Бадник во Куманово

Ланската бадникова вечер, неколку БЕСТовци неиспланирано се најдоа во Куманово и супер си поминаа... па се запрашавме - „A зошто не и оваа?!?!“. И така, после традиционалната семејана вечера, вчерашната бадникова ноќ ја продолживме во Куманово.

На мое големо изненадување, Куманово беше екстремно живо, организиран собир во центарот на градот, голем оган, греана ракија, гостување на познати естрадни ѕвезди и куп места за журкање низ градот.
И како што е редот, почнавме од центарот за култура во центарот на Куманово. Тамо се најдовме со уште две БЕСТовки, па откако се собравме сите од „куде ѕидчета“ продолживме кон поново отворениот кафиќ „Т&Т“ каде што настапуваа Дуле и Коки. Од таму, продолживме отспротива во „Студио“ каде што беше некој DJ и добра „тупси-глупси“ музика. Следејки ја Кумановската шема, продолживме кон „Тунел“ ... но пред него багра народ чекаат да станат дел од шемата :Þ Несакајки да го поминеме скапоценото време во чекање одма се упативме кон уште едено шема место „Линка“ и повторно добра техно музика. Во спат имавме и тура низ новиот плоштад на Куманово, некогашното „куде тумбу и три бандере“ и „Батко Ѓоргија“. Сепак... за да не испуштиме се, свративме во „Тунел“ и успеавме да доловиме дел од атмосферата.

За крај, отидовме на јадење во „Жито Мел“, каде имаше многу вкусни чоколадни крофни. Земавме малку здив, се поодморивме и патот под нозе, назад во мирното Скопје.

Верувам дека оваа бадникова вечер во Куманово ќе прерасне во традиција бидејки за оваа ноќ Кумановчани имаат многу што да понудат... епа ајде, следниот пат се гледаме во Куманово ;)

1 comment:

Tomi said...

„бидејки за оваа ноќ Кумановчани имаат многу што да понудат...“

Абе море... А Кумановчанките?? Имаат и они? Или.. :-D