EBEC Skopje


Инженерски натпревар , формирај тим и докажи се! - Една реченица што ми го промени животот во буквална смисла на зборот. Настанот кој ми претстави пред мене еден сосема поинаков , нов и интересен начин на живеење на студентскиот живот, ме запозна со најдобрата за мене, студентска организација БЕСТ. Тоа беше пресвртот кој ми помогна да го обојам светот во боите на БЕСТ, портокалово , зелено, сино.

Во една од трите бои беше обоен и токму овој настан на кој иако бев прва година на факултет , млада и сеуште неискусна како студентка , ми донесе победа. После таа победа јасен ми беше мојот следен чекор- зачленување во организацијата која мене ми овозможи едно поинакво искуство.
По поминати неколку месеци , следеше повик за главен организатор  за идното издание на настанот кој мене ми беше првото искуство тука- инженерскиот натпревар EBEC 2012 Скопје.  Во портокалово се обои мојот свет, во кој сега имав шанса да стојам од другата страна на нештата. Преполна бев со идеи , ентузијазам и позитивна енергија која сакав на сите студенти да ја пренесам. Сакав да им ја подарам магијата која мене ми ја даде БЕСТ дента кога се одржа натпреварот.
Но не бев сама и не се чувствував само јас така.Зад мене стоеше тим на студенти, желни подеднакво колку и јас , да го доведат овој настан до совршенство. Работата уште повеќе ме сплоти со тие луѓе и мило ми е што успеав да стекнам вистински БЕСТ пријатели вредни повеќе од сите оценки во индексот.
Освен преубави чувства спрема настанот и можност да соработувам со вредни и позитивни луѓе , работејќи на организацијата на настанот успеав да стапам во контакт со многу компании и да допринесам за поврзувањето на триаголникот студенти - компании - професори . Чест ми беше ова да го правам пред се за БЕСТ и за студентите затоа што со секое искуство што се добива стануваме побогати. Се надевам дека во иднина ќе има уште многу изданија на овој настан и уште многу студенти ќе добијат шанса да почувстуваат на своја кожа она што јас се обидувам да го кажам во текстов.













                                                          Наталија Најдова

No comments: