Романија – прв бест курс
Романија беше дестинацијата која отсекогаш ме привлекувала и имав голема желба да ја посетам еден ден. БЕСТ ми го овозможи тоа преку летните курсеви и навистина бев пресреќна кога видов дека сум примена на летниот курс во Букурешт, Романија.
Кога отидов таму, веднаш почувствував позитивна енергија од организаторите и сите кои беа дел од тој курс. Сите бевме како едно големо семејство и во тие 12 дена додека траеше курсот се запознававме, преку најразлични игри, забави, разговори, шеги, смеење, фотографирање, одење на предавање, викенд патување, па дури и заљубување.
Иако темата на курсот беше за софтвери, а јас студирам новинарство, тоа не ме спречи да научам нешто повеќе, а уште помалку не предизвика некој страв во мене, дека можеби околу мене ќе има луѓе кои се поголеми познавачи во таа област, па јас нема да успеам покрај нив. Баш напротив, дури и кога имав нејасни работи во текот на предавањата, секој од нив ќе се понудуваше да ми објасни и да ми помогне да научам подобро. Преку тие активности, уште повеќе се запознававме и се прифаќавме онакви какви што навистина сме.
Забавите беа навистина нешто што досега немав видено. Секоја забава имаше своја тематика. Пробувавме најразлични видови на алкохол и храна кои се симбол за земјата која ги презентира.
Романците не прошетаа низ преубавиот Букурешт кој има што да понуди со своите убави градби и паркови. Не однесоа на викенд патување, каде што се запознавме со уште два прекрасни градови во Романија. Беше навистина убаво да се запознаеме подобро со културата на Романците, а тоа викенд патување уште повеќе не зближи сите.
Смеењата, шегите, музиката, заедничките оброци, заедничкото подготвување за
забавите, се само мал дел од работите кои ќе ги паметам засекогаш од ова мое
прво искуство на овој летен курс во Романија. Навистина беше едно прекрасно
искуство, преку кое ги запознав моите први пријатели од Европа, запознав нови
култури и обичаи, пробав вкусни јадења, научив нови работи од областа на технологијата и пред се ја посетив дестинацијата која отсекогаш ја посакував.
култури и обичаи, пробав вкусни јадења, научив нови работи од областа на технологијата и пред се ја посетив дестинацијата која отсекогаш ја посакував.
Александра Крстевска
No comments:
Post a Comment