БЕСТовска Нова во Малешевијата
БЕСТовци оваа Нова Година ја дочекаа во градчето Берово... на чист и пријатен воздух :)
Таму бевме сместени во куќата на Томи, која успеа да собере дури дваесетина БЕСТовци и љубители на БЕСТ и во која ја дочекавме новата 2007 година.
Вкупно бевме 4 дена во Берово (некои и 5) и колку толку успеавме и да ја научиме и Беровската шема почнувајки од вечера кај „Мрс“, па на кафе (читај пиво) во „Фешн“, па на пиво во „Ла Мираж“ и за крај сите во дискачот „Калипсо“ до раните часови. Преку ден тука беше „Ловното“ каде одевме на чај и кафе, па прошетка до убавото Беровско Езеро со густата шума како и многуте манастари и циркви во тој регион.
Сума сумарум, имавме прекрасна и опуштена атмосфера за новогодишните прослави, а сега помалку одмараме за да бидеме полни со елан за следнава БЕСТ година што ни претстои... со полно настани и проекти!
За повеќе слики, кликни тука.
Поздрав!
4 comments:
Ех сега, сме пиеле пиво во Фешн или во Калипсо...
Имаше пиење и вино (и тоа поприлично), како и коктели, текила, сешени вотки итн...
За жал, некои пиеjа и пиво :-DDD
Абе, најмногу имаше греана ракија и варено вино, ама тоа во кујничката доле кај што беше најтопло и каде нон стоп се „дрвеше“.
Гледам има нови слики во галеријата - како на пример оваа.
Каде се сликите од Кики. Последно што знам дека се кај Мите на лаптопо, ајде Мите запали тоа интернето у Струм’ца, искаме да ги опулиме тоа сликите ;-) (ептен мешан беровско-струмички акцент :-D)
Post a Comment