БЕСТовци во новиот паб p.p.Murphys
Во саботата, после одличната претстава "Демонот од Дебар маало", БЕСТовци беа во посета на новоотворениот паб p.p.Murphys. Онака, баш фино среденко, со големи сепариња (ко за БЕСТовци ко ќе си се соберат :) ). Ние, стандардно си нарачавме пилешки прсти неколку порции, освен едно девојче што го уништи филмот со прстите, па нарача ладен сендвич. Се изнајадовме, изнапивме пивце, и се изнаслушавме добра музика (во живо). А меракот ни се направи кога ни ја запеаа "Simply the BEST"-од Тина Тарнер, па си се гушнавме и сите гласно запеавме. Е вака изгледа една обична БЕСТовска вечер :)
2 comments:
супер, ама требаше да ни кажете која е локацијата на местово, како не би лутале ние другите, нели? кој ќе ја поправи грешкава :) ?
Местово се наоѓа спроти Рамстор, во зградата на Орифлејм, од задната страна :)
Post a Comment