Leisure event beAwesome, Париз, Франција - Организиран од LBG Supelec


 Јас станав член на БЕСТ во октомври 2012. Воопшто немав поим што значело да бидеш член на семејството БЕСТ. Ми се насмевна среќата и го доживеав мојот прв настан со БЕСТ и тоа погодете каде?? Ооо, да токму таму, во еден од најубавите градови во светот, градот на светлината, прекрасниот Париз. Замислете 7 дена во оваа 12 милионска светска метропола, каде сите се брзаат, а нервоза никаде. Тие 7 дена нема да ги заборавам никогаш, од самото слетување на аеродромот Шарл де Гол, јас веќе бев друг човек, всушност морам да признаам, малку бев исплашен бидејќи сепак првпат доаѓам комплетно сам во комплетно непозната територија, каде не познавам никого, но тоа е БЕСТ, ти дозволува да се адаптираш на новата средина многу брзо. 

Настанот беше повеќе од она што очекувавме, најважното од сЕ, сите се однесуваа со нас како да им дошле некои високи гости, дипломати, премиери, претседатели и сл. Французите навистина се покажаа како добри домаќини, ништо нЕ ни недостасуваше, имаше повеќе од доволно. Бевме сместени во становите на студентите во студентскиот кампус на едно од најреномираните француски приватни училишта за електротехника Супелек. 


Се беше подготвено од студентите, јадења, настани, прошетки и сл. Она што ми остави најголем впечаток и покрај тоа што речиси сите 6 дена од кои 1 имав екстра, се беше интересно, но овој настан беше некако највпечатлив. Третиот ден после доручекот, нас учесниците нЕ чекаше огромно изненадување. Тоа беше настан кој навистина чини многу, а нас нЕ не чинеше ништо. Замислете, цел ден пиење и јадење бесплатно, уживање во џакузи, тркалање во огромна еластична пластична топка, одење по жица, натпреварувања во разни категории, сето ова бесплатно, цели 8 часа. Признавам, никој не се надеваше на вакво нешто, пред се ова чини многу и треба голема храброст да се направи. Навистина, тој ден никогаш нема да го заборавам. Интересни беа и другите настани, пред се прошетката низ Париз и дворецот Версај, но верувајте колку и да пишувам, не се опишува, мора да се доживее. Едноставно се заљубив во БЕСТ, едно прекрасно искуство, запознаваш луѓе од цела Европа кои никогаш до сега ги немаш видено и со нив го поминуваш настанот како да се знаете со години, навистина прекрасно.
За сите они кои го читате ова, и имате план да станете членови на БЕСТ, јас како нов член би ви препорачал, не се двоумете, не чини ништо, а ви дава многу. Кога еднаш ќе ве зарази магијата на БЕСТ, нема враќање назад. За крај би ви оставил една порака од домаќините во Франција,  “We Light Your Life!” – BEST Supelec (Ние го просветлуваме Вашиот живот!).

Дамјан Милошевски

No comments: