Искуства од Краков


Беше 2011та година,јас штотуку станата бебе член на БЕСТ.Бев решена да направам нешто
поинаку тоа мое лето,и аплицирав на летните курсеви кои што ги нуди БЕСТ.Ме одбраа да одам во Краков,Полска.Бев превозбудена за таа авантура,но воошто незнаев што ми следи.На пат за Краков во авионот имав и моменти кога незнаев како така одам во непозната земја,сама,потпрена на една организација што се вика БЕСТ.Но,сеуште немав сфатено што е БЕСТ.


Во моментот кога згазив на земјата во Краков почнаа најубавите денови од мојот живот.Ме
пречекаа на аеродром,и веднаш потоа заминавме во студентскиот дом каде што те пречекуваат
безброј насмеани лица кои ти даваат најтопло добредојде.Веднаш ме обвзеде неизмерна
насмевка и бев среќна што сум таму.Сигурна дека треба да бидам таму. До крајот на денот дојдоа сите партиципанти,од 20 држави низ оваа Европа, португалка,италијанец,шпанец,русинка и други,кои единствено заедничко нешто им беше топлата насмевка и неверојатниот дух што го носеа во нив.
Незнам што беше ама веднаш почувствував некоја врска со сите нив,и нашите
организатори. Бевме склопени како совршена хармонија која одекнуваше со... со живот ! Тие
денови се чувствував едноставно жива! Денови исполнети со игри, смеења, пеење по сабајле
и навечер,танцување на дожд,бањање во фонтана,пиење пиво на тревата. Денови какви што секој човек посакува во неговиот живот. Станувавме рано,се забавувавме до доцна,искрена
да бидам секој ден бев само два часа спиена но имав енергија за целиот свет.Чудно нели? А
и самиот град допринесе во нашата совршена приказна. Со белите кочии, магичниот плоштад
и замоците целиот град е како бајка. Едноставно таму немав момент воошто да кажам дека
нешто е досадно,и кога јадеш и кога спиеш или неспиеш и кога правевме 3D анимации на
курсот,чувствував дека сум насекаде исполнета со магијата на БЕСТ. А тоа мора да го доживееш да знаеш за што зборувам.Сите зборуваат прекрасно за БЕСТ,но БЕСТ е многу повеќе од сите зборови што може да се напишат за него.

Благодарение на БЕСТ јас поминав совршени 2 недели во Краков, 2 недели каде што незнаев како да бидам посреќна. Тие 2 недели јас пораснав таму,пораснав во една исполнета БЕСТ-овка.Тие две недели се исполнети со моменти кои што за ништо на светот нема да ги заменам.Тие луѓе никогаш нема да ги заборавам. Тие луѓе живееа во моментот заедно со мене. Знаете ли дека 2 години скоро поминаа ,а групата наша од Краков си пишува повремено сеуште? Едноставно тие пријателства не умираат. За малку време успеав да направам искрени пријатели низ целиов свет.Тие луѓе знаат да живеат во убавите моменти.
Тешко е да се верува дека постојат убавини на овој свет како што е БЕСТ,но вистина е.
И секогаш кога ќе се сетам на Краков се насмевнувам,ооо која топлина ми доаѓа во градиве.Тоа
беше едно прекрасно искуство за цел живот.
Но џабе зборам, зборовите не се доволно. Отидете ! Видете ! Почувствувајте !
Ќе бидете неизмерно благодарни на БЕСТ










                                                                                                                 Стефана Филипова









No comments: