Нема "чeтврт пица, кило"

Бевме на роденден на Васе. Васе бе, како кој, па оној што е роден на Василица :) Фино си поминавме. Покрај бестовците имаше и други гости, претежно другарчиња на Васе од факултет, КСИА-ши. Според некои, КСИА-шите се многу чудни луѓе, многу уиграни, па дури и на бугарски турбо фолк. Ние си ги испочитувавме нашите народни песни, имаше многу: "Море што си бевме, големото друштво", "Лажи Вере", "Земјо македонска", "Ако умрам ил загинам", "Бисер балкански".... Од време на време слушавме и нешто тупса, тупса ама во глобала си пеевме. Беше баеги весело.

Туку што ми беше зборот... Еден од Бестовските ритуали е по журките да се повозиме до Радишани (да, да, добро прочитавте, до Радишани, усвет, на крајот на светот :)) и во пекарите во трговскиот да си купиме нешто за јадење. Има 2-3 пекари и во едната има четврт пица (пица на парче) со димензии 30x30 cm за некои 30тина денари. За овие нашиот ex-presidente викаше "Абе не знаете што има у Радишани, четврт пица кило!". Е, да, има(ше) секогаш си одевме прејадени дома. Вечерва сакавме да ја продолжиме истата традиција и отидовме во Радишани... и видовме запрепастувачка глетка, ни една од пекарите не работи. Бапчо, ностител на многу медаљи од БЕСТ и дечко на кого Радишани му е домашен терен, проба да оди на задна врата, демек дуќанот е затворен, ама позади пекарата работи. А гледаме низ прозорците, црна темница внатре, нема жива душа. Немаше ни "четврт пица, кило". Си отидовме гладни и со една дилема беше 03:15, а пекарите не го печеа лебот, како ли ќе стигнат да извадат леб на тезга во 05:00 часот.

3 comments:

Crna said...

Па добро бе мајка му, прв пат ли ќе Ви биде да доаѓате у РАдишани и да јадете. Фурните не работат во сабота,нема потреба да се прави леб, бурек за во недела, нели логично:-))) За друг пат да си знаете секој ден освен сабота фурните работат.

Поздрав Црна

Unknown said...

e da be lugeto vo nedel anitu leb nitu burek ne jadat..... bre ama teorija... ova nesto so nekoja nova religija da ne e povrzano?
Ajt

netko

Crna said...

Знаев дека ова лошо ќе се свати:-)) Но луѓето кои работат во пекарите, се разбира им треба ден одмор!!!