Google Calendar известувања по СМС

Некои членови на БЕСТ го користат Google Calendar за да си го организираат времето. Исто така БЕСТ Скопје има свој јавен календар на кој може да се претплатите и полесно да ги следите активностите на БЕСТ.

ОК, ова горе-доле го знаете сите, но што е ново? Google Calendar нуди опција со која може да добиете известување за некој настан по СМС. Така на пример доколку почнува работна група на БЕСТ во 19:00, вие (ако ви е поставено така) ќе добиете СМС во 18:00 дека за еден час има работна група и ќе дојдете на истата. Вакви известувања ќе добивате за сите настани, дали за БЕСТ или ваши лични.

Во листата на земји во кои можете да добивате таков СМС како известување од неодамна се појави и Македонија, па така ништо не ве спречува да го пробате сервисот.

Само пазете, откога ќе го активирате нема да може повеќе да не доаѓате на работни групи и да се вадите на "еј, заборавив" зато што Google ќе ве потсети ;-)

Трк на http://calendar.google.com

2 comments:

Milan said...

Дефинитивно ОДЛИЧНА информација !! Злат браво за тебе што будно ги следиш hi-tech новостите во сајбер околината, ќе се залагам да те прогласиме за hi-tech responsible во БЕСТ :),шала на страна! Супер и ура за гугл-закон!

zoltriks said...

Сепак известувањата биле само за основниот, личен календар. Од една страна тоа е и добро поради несаканиот спам кој би можел да ви стига во вашето СМС влезно сандаче.