Копенхаген и мојот сон полека стана реалност :)
Топло време .Над 40 степени
го топеа асфалтот на Скопските улици , а јас во мојот куфер пакувам џемперчиња
и тенки јакнички. Пакувам и позитивна енергија и многу насмевки во мојот
куфер, а секако и по некое поклонче за
организаторите што таму ме чекаа.
Каде таму?? Па секако Данска , Копенхаген , мојот
вечен сон .
Слетавме со Стефан , моето
другарче од Скопје , на аеродром во Шведска , фативме автобус и за неполни 45
минути веќе бевме таму.
Иииии ,
забавата почна .
Весели и растрчани лица
насекаде припремаа јадење за новодојдените патници . На другиот дел веќе некои
појадува , се запознаваа. Уффф колку убаво чувство , во соба со 30 лица познато
ми беше само едно . Но непознати си останавме не за долго. Сега
во Данска и во цела Европа имам повеќе од 50 другарчиња само од тој курс.
Размисли ,
дизајнира и делувај - беше слоганот кој ме
водеше низ 18те дена поминати таму.
Наш домаќин беше факултетот Danmarks Tekniske
Universitet - DTU ,
чиј професор се грижеше да курсот биде на високо академско ниво , да ги пробуди
во нас заборавените креативни клетки и да направи од сите нас идни дизајнери.
Не го велам ова само онака , не е ова реченица празна , напротив и јас се разбудив таму.
Во мојата глава остана
Данска државата каде дизајнот е секаде на прво место. Научив многу работи меѓу
кои дека Данска ќе биде изборот за мојте мастер студии. Пасијата кон ова
место и ден денес трае , ме носи и ме тера да размислувам , дизајнирам и
делувам!
Покрај преубавите лекции и
тимска работа во изработката на проект - дизајнирање на футуристичка библиотека
во Копенхаген , се сврзав многу и со луѓето таму.
БЕСТовци до крај! Тоа ми е
коментарот после тој настан. Позитивни ,
насмеани , одговорни и дружељубиви 24/7 иако скандинавските земји не
се познати како топол народ.
Но во БЕСТ нема ладен народ.
И
покрај тоа што не беа толку многу бројни, еден БЕСТовец работеше како
тројца/четворица . Нивната мотивација и нивната желба нас да ни е најдобро
можно , сега е и моја мотивација за сите гости од Европа што доаѓаат кај нас.
Покрај лекциите секоја вечер
имавме по некоја тематска забава , со цел да ни ја доближат нивната култура до
нас. Имавме традиционален Дански божиќ каде не
нагостија небаре отидовме на курс во Србија - со прасечко :) . Учевме како се прави традиционална данска торта за божиќ , како го
слават и кои пијалоци и храна ги служат. Не носеа на журки во градот ,
студентски журки во студентски дом , разгледи низ градот итн.
Најнезаборавното доживување
ми беше што успеаа да ни покријат и карти за забавниот
парк Тиволи , најстариот од
својот вид во Европа. Се изнагледав чуда и чудесии , се изнавозев на
најстрашните ролеркостери , вртелешки , free falls...Поминавме преубав ден
таму , сончево време и 20тина степени , пријатни за сечија душа.
Исто така не носеа на посета
на Христијанија , место во градот во кое не владее Данскиот закон . Одма
помислуваме див запад , но ќе ви ги прекратам фантазиите и ќе ви кажам дека тоа
е единствениот слободен мал град , каде жителите прават што сакаат, градат куќи
каде сакаат , ги дизајнираат каде сакаат и се однесуваат како сакаат и еден на
друг не пречат. Но тука владее некој поинаков закон меѓу нив. Едноставно
зборовите се премногу суви да ви опишам колку живописна е таа мала населба
покрај преубавото данско езеро.
И да , прв пат пробавме
кајакарење во ладни води. Да бев Скопје ќе си речев , ех кајакарење има и на
Матка, ама немаше да помислам да го правам тоа на 10тина степени. Лудо и
незаборавно. Игравме фудбал со кајак и толку уживав што температурата на водата
беше моја последна грижа.
И гледам дека тешко ќе
задржам нечие внимание ако продолжам да пишувам што се не видов. Музеите на
рипли верувале или не, музеј на гинисовата книга на рекорди, познати споменици
, скулптури , архитектноски дела ...
Топло ви препорачувам да
аплицирате , затоа што доживување какво што имав јас во Данска можете да
добиете со БЕСТ Скопје. Мене ова лето ми беше повредно од било кое друго и се
надевам дека наредното ќе биде и уште поегзотично и ќе посетам исто волку
привлечна дестинација.
Ве гушкам и ви ја пуштам
мојата среќа да биде среќни избраници на курс некаде низ Европа.
Наталија Најдова
No comments:
Post a Comment