Инспирирана од Генералното собрание на БЕСТ 2010, Варшава

ГА... Го видов тоа што го очекував, ама не ги очекував овие пријатни чувства што преовладуваат во мене... =)

Патувавме цели 48 часа, со едвај спиење зошто куферите мораше да ги чува некој. Фред не посоветува да се движиме лево-десно за да не заспиеме, ама мускулите на нозете ни беа толку вкочанети што едвај можевме да отидеме до информационата табла за да прашаме кога е нашиот автобус/воз. Затоа зборевме. Ги споделувавме нашите импресии од последното патување. И Васе ќе праша: која е енергијата што ве тера да поминувате толкав пат, да поминувате толку време, да не спиете, да трошите пари за оскудни сендвичи и салати...? Седејќи во “plenary“ ги испуштав одредени презентации зошто размислував и се чудев на енергијата што не соединила толку многу луѓе со иста цел. Дури пријатно несфатливо е како овој наш БЕСТ се одржува толку време. БЕСТ расте енормно брзо. Свесни сте за тоа? И јас би им се придружила на солзите на новите ЛБГ бебиња кои се радуваа на новиот статус.

250 луѓе ја пееја: Summer of 69... Those were the BEST days of my life!!! Зарем нема да Ве наежи звукот на ударите на маса додека чекаме за новата презентација? Зарем нема да ви разнежни глетката дека 250 луѓе застанати во средина на сала играат на Simply the BEST како мали деца на свеченото затворање на ГА? Јас се разнежнив, верувајте. =)

И ние имаме live streaming за да можете сите да следите како се грижиме за една наше животно богатство, и ние имаме finger rules, и ние имаме перформанс за Tunak-tunk што и газдите на хотелите го играат, и ние имаме интернационална вечер со преку 30 маси, и ние имаме “дебилни“ wake up games кои сите ги играме, и ние имаме цела една огромна група на млади луѓе што исто како и ти одбрале да се дел од БЕСТ... И ете го Васе: зошто баш БЕСТ и зошто баш јас???

Баш заради ова прекрасно попладне кога наместо да учам, барам време да се видам со вас за да ви кажам како било, за да ви кажам коку вреди сето потрошено време, за да ви кажам дека луѓето и моментите споделени во БЕСТ, можеби и никогаш нема да можеме да ги заборавиме. Не сум БЕСТ-холик како што има низ Европава =), ама знам да го ценам она што не качува на погорните скалила во животот ;)

Поздрав до сите.
Симона