Годишен извештај за 2006
Конечно од печатницата на Bato & Divajn излезе годишниот извештај на БЕСТ Скопје за 2006 година.
Комплетниот извештај може да го погледнете тука [PDF, 3,5 MB].
Со помош на Google Pages, направив страница со текстовите од годишникот коишто мене ми оставија наголем впечаток, и коишто најдобро зборуваат за бест. Еве некои кратки извадоци:
„...Еве една друга споредба! Замислете три автомобилски шрафа. Еден е оставен во фиока како резерва, друг на излог во продавница, а третиот го држи моторот на патувачки автомобил. Кој е најдобриот (БЕСТ)? Јасно е! Тој што е дел од систем, шрафот што секој ден помага и без кој не се може. Тој ќе јпрошета Европа, истиот ќе победи на некоја трка. И на крајот е баш таму, ќе го подмачкаат.“
Владо Апостолов
новинар, блогер и алумни на БЕСТ Скопје
„Бордот на европските студенти по технологија (БЕСТ) се појави пред моите очи во периодот кога ја извршувам функцијата Декан на Машинскиот факултет во Скопје. Многу брзо БЕСТ и неговите активности излегоа од вообичаените рамки на студентско организирање и ги надминаа моите првични очекувања. Особен впечаток оставаат посветеноста на активистите, заедно со евидентната енергија која ја внесуваат во својата работа. “
Проф. д-р Милан Ќосевски
Декан на Машинскиот факултет - Скопје
„Слободна, демократска и креативна студентска мисла која комуницира, црпи енергија од европската димензија на размена на студенти, заеднички курсеви, семинари и други активности, организирани од организацијата БЕСТ, е богатство и заложба за афирмација на нашиот Факултет. Давајќи и лично, како Декан, силна подршка и охрабрување на активностите на БЕСТ при нашиот Факултет, со задоволство ја испраќам мојата порака дека се гордеам со нашите студенти и нивните резултати. Како никогаш досега, нашите студенти се неопходни за нашата земја како пртприемчиви професионалци, кои можат да креираат нова работа и отвараат нови можности во новата технолошка и економска околина. “
Проф. д-р Вангел Фуштиќ
Декан на Факултет за електротехника и информациски
технологии
No comments:
Post a Comment