје!

Јас и ти сме браќа стари, таква љубов чини пари,
ти ме чуваш, ти ме сфаќаш, ти за кусур не ми фаќаш.

Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде „на здравје“, Скопје!

Годишен извештај за 2006

Конечно од печатницата на Bato & Divajn излезе годишниот извештај на БЕСТ Скопје за 2006 година.

Комплетниот извештај може да го погледнете тука [PDF, 3,5 MB].

Со помош на Google Pages, направив страница со текстовите од годишникот коишто мене ми оставија наголем впечаток, и коишто најдобро зборуваат за бест. Еве некои кратки извадоци:

„...Еве една друга споредба! Замислете три автомобилски шрафа. Еден е оставен во фиока како резерва, друг на излог во продавница, а третиот го држи моторот на патувачки автомобил. Кој е најдобриот (БЕСТ)? Јасно е! Тој што е дел од систем, шрафот што секој ден помага и без кој не се може. Тој ќе јпрошета Европа, истиот ќе победи на некоја трка. И на крајот е баш таму, ќе го подмачкаат.“

Владо Апостолов
новинар, блогер и алумни на БЕСТ Скопје

„Бордот на европските студенти по технологија (БЕСТ) се појави пред моите очи во периодот кога ја извршувам функцијата Декан на Машинскиот факултет во Скопје. Многу брзо БЕСТ и неговите активности излегоа од вообичаените рамки на студентско организирање и ги надминаа моите првични очекувања. Особен впечаток оставаат посветеноста на активистите, заедно со евидентната енергија која ја внесуваат во својата работа. “

Проф. д-р Милан Ќосевски
Декан на Машинскиот факултет - Скопје

„Слободна, демократска и креативна студентска мисла која комуницира, црпи енергија од европската димензија на размена на студенти, заеднички курсеви, семинари и други активности, организирани од организацијата БЕСТ, е богатство и заложба за афирмација на нашиот Факултет. Давајќи и лично, како Декан, силна подршка и охрабрување на активностите на БЕСТ при нашиот Факултет, со задоволство ја испраќам мојата порака дека се гордеам со нашите студенти и нивните резултати. Како никогаш досега, нашите студенти се неопходни за нашата земја како пртприемчиви професионалци, кои можат да креираат нова работа и отвараат нови можности во новата технолошка и економска околина. “

Проф. д-р Вангел Фуштиќ
Декан на Факултет за електротехника и информациски
технологии

"Се СКАРАвме на Матка" :-)

Една средно-голема група од членови на БЕСТ и нивни пријателчиња во неделата, 22.04.07 бевме да ги посетиме убавините на кањонот Матка. Арно ама целиот ден за нас не беше така едноставен.
Прво се загреавме со Радишанска ракија и мешана салата (здрав живот). После сите со кајче со пента и без платно поминавме од другата страна на езерцето да се качуваме на врвот на планината, додека пак нашите скара-мајстори останаа да ни приготват (поздрав за нив). Иако беше стрмно и топло, сите се искачивме барем до манастирот, а многу од нас и до врвот. Е кога се вративме не чекаше топла скара. Се најадовме, се напивме и кој како знаеше си фати место да си подлегне или да се забавува со некоја игра.
Кога остана уште малку од денот, се натоваривме пак на кајче и заминавме да ги видиме убавините на кањонот. Сите воодушевени се вративме, поседовме уште малку и после заедно со останатите си дојдовме дома.
Поминавме СУПЕР. Жал ми е за тие што не можеа да дојдат, бидејќи се на пат. Криво да им биде на тие што можеа да дојдат, а не дојдоа. Се надевам дека следниот пат ке дојдете сите.
Ќе одиме пак. Сакате нели?

Подоле имате и галерија. Една слика, 1000 зборови!

Елфаско журка


На 25-ти Април во холот на ЕТФ, во организација на Елфаско, ке се одржи:
- сврика на бендот Баклава
- поетско читање со специјално изненадување :)
- изложба на алкохолизирани фотографии
- свирка на бендот План Б
- свирка на бендот Гроспарв
- свирка на бендот Etaoin Shrdlu
- afterparty

БУЈРУМ!

Денеска бевме на Водно

После 4 години живеење во Скопје, утрово станавме порано со Мите и конечно се качивме на Водно, дури до крстот. Бевме со група бестовци + пријатели, печеше сонце, фативме боја, ги прочистивме белите дробови и еве се уште се опоравуваме од пешачењето и вдишаниот чист воздух.
Направив убави слики кои може да ги видите тука.

П.С. И конечно доживеавте да ги видите сликите од 1 април тука :P

Галерии на бестовци

Повеќето бестовци имаат свои галерии со слики и релативно често ги подновуваат, но не е едноставно да се пратат сите тие галерии кои никнуваат секојдневно. За да се подобри состојбата во долниот дел на блогов додадов нов оддел во кој се поставени разни галерии со слики на бестовци. Кога некој бестовец ќе стави нова галерија таа автоматски ќе се покаже таму.

Ова го постигнав играјќи си со Yahoo Pipes во кој ги ставив RSS фидовите на сите бестовци кои имаат отворено галерии на Picasaweb и малку го филував излезот за да биде според потребите. Користев и Google Gadgets за самиот приказ.

Епа пријатно разгледување на галериите за кои не сте ни знаеле дека постојат :-)

Роденденот на EESTEC

И тоа бидна... Групација од БЕСТовци од сите генерации, и активни, и бебиња и алумни, на чело со Весе - Џверчето, му бевме на малото детенце ЕЕСТЕК на 4-тиот му роденден, вчера во клубот Папаја. И како што е редот му однесовме поклонче и му ја испеавме "Happy birthday to you...", ама тоа како да не беше доволно, па им "рипнавме" со "Hey, hey baby, hu, ha, I want to know...". Атмосферата се загреваше, и ооооп... БЕСТовците на подиум, рачињата нагоре, и мешај, мешај... и опааааа... дојде до зближување на истакнати претставници на новите и старите генерации на БЕСТ!!! Кој? Е сега... тоа не се кажува ;)

Браво за ЕЕСТЕК за одличната музика и атмосфера, ќе им одиме пак!

P.S. За лаиците: EESTEC = Electrical Engineering STudents European assoCiation

Во живо од канцеларија!

Вечерва после состанок се кладовме во канцеларија да ги испиеме поздравите од Франција и Србија и ви ја пренесуваме атмосферата во живо. Тоа поздравот од Србија е многу грозен @#%&*#@69^(&$%!... верувајте, го пробав и самата, ако има лимон. Ај сега мајка ми ми направи макарони, па морам да си одам под најитно, одма и сместа!!!

Ин лајв: Џо и Ана се лапет! На Бапчо му се здрви...шшшшшттттт... Мене (Елена) ми вибрира, а Ивана го осеќа.

И една препорака за филм од Ивана: „45 -ка“ со Мила Јовович (особено за машкиот пол).

Дисклејмер: Се што беше напишано погоре е чиста заебанција и на никој начин не сакам да и наштетам на уредувачката политика на блогот и неговата неутрална позиција, единствено што сакам е да внесам малку живост, свежина и повеќе посети.

Job Fair 2007 на страната на ФЕИТ

На страната на Факултетот за електротехника и информациски технологии се појави вест за нашиот JobFair. Целате вест заедно со неколку слики може да ја погледнете тука.

Еве неколку извадоци од текстот:

Job Fair е саем како и секој друг. Единствено се разликува по производите со коишто се „тргува“. Овде компаниите нудат работни места, а студентите се тие што купуваат. Може да се гледа и обратно на работите – студентите се нудат за работа, а компаниите ги одбираат најдобрите и најквалитетните.
и:
Целта на овој саем е да ги поттикне студентите активно да бараат работа, наместо да чекаат вработување.

Нови алумни - честито!!!

Сакам да ве информирам дека од денес, БЕСТ - Скопје се здоби со уште два нови алумни члена: Алек и Суад. Двајцата имаат изминато години и години во БЕСТ :Þ Епа дечки, нека ви е на арно, да продолжите и понатаму да се грижите и да му помагате на БЕСТ - Скопје, како и убо да си ги терате останатите работи во животот.

Епа ајде, аирлија нека е!

Google Calendar известувања по СМС

Некои членови на БЕСТ го користат Google Calendar за да си го организираат времето. Исто така БЕСТ Скопје има свој јавен календар на кој може да се претплатите и полесно да ги следите активностите на БЕСТ.

ОК, ова горе-доле го знаете сите, но што е ново? Google Calendar нуди опција со која може да добиете известување за некој настан по СМС. Така на пример доколку почнува работна група на БЕСТ во 19:00, вие (ако ви е поставено така) ќе добиете СМС во 18:00 дека за еден час има работна група и ќе дојдете на истата. Вакви известувања ќе добивате за сите настани, дали за БЕСТ или ваши лични.

Во листата на земји во кои можете да добивате таков СМС како известување од неодамна се појави и Македонија, па така ништо не ве спречува да го пробате сервисот.

Само пазете, откога ќе го активирате нема да може повеќе да не доаѓате на работни групи и да се вадите на "еј, заборавив" зато што Google ќе ве потсети ;-)

Трк на http://calendar.google.com

Nursing во Ниш

Минатата недела 4-ца БЕСТовци, заедно со претседателот на Интернационално БЕСТ беа во Ниш. Целта беше да се прошетаме и да се запознаеме со луѓето од Ниш, на кои треба да им бидеме nurse (што значи дека треба да ги негуваме се додека не станат полноправна локална БЕСТ група) :) Како си поминавме? Прекрасно! Веднаш по пристигнувањето имавме мал тренинг за тоа што е БЕСТ, и општ приказ како изгледа и функционира БЕСТ. Потоа Нишлии не однесоа на пиво и журка во еден паб и си поминавме одлично. Следниот ден се шетавме на тврдината, пиевме кафе на прекрасното сонце и си ги пружавме нозете на зелената трева. Може да погледнете слики тука и наскоро повторно во Ниш, нели?

Рооо-ден, ро-ден-ден

Ивана, честито!

Ивана
Малку задоцнето но не со помалку љубов, чест ни е да објавиме дека нашата "стаааараа" бестовка Ивана Јакимовска дипломираше на Филолошки факултет.

Воедно се здоби со почесен статус „алумни“, па ја чекаме да организира БЕСТ журка :)

Во секој случај, Ивана - ќе ни недостигаш!

Пропаганда 2

Пропаганда 1

Конечно..!

Неверојатно, но вистиното!
Конечно дојде крајот и на овoj исцрпувачки поход, популарно наречен „јануарско-февруарска сесија“! Ви се верува? Да, да, дефинитвно заврши, и тоа на сите факултети, па дури и на ЕТФ (ФЕИТ де, добро!).

За да се прослави еден настан од таква величина, и за да се соберат сили за следниот семестар и следниот настан на БЕСТ (IPF 2007), мала група БЕСТовци во саботата одлучи да се релаксира, и тоа со добропроверениот рецепт наречен „домашна забава“.
За повеќе информации, ќе ги прашате преживеаните.. упс, гостите, а еве неколку слики за во меѓувреме да ја задоволите својата љубопитност.

Инаку, резултатите од саботната вечер се: неколку epten модерни чаши (сте виделе чаша за вино без ногарка?), средна накај голема флека од сангрија на тепих, пронајдени 1 машки каиш, 1 златна алка и 1 очила (со многу слаб диоптер), многу полни пепелници (туу, што пушачи ќе бевте!), 7 ќеси полни со ѓубре и неколку „црни дупки“ во меморијата на одредени личности :)

Наравоучение: на домашни БЕСТ забави, не доаѓајте со каишеви или очила и секогаш служете го пијалакот во пластични чаши :DDDD

Ехехееее слики од постари настани на БЕСТ...

Пред едно месец дена пишав дека ставив мноооогу слики од постари настани на БЕСТ, на http://picasaweb.google.com/ababamov. Беше ветено дека скоро ќе има уште, па конечно ставив ууууште повеќе слики. Сега (скоро) сè што имам од слики од БЕСТ на компјутерот, може да најдете на горнио линк. Има вкупно 24 албуми, а скоро 2000 слики. Што би рекол Трендо, "ајде на сркање" :D...

Ѕверчето^WЅвериштето на сцена

Малку да се насмеете во овие тешки денови на испити и пиење на пиво во канцеларија после испити :-) Сите сличности со нашето ѕверче^Wѕвериште се ненамерни и случајни.

БЕСТ Тоурс

from ask me
to skopje@best.eu.org
date Feb 3, 2007 6:30 PM
subject cao

me interesira eden bilet za thailand kolku koshta?
Синоќа добивме ваков меил. Не е првпат некој да помисли дека БЕСТ е туристичка агенција.

Оние коишто сакаат да патуваат можат да го сторат тоа преку бесплатните академски курсеви. Доколку ве примат, превозот ќе мора сами да си го организирате. Се разбира ние ќе ви помогнеме колку можеме.

Исповед на еден алумни

Станав член на БЕСТ откако бев на летен курс во Љубљана, Словенија, во 2004 година. Таму видов дека БЕСТ е многу кул организација, каде работата и забавата се совршено измешани. Веднаш се вклучив во работата преку маркетинг тимот, каде својата креативност ја преточив во безброј промотивни материјали. Почна да станува поинтересно кога започнав да патувам на настани наменети само за членови, на кои запознав еден куп забавни луѓе, а некои од нив ми останаа и сегашни пријатели.

Локално, активно учествував со се поодговорни улоги во организацијата на сите настани додека бев член: 2 академски курса 2004/2005, 2 Job Fair-a 2005/2006, Jamboree 2005, многу презентации... Постепено стекнав многу искуство за презентирање, чуство за организација и тимска работа. Вештини кои немаше шанси да ги добијам ако останев обичен студент.

Во меѓувреме, многу се зближив со моите другари од БЕСТ Скопје и поголемиот дел од слободното време го минував со нив на планинарење на Водно и Пелистер, скара во Катланово, викенди во Охрид, излети на Матка, Нова Година во Белград, на театар, опера, балет, концерти, безброј родендени... Откако ја стекнав довербата меѓу останатите членови, бев избран за Одговорен за информатичка технологија и член на V-тиот борд на БЕСТ Скопје, на која позиција останав се до моето дипломирање на 1. декември 2006, кога и заврши мојата “кариера” како активен бестовец. Веднаш по дипломирањето се вработив во Макпетрол А.Д. на позиција апликативен програмер.

А искуството? Искуството во БЕСТ е непроценливо и незаборавно!

Сите на лизгалиште!!!

Како што кажува насловот... во сабота, 3.02. од 22:00 сите БЕСТовци и пријатели на БЕСТ ќе се журкаат на лизгалиште. Журката ќе трае 3 саати и ќе има ДиЏеј... добра фанки музика и нормално, многу малди активни луѓе кои ке уживаат (или не :Þ) во мразот.

Исто, секој кој ќе испрати e-mail со име и презиме на BEST.Zurka@gmail.com до петок, 23:00 ќе биде ставен на БЕСТ списокот за гости... и нормално нема да плати за влез, туку само за изнајмување на лизгалки - 100ден за 3 саати (нормално е за 2 ;) )

Епа останаете ми поздравени и се гледаме во сабота на лизгалиште!

БЕСТовци во новиот паб p.p.Murphys

Во саботата, после одличната претстава "Демонот од Дебар маало", БЕСТовци беа во посета на новоотворениот паб p.p.Murphys. Онака, баш фино среденко, со големи сепариња (ко за БЕСТовци ко ќе си се соберат :) ). Ние, стандардно си нарачавме пилешки прсти неколку порции, освен едно девојче што го уништи филмот со прстите, па нарача ладен сендвич. Се изнајадовме, изнапивме пивце, и се изнаслушавме добра музика (во живо). А меракот ни се направи кога ни ја запеаа "Simply the BEST"-од Тина Тарнер, па си се гушнавме и сите гласно запеавме. Е вака изгледа една обична БЕСТовска вечер :)

На Водно - прекрасно

Бевме денес на Водно. Сонце насекаде. Ветер само малку на врвот. Таму пиевме чајче со румче, а на Средно Водно греана ракија, но најбитно е дека ги видовме првите „пролетни“ цветчиња близу врвот. Сѐ е документирано - само погледнете.

Експедиција во гратчето Пробиштип

Неколку храбри членови на БЕСТ-Скопје, во четвртокот беа во експедиција на гратчето Пробиштип. Не само што го посетивме "хотелот" каде ќе бидат сместени делегатите за IPF 2007 (Internacional Project Forum) , туку и си поминавме ептен забавно :) . Бидејќи веке имаме официјален извештај (од Маја) од тоа како поминавме, и што точно се случуваше, само ќе ви препорачам: http://picasaweb.google.com/sofija.cali/Probishtip_25012007

Македонско-хрватско-словенечки есперанто

За сладокусците (како Иле) на ex-Yu-есперанто... Го објавуваме интегрално (во целост) фамознио мејл на нашиот ни "El-Presidentino" до ЛБГ Загреб!

Уживајте...

****************************************

Bok LBG Zagreb!

Jas sam Vasil iz LBG Skopje i hocem da prolazem jedan dan u vasij Zagrebu, pa prosim za mala pomos :)

Od 20 do 27 sam na finTeam SM u Viena, a pred toa hocem na 19 Augusta da ostanem u Zagrebu ceo den...od ujutru (kad dodze moj bus) do uvece (posledan vlak ili bus koj krene za Viena) pa hocem da vas pitam/zamolim da me druzete to vremena...prosetati gradu, negde na pice (sabota uvece...pobolje vremena i nema;) ) , sa jedan zbor da zavolim Zagreb u samo jedan den....predizvik?

Sad i nesto u meni...clen BEST sam nesto pomalo od godina dana...ali to su bili i sad se moi najdobri vremena...ma to svi zante :P Hocem da putujem (clen sam hospitalityclub.org ), druzem, densam, ali moram priznati da ni sam bas mnogu iskusan u pijenje :-? ali trudim se to da nekako pokriem :P Moze da uradime nesto u tome, a?
Spored to sta sam u fT do negde kazuje i da se puno zainteresiram za biznis i finansije...pa moze i neke zdelke napravite tamu XD

Pozdrav do svi tamu u nadam se da upoznam puno clenova!
Vase
//koj vec ceka vas odgovor ;)

****************************************************************

The End :)

Слики од постари настани на БЕСТ Скопје

Со можностите кои ги нуди Picasa и Google :D, ставив неколку албуми со постари слики, од пред година-две, од разни настани и журки на БЕСТ Скопје. Албумите ќе ги најдете на http://picasaweb.google.com/ababamov. Имам уште доооооста за ставање :), на времето се убивавме од сликање, посебно Ана фотографираше „све и свашта“, а најмногу себе ;) (додека не ми умре апаратот :(, за жал). Па, да знаете дека следат уште многу други слики. Ќе бидат upload-ирани со време, па проверувајте го горниот линк од време на време, за нови други сликички...

Job Fair 2007

Job Fair е саем за вработување и кариера којшто го организираме по трет пат. Саемот ќе се одржи на 21-22 март во холот на Машински факултет и Факултетот за електротехника и информациои технологии (поранешен Електротехнички).

Причината за организирање на овој настан е недоволната поврзаност на студентите со компаните, и на компаниите со универзитетите. Сакаме да им покажеме на студентите дека не треба да се однесуваат пасивно во барањето квалитетно работно место исто како што компаниите не треба да се однесуваат пасивно во однос на факултетските образовни програми. Овие три субјекти се во заедничка спрега и треба да си помагаат еден на друг.

И оваа година Космофон ќе бидат ексклузивен парнер на саемот. Соработка остаривме со Стопанската комора на РМ и со Business start-up центарот на УКИМ. Сите заинтересирани компании се добредојдени да учествуваат.

Проектот за саемот може да го најдете тука.

Стара „Српска“ Нова Година

Ова е првиот Пост за Стара Нова Година во Нови Сад посетена од Горан (јас) и Иле (тој.) Многу беше шизички како КОСМОФОН и т-мобиле (ај да не се лути Иле Т-МОБИЛЕ МК) се сложуваат. Значи во кратки црти стигнавме во Нови Сад први (нормално сигурно нема Унгарците први да стигнат :-P ) Се шетавме цел ден по градот, Иле беше на некоја зеленчук-овошна диета (ама буквално) со исклучок на 5 печурки што ги плесна во една македонска кафана (буквално само македоснки староградски песни пуштаа.) Да не должам... се прошетавме низ градот, низ Петро-Вара-Динска тврдина со типот што ги открил сите тунели. Практично типот беше Зомби без лева рака , со куца десна нога и тн. но генијалец, ги познаваше тунелите како самиот себе, беше - ЕКСТРА - ПРЕТЕРАНО :). Значи прошетавме-видовме-се изжуркавме. За тоа како сме се покажале можете да прочитате на маилот од Нови Сад, но во секој случај две први места земавме (нормално случајно ;-P .)

НОВИ САД не пречекаа фантастично почнувајќи од БЕСТ-Нови САД, па и цел град, ама стварно многу луѓе запознавме и беше ЕКСТРА, што би рекле во Нови Сад „ПРЕТЕРАНО.“ --> Иле претерано беше а :)...

Ова е дел од текстот напишан на групата на БЕСТ - Нови Сад од нивниот IT - VOODOO:

Shmeksi #1 - Goran MK koji je pobrao najvise glasova. Nema devojke koja ga nije upoznala i nema devojke koju on nije upoznao! Goranove odlike su bile da je bio relativno kratak (za razliku od drugoplasiranog) ali je bio relativno uspesan! Takodje Gogi je nastavio sa sarmiranjem devojaka ispred pekare Zeki i po svom skromnom misljenju upoznao je "pola grada". To je potvrdio i Ile koji je bio uz njega tako da cemo im verovati na rec!
И еве го второто прво место:
Najveci alkoholicar jucerasnje zurke zvanicno nije izabran, mada je Ile MK bio ozbiljan konkurent za prvo mesto! Pokazalo se da se otrov ipak pakuje u male bocice! Kako je nas predstavnik i pre'sednik Janko misteriozno izgubio svoj dobar glas te je do kraja veceri sa ljudima komunicirao tako sto je ispisivao poruke na displej svog mobilnog telefona, sumnjamo da je po sredi diverzija koja je za posledicu imala onemogucavanje oblokovanja naseg pre'sednika Janka. Ipak, iz postovanja prema gostima, pocasno zvanje najvrednijeg gosta iz oblasti alkoholnih pica poneo je Ile MK koji je sutradan primecen sa flasom kisele vode koju je po svemu sudeci koristio kako bi ublazio posledice jucerasnje pijanke. Bravo ILE!

Како што кажав ова е прв дел од Стара Нова Година. За да видите слики одете на:

http://picasaweb.google.com/ilija.efnusev/NoviSadSNG

Поздрав,
Горан

Слики од роденденот на Васе + стара Нова година

Некоја сликичка и едно видео од Софи снимени на роденденот на Васе.

Наградна игра - II дел

Здраво пак :)

На барање на публиката, еве го вториот дел од серијалот наречен „Погоди го авторот“ :)
Ова е претпоследниот дел, а за околу 1 недела ќе го имате текстот во целост :-D

Дел 2

„Od 20 do 27 sam na finTeam SM u Viena, a pred toa hocem na 19 Augusta da ostanem u Zagrebu ceo den...od ujutru (kad dodze moj bus) do uvece (posledan vlak ili bus koj krene za Viena) pa hocem da vas pitam/zamolim da me druzete to vremena...prosetati gradu, negde na pice (sabota uvece...pobolje vremena i nema;) ) , sa jedan zbor da zavolim Zagreb u samo jedan den....predizvik?

To be concluded soon...
:D:D:D:D:D:D:D:D:D

Нема "чeтврт пица, кило"

Бевме на роденден на Васе. Васе бе, како кој, па оној што е роден на Василица :) Фино си поминавме. Покрај бестовците имаше и други гости, претежно другарчиња на Васе од факултет, КСИА-ши. Според некои, КСИА-шите се многу чудни луѓе, многу уиграни, па дури и на бугарски турбо фолк. Ние си ги испочитувавме нашите народни песни, имаше многу: "Море што си бевме, големото друштво", "Лажи Вере", "Земјо македонска", "Ако умрам ил загинам", "Бисер балкански".... Од време на време слушавме и нешто тупса, тупса ама во глобала си пеевме. Беше баеги весело.

Туку што ми беше зборот... Еден од Бестовските ритуали е по журките да се повозиме до Радишани (да, да, добро прочитавте, до Радишани, усвет, на крајот на светот :)) и во пекарите во трговскиот да си купиме нешто за јадење. Има 2-3 пекари и во едната има четврт пица (пица на парче) со димензии 30x30 cm за некои 30тина денари. За овие нашиот ex-presidente викаше "Абе не знаете што има у Радишани, четврт пица кило!". Е, да, има(ше) секогаш си одевме прејадени дома. Вечерва сакавме да ја продолжиме истата традиција и отидовме во Радишани... и видовме запрепастувачка глетка, ни една од пекарите не работи. Бапчо, ностител на многу медаљи од БЕСТ и дечко на кого Радишани му е домашен терен, проба да оди на задна врата, демек дуќанот е затворен, ама позади пекарата работи. А гледаме низ прозорците, црна темница внатре, нема жива душа. Немаше ни "четврт пица, кило". Си отидовме гладни и со една дилема беше 03:15, а пекарите не го печеа лебот, како ли ќе стигнат да извадат леб на тезга во 05:00 часот.

Малце занимација

Хмм...
Како што се ближи сесијава, се потивки и потивки сте ми! Па еве да ве разбудам, мала наградна игра! Се вика: „Најди ја грешката во мејлот!“ или „Што сака да каже писателот!?“

За да биде поинтересно, наградната игра ќе трае подолго, т.е. фамозниот мејл ќе биде објавуван на делови! Дополнително, играта ќе ја прошириме и со специјалниот бонус: „Погоди го авторот!“. Тројцата најдобри играчи ќе добијат пригодни награди и честитки! Вашите типувања праќајте ги како коментари :)

Па да започнеме!

ДЕЛ 1

Bok LBG Zagreb!

Jas sam ********* iz LBG Skopje i hocem da prolazem jedan dan u vasij Zagrebu, pa prosim za mala pomos :)

Толку за денес :) Како мала помош, еве ви едно линкче :)

To be continued soon...
:D:D:D:D:D:D:D:D:D

Бадник во Куманово

Ланската бадникова вечер, неколку БЕСТовци неиспланирано се најдоа во Куманово и супер си поминаа... па се запрашавме - „A зошто не и оваа?!?!“. И така, после традиционалната семејана вечера, вчерашната бадникова ноќ ја продолживме во Куманово.

На мое големо изненадување, Куманово беше екстремно живо, организиран собир во центарот на градот, голем оган, греана ракија, гостување на познати естрадни ѕвезди и куп места за журкање низ градот.
И како што е редот, почнавме од центарот за култура во центарот на Куманово. Тамо се најдовме со уште две БЕСТовки, па откако се собравме сите од „куде ѕидчета“ продолживме кон поново отворениот кафиќ „Т&Т“ каде што настапуваа Дуле и Коки. Од таму, продолживме отспротива во „Студио“ каде што беше некој DJ и добра „тупси-глупси“ музика. Следејки ја Кумановската шема, продолживме кон „Тунел“ ... но пред него багра народ чекаат да станат дел од шемата :Þ Несакајки да го поминеме скапоценото време во чекање одма се упативме кон уште едено шема место „Линка“ и повторно добра техно музика. Во спат имавме и тура низ новиот плоштад на Куманово, некогашното „куде тумбу и три бандере“ и „Батко Ѓоргија“. Сепак... за да не испуштиме се, свративме во „Тунел“ и успеавме да доловиме дел од атмосферата.

За крај, отидовме на јадење во „Жито Мел“, каде имаше многу вкусни чоколадни крофни. Земавме малку здив, се поодморивме и патот под нозе, назад во мирното Скопје.

Верувам дека оваа бадникова вечер во Куманово ќе прерасне во традиција бидејки за оваа ноќ Кумановчани имаат многу што да понудат... епа ајде, следниот пат се гледаме во Куманово ;)

Слики од оган

И пак слики. Слики од огнот „у маало“. Сликано на крај, кога се снабдивме со дигиталка и кога бројот на БЕСТ -овци беше знатно намален.

Слики од ресторан Орхидеја

Како што знаете на предновогодишната забава во ресторан Орхидеја меѓу другите беа и EESTEC, така на нивната страна се појавија слики од настанот, па кликнете на сликичката доле да ги разгледате:

International Project Forum 2007

БЕСТ-Скопје постојано докажува дека е организација која е подготвена на нови и се поголеми предизвици. Овојпат пред нас стои огромната привилегија и обврска да го организираме International Project Forum 2007, еден од најважните внатрешни БЕСТ настани на интернационално ниво.

International Project Forum е настан кој се одржува еднаш годишно и на кој учествуваат најважните интернационално активни членови на БЕСТ со цел да работат на тековните интернационални проекти во организацијата. Овој настан е единствен од ваков вид и претставува совршена можност да се добијат повратни информации и да се финализираат проектите на кои се работело во текот на целата година, како и да се отпочне со реализација на нови проекти.

International Project Forum 2007 ќе се одржи во Пробиштип во периодот од 20 до 25 февруари 2007 год. За првпат во историјата на БЕСТ-Скопје, ќе ја имаме честа да бидеме домаќини на:

  • членовите на Интернационалниот Борд на БЕСТ,
  • координаторите на Интернационалните комитети на БЕСТ, како и
  • лидерите на интернационалните проекти и работни групи во БЕСТ.
Воедно тоа ќе биде можност уште повеќе да го издигнеме имиџот и репутацијата на БЕСТ-Скопје на интернационално ниво, имиџ и репутација кои сите заедно ги градевме во изминативе 4 години.

Оттука произлегува важноста на овој настан за нас, кој дефинитивно ќе не етаблира во редот на најсилните и најактивните Локални БЕСТ Групи на интернационално ниво. А тоа и ни е целта на сите нас, нели?

Епа тогаш ајде сите заедно да го демонстрираме уште еднаш најдоброто од нас, да го прикажеме пред Интернационално БЕСТ неизмерниот потенцијал кој го имаме како организација и беспрекорниот БЕСТ дух што е дел од се она што го работиме! Јас сум дефинитивно сигурна дека ќе успееме во тоа! Нели сме "simply the BEST" :-)

БЕСТовска Нова во Малешевијата

БЕСТовци оваа Нова Година ја дочекаа во градчето Берово... на чист и пријатен воздух :)

Таму бевме сместени во куќата на Томи, која успеа да собере дури дваесетина БЕСТовци и љубители на БЕСТ и во која ја дочекавме новата 2007 година.

Вкупно бевме 4 дена во Берово (некои и 5) и колку толку успеавме и да ја научиме и Беровската шема почнувајки од вечера кај „Мрс“, па на кафе (читај пиво) во „Фешн“, па на пиво во „Ла Мираж“ и за крај сите во дискачот „Калипсо“ до раните часови. Преку ден тука беше „Ловното“ каде одевме на чај и кафе, па прошетка до убавото Беровско Езеро со густата шума како и многуте манастари и циркви во тој регион.

Сума сумарум, имавме прекрасна и опуштена атмосфера за новогодишните прослави, а сега помалку одмараме за да бидеме полни со елан за следнава БЕСТ година што ни претстои... со полно настани и проекти!

За повеќе слики, кликни тука.

Поздрав!