Мојот прв BЕСТ курс беше ова лето во Виена. Размислувајќи како да го поминам летото, решив да се пријавам на некој од летните BEST курсеви. Темите беа која од која поинтересна, а и градовите во кои се одржуваа курсевите беа навистина привлечни.
Мене најмногу ме привлече курсот во Виена со темата "SecurITy Guide to the Galaxy" во која се учеше за некои постапки и методи за ИТ сигурност. Виена беше местото коа што отсекогаш сакав да го посетам и бев навистина пресреќна што BEST ми го овозможи тоа.
Кога отидов во Виена многу пријатно се изненадив од организацијата. Весели и насмеани лица беа постојано околу нас , прашувајќи не дали ни фали нешто и грижејќи се за секоја ситница. Бевме сместени во студентски дом недалеку од факултетот во кој се одржуваа предавањата. Секој од нас имаше по еден или двајца цимери , што ни овозможи уште поубаво да се запознаеме.
Предавањата навистина ми се допаднаа, пред се бидејќи после речиси секое предавање имаше и практични вежби кои беа многу корисни. И покрај тоа што курсот беше на напредно ниво,професорите навистина се трудеа да објаснат се на многу поедноставен и начин на кој би разбрале дури и оние кои го немаат соодветното познавање на темата.
Покрај предавањата и шетањето низ прекрасната Виена , секоја вечер имавме забави со различна тематика. Некоја вечер сите бевме супер херои , друга вечер бевме богови/божици итн. Забавите беа неописливи, секоја вечер со најразлични игри за запознавање и многуууу дружење.
Но тоа не беше се. Едно од најнезаборавните искуства во Виена ми беше викенд патувањето кои се состоеше од планинарење кон еден од поатрактивните ски резорти во близина на Виена. Очекувавме прекрасно и сончево време, но начекавме невреме. И покрај тоа поминавме прекрасни 2 дена на планина забавувајќи се , играјќи , пеејќи.Денови кои засекогаш ќе останат во мојата меморија.
Кога поминаа тие две недели навистина не сакав да си одам. Толку се зближив со сите учесници и организатори што во тие две недели тие беа моите најдобри другари, луѓе со кои си 24/7 и со кои имаш исти интереси и обврски.
Тоа беа неверојатни две недели кои не би можела да ги заменам со ништо друго. Искуство кое ќе се памети цел живот.
Тоа и беше причината што се пријавив за втор BEST курс. Овој пат среќата ме однесе во Париз- градот на светлината.
Париз е мојот град од соништата , па и покрај тоа што веќе сум била таму, не ми пречеше пак да отидам и повторно да го доживеам со сета своја раскошност и убавина.
Овој пат курсот за кој се пријавив беше за искористувањето на енергијата, тема која е многу популарна во денешницава.
Освен тоа имавме и посети на компании на кои можевме да им го оставиме своето CV и да добиеме можност за пракса , а можеби и за работа.
И овој пат забавите беа прекрасни, исполенети со многу дружење,игри, смеење. Огранизацијата беше перфектна.Навистина не можевме да се пожалиме од ништо. Како и што беше кажано , имавме три оброци на ден спремени од самите организатори кои навистина се трудеа да не задоволат сите. Пробавме и некои специјалитети од француската кујна, како и некои од нивните добро познати вина.
Сите учесници и организатори беа прекрасни. Се чувствував навистина прекрасно, среќно и исполнето. И покрај напорните денови со по 2 до 3 саати спиење , сите бевме среќни,весели и секогаш спремни за забава.
И ден денес ми фали позната песна за будење која секое утро одекнуваше пред нашите врати: "c'est l'heure du petit dejeuner" :)
Насмеаните и разиграни БЕСТовци од цела Европа останаа во моето срце и сигурна сум дека ќе ги паметам цел живот. Тие денови на среќа и радост не се забораваат така лесно.
Навистина се надевам дека повторно ќе имам можност да ги видам сите мои другарчиња од цела Европа, можеби на некоја онлајн средба или со малку среќа на уште еден BEST курс.
Затоа на секој топло му препорачуам да се пријави на BEST курс и да доживее едно незаборавно и незаменливо искуство кое може да ви го овозможи само BEST.
Маја Лазаревска