Студентски Василичарски оган
На 13ти јануари 2013 година, по повод празникот Василица, БЕСТ Скопје го организираше до сега најголемиот студентски оган. Настанот се одвиваше во дворот на барака 5 на техничките факултети. Беа поканети сите студентски организации, а и сите студенти кои не се членови на ниедна од нив.
Како што е редот и како што налага традицијата на денот на Св. Василиј замесивме василопита и внатре ставивме златник или народски речено пита со паричка. По еден претставник од секоја организација учествуваше во делењето на питата и оваа година паричката се падна на барака 5. Тоа значи дека наредната година сите организации заедно ќе допридонесат за настанот да стане уште поголем и уште поубав.
Запаливме оган, а околу него се играа ора, пееа песни. Не смееме да ги заборавиме и нашите традиционални јадења и пиења. Полна трпеза, намсеани лица, дружба па има ли поубаво од тоа?
Настанот сакаме да прерасе во традиција и секоја година да биде помасовно посетен и повеќе организации да завземат учество. Се надеваме дека ќе ни успее, но останува да видиме.
No comments:
Post a Comment