Едно од незаборавните моменти поминати на БЕСТ за мене беше токму германскиот JobFair на кој што јас и Стефана земавме учество како коорганизатори оваа година.Тоа е најголемиот а воедно и најстариот настан кој се одржува секоја година во Ахен од студентската организација ,,Бондинг`` - нашиот партнер од Германија. Саемот траеше 3 дена на кој се појавија 333 фирми од најразлични области каде што секој од посетителите на саемот имаше можност да се запознае со конкретната фирма која е неговото поле на интерес , да дознае повеќе за нивната визија и тоа што тие го работат како и да остави своја биографија доколку се гледа себиси како дел од нејзините професионални можности.
За организацијата на настанот можам да изнапишам многу пофални зборови а сепак да не бидат доволни за да го доживеете настанот онака како што јас го доживеав.Уште од самиот почеток можевме да ја почувствуваме целата посветеност, точност, исполнителност и голем ентузијазам на германските студенти што според мене беше суштинско за организирањето на еден така голем настан. Она што потполно не освои беше тимскиот дух кој ги одржуваше сите студенти да работат вредно како мравки од раните утрински часови до доцните вечери за се да биде организирано на едно беспрекорно ниво.
Нашата задача како коорганизатори беше да помогнеме секаде каде што имаше потреба во делот на логистика што опфаќаше работи како пречек на гостите, помош во делот на кантината, информативниот штанд и гардеробата. Добивме и доволно слободно време да ги посетиме предавањата од фирмите кои одсекогаш не инспирирале.
Станувавме многу рано наутро, работевме до стемнување но на крајот од сето тоа го делевме чувството на задоволството и среќа од добро завршената работа и заедно во вечерите прославувавме во една од најдобрите дискотеки.
За мене тоа беше едно убаво искуство кое на секого топло му го препорачувам. Германскиот саем за вработување е еден добар пример за тоа како треба да изгледа овој настан и во нашата земја.
Ангела Николовска
No comments:
Post a Comment