Салса забава


Здраво БЕСТовци, пријатели и слично. Во вторник на 15-ти мај, ние од БЕСТ, заедно со многу други љубители на латино-американските танци (салса и сл.) ќе ја превземеме забавата во наши раце. Во клубот Кастро со почеток од 21~ па до кај “25~“ ќе се одржи и салса забава, ќе има иструктори а богами и инструкторки кои ќе ги анимираат присутните.

Знам дека голем дел од БЕСТовците веќе некој период одат на салса, аргентинско танго и сл., но ова мислам дека е првата таква забава во Скопје, организирана во толку голем локал, па така ова ќе ни биде шанса сите да се собереме заедно. На забавата ќе има коктели по промотивни цени.

Се гледаме во Кастро.

3 comments:

Unknown said...

Забавате беше супер! Имаше доста луѓе што танцуваа, двајца добри инструктори (тој и таа) а и доста добри коктели. Алек на зарази сите со бразилската Каипоинџа (или така нешто :Þ)

Се на се, забавата беше одлично место да се танцува, да се научат неколку нови чекори и нормално - за дружба!

БРАВО за Кичо

zoltriks said...

Многу ми се допадна забавата.

Го немам видено Кастро во такво издание, убава музика, коктели и навистина опуштена атмосфера, како да си на плажа во некоја латинска земја :-)

Одиме пак!

Tra La La La said...

Дефинитивно во вторникот си поминавме СУПЕРРРР!Освен тоа што игравме латино танци,правевме и вовчиња, тунели, се фоткавме (сликите се кај типката со Сомбрерото) и што се не!Дечки ова вакво нешто не може да се види на обична журка, затоа спремете се и нацртајте се во што поголем број овој вторник пак у Castro!