International Project Forum 2007

БЕСТ-Скопје постојано докажува дека е организација која е подготвена на нови и се поголеми предизвици. Овојпат пред нас стои огромната привилегија и обврска да го организираме International Project Forum 2007, еден од најважните внатрешни БЕСТ настани на интернационално ниво.

International Project Forum е настан кој се одржува еднаш годишно и на кој учествуваат најважните интернационално активни членови на БЕСТ со цел да работат на тековните интернационални проекти во организацијата. Овој настан е единствен од ваков вид и претставува совршена можност да се добијат повратни информации и да се финализираат проектите на кои се работело во текот на целата година, како и да се отпочне со реализација на нови проекти.

International Project Forum 2007 ќе се одржи во Пробиштип во периодот од 20 до 25 февруари 2007 год. За првпат во историјата на БЕСТ-Скопје, ќе ја имаме честа да бидеме домаќини на:

  • членовите на Интернационалниот Борд на БЕСТ,
  • координаторите на Интернационалните комитети на БЕСТ, како и
  • лидерите на интернационалните проекти и работни групи во БЕСТ.
Воедно тоа ќе биде можност уште повеќе да го издигнеме имиџот и репутацијата на БЕСТ-Скопје на интернационално ниво, имиџ и репутација кои сите заедно ги градевме во изминативе 4 години.

Оттука произлегува важноста на овој настан за нас, кој дефинитивно ќе не етаблира во редот на најсилните и најактивните Локални БЕСТ Групи на интернационално ниво. А тоа и ни е целта на сите нас, нели?

Епа тогаш ајде сите заедно да го демонстрираме уште еднаш најдоброто од нас, да го прикажеме пред Интернационално БЕСТ неизмерниот потенцијал кој го имаме како организација и беспрекорниот БЕСТ дух што е дел од се она што го работиме! Јас сум дефинитивно сигурна дека ќе успееме во тоа! Нели сме "simply the BEST" :-)

1 comment:

Unknown said...

Точно така! IPF е еден од најважните настани за успешна работа на БЕСТ на европско ниво и ние сме горди што ја имаме таа чест да го организираме овој настан.
Ајде сите заедно да го направиме овој БЕСТ настан лудо незаборавен!