Мотивациски викенд со BEST Скопје
Да се биде дел од BEST настаните претставува вистинска привилегија. Мило ми е што имав можност да присуствувам за првпат на мотивацискиот викенд организиран од BEST Скопје.
Благодарение на постарите членови на оваа организација и нивното залагање успеав да дознаам со што се` се занимава Бордот на Европски Студенти по Технологија.
Преку многу игри, песни, музика и дружба го сфатив значењето на тимот и тимската работа. Не се доволни зборови да се опише ова искуство, па затоа најтопло му препорачувам на секој желен за забава, да стане дел од BEST
Ива Најденова
За прв пат да се почувствува бестовскиот дух токму на мотивациски викенд, е навистина голем предизвик! Како нов член на БЕСТ, кој штотуку се приклучува на оваа организација, решив да бидам дел од мотивацискиот викенд во прекрасниот планинарски дом “Вртешка” со желба да видам што значи БЕСТ организацијата, за што се залага и кои се нејзините цели. Покрај тоа, сметав дека запознавањето и дружењето со многу нови луѓе е едно дополнително и многу значајно искуство во животот. А после само два дена поминати со членовите на БЕСТ, луѓе полни со ведар и ентузијастички дух , едноставно сфатив дека тоа е искуство кое не може да се опише се зборови, нешто што може само да се доживее. Токму затоа, и јас топло им го препорачувам мотивацискиот викенд на сите оние кои имаат желба за збогатување со нови знања на еден многу интересен и забавен начин.
Драгана Николовска
No comments:
Post a Comment