Верификационо Собрание
Со новата година
дојде и едно ново верификационо собрание, кое беше оддржано на 20 Јануари 2013
година. Собранието како чин , е еден од посвечените и позначајните настани, кое
најчесто се оддржува најмалку двапати во годината и на кое се донесуваат
значајни одлуки за понатамошниот тек на самата организација. На истото
присуствуваат полноправни членови, со можност за присуство и на млади членови.
Можеби исто како и сите други но малце поразлично за мене беше ова собрание, кое ми го донесе полноправството, што секако ми претставува големо задоволство.Како што ни кажува и самиот назив, на ова собрание беше верификуван и официјално стапи на функција новиот 12ти Борд, кој што беше избран на минатото собрание и добро се докажа во изминативе 3 месеци.Секако ни се обрати и нашиот 11ти Борд, кој ни направи еден прекрасен осврт на она што го постигнале за време на нивниот мандат и не се поштедија да го пренесат нивното искуство. После примопредавањето на функцијата,меѓусебните честитки и се разбира фотографирањето, беше избран и нашиот нов вивалди одговорен. Следно што изгласавме е главен организатор на РМ, или поконкретно регионалниот состанок, кој што годинава на наша чест и задоволсто ние ја добиеме можноста за организирање на истиот.
Нека им е со
среќа на сите и само успеси да се редат оваа година.
Викторија Миовска
No comments:
Post a Comment