"A day in the life" in BEST
Го земав дигиталецот од дома кој никако немам навика да го носам со себе, поминав во БЕСТ, си реков супер - има БЕСТ презентација и ќе сликам, арно ама за време на презентацијата не направив ни една слика, но пред и по презентацијата се изнасликав, па испадна интересен колаж од слики од еден БЕСТ ден.
Теми: слики
In diploriam
Му ја честитаме новостекнатата диплома на Горан Шутиновски. БЕСТ Скопје сега може да се пофали со уште еден електро инженер.
Теми: дипломирања
Предновогодишна дешавка!
Почитувани БЕСТовци и сите наши љубители! БЕСТ-Скопје покрај заедничкиот дочек на Нова Година, организира и предновогодишна прослава во ресторанот „Орхидеја“ во населба Жданец.
Ве покануваме сите вие кои сакате да поминете незаборавна ноќ со БЕСТовци, повелете во четврток - 28.12.06 во ресторанот „Орхидеја“ од 21:00 часот... па до кога издржиме! Сите кои не знаат како да стигнат, зборно место - Архитектонски факултет, 20:00 на редовен состанок.
Еве и некои слики од предходниот пат кога бевме во „Орхидеја“, после успешно организираниот JobFair'06! Забава луда, жива музика, а БЕСТовци пеат и се веселат ;)
Се гледаме во четврток!
Update: Кликнете за точна локација на ресторанот.
Теми: забави
После собрание
Епа сите бевме на собрание и после собранието отидовме во Место на роденден, читај журка на JEF. Е таму Ивана дојде со обетки, а Кики стави креон и римел. Нино, кај се парите (или флаерите беа)? Васе од „ѕверче“ стана „ѕвериште“. Мите, за две години сѐ ќе смени. Андреја...опааа... На Златко му местеа девојка, непознат јунак. Елена направи рекорд на една игра на мобилен (толку беше досадно на собрание?). Александар ќе мотивира. Нетко изгледа многу учен со новите наочари. Горан остана да ја брани честа на истакнатите пензионирани првобоци. Павле - ди ритурн оф ди џедаја. Ана јок башка појќе претседател за едно 3 месеци. Томи - све ќе ви је*ем. Софи... ај бе нешто за Софи? Кузо, некогаш истакнат член на нашиот синдикат, сега среќно вработен. Благојче - остаричу нечу знати... Јасс, не Џас, знае да чука на машина за чукање - за што служи таа машина? Суки - претседател и воедно цел борд во сенка и во отсуство вечерва. И после тоа си отидовме дома.
Теми: случувања
БЕСТ каленар
Една недела до доаѓањето на Новата година, период кога се случуваат многу ситни настанчиња, настанчиња кои ќе не опуштат и со кои ќе ја запомниме годината што изминала само по добрите работи.
Како да ги пратиме сите тие мали настанчиња, а да не заборавиме некој? Треба да имаме некаков потсетник или да запишуваме се во еден календар. Google Calendar е таков сервис кој ќе ви помогне да си го испланирате времето и да не заборавите некој настан.
Можеби забележавте на блогов дека од пред неколку дена и БЕСТ Скопје отвори календар на кој ќе можат сите заинтересирани да се претплатат за полесно да ги следат и да се приклучат на работите кои ги правиме.
Календарот можете да го следите преку:
- посета на блогов - има мало коцкиче десно каде можете да ги видите сите настани, а со кликнување на некој настан може да добете повеќе инфо,
- да се претплатите на календарот со кликнување на икончето одма под вградениот календар на блогов. На овој начин ќе добиете многу можности како на пример известување по емаил за некој настан.
Се надевам дека новиов сервис ќе ви помогне да посетите што е можно повеќе настани последнава недела од кои повеќето се забавни настани, а се разбира исто така весело ќе ја започнеме и следната година.
Теми: сервиси
Вечерва, БЕСТ екипа на суши
Само што се вратив од суши ресторанот "Nobu - sushi & bar" каде што се собравме мала банда БЕСТовци да се релаксираме после работната атмосфера во канцеларија.
Иначе, местото е супер... така малку и попрефинето можеби за нас студентаријата, но ако, па и ние сме фини!
Јас како тврдокорен тревопас си нарачав нешто... не знам што беше, ама вкусно беше :Р Елена ми се придружи со вегетаријански сендвич кој испадна баш паметен избор во однос цена/перфоманси, а останатата банда БЕСТовци беа храбри - земаа голема порција суши, дури 4 вида + една златна рипка :Р
Атмосферата беше пријатна, тивка музика во позадина + Александрија бела во мраз веднаш до наша маса ;)
Епа само можам топло да ви ги препорачам местово и кога имате време и “време“ поминете... се наоѓа карши Бастион - кликни тука за локација.
Поздрав и убави сништа!
Update: Иле успеа да ја долови и атмосферата... колку што се може со мобилка :Р
Теми: случувања
Не има во весникот Време
Иако блогов постои само околу два месеци, веќе добивме кратка, но убава рецензија во денешното издание на дневниот весник Време. Во рецензијата меѓу другото стои:
„БЕСТ-Скопје веќе има официјален веб-сајт, но го отворила и блогот за ширење вести за организацијата, но и за пренесување други понеформални информации од интерес на нејзините членови. Ова е честа практика и кај најуспешните компании на Запад.“а завршува со:
„Доколку блогов добие редовен ритам на дополнување и се пријави на македонските агрегатори, со тековниот уредувачки концепт пред него се светли перспективи.“Целата рецензија може да ја прочитате на следната врска.
Благодариме за рецензијата и ќе работиме на подобрување на блогот.
Годишниот извештај се крчка
Како што си знаете секоја година си правиме годишен извештај.
Вчера имавме работна група на таа тема. Дојде и Злате, кој ако не знаете ги има правено сите годишни извештаи на БЕСТ, па со него ја почнавме работата околу годишниот извештај.
Значи, дизајнот е готов и направени се неколку страници. Во канцеларија испечативме едно ливче со поздравниот говор на Ана, па кој сака да го види нека повели.
Годишниот ќе биде готов во Април, ветувам. Знаете да поминат сите семинарски и испити (нели, Мите ;) ).
Теми: случувања
БЕСТ викендот што измина
БЕСТовците не мируваат!
Во саботата поголема група БЕСТовци беа на кино на епско-фантастичниот филм Ерагон, а после тоа во уште поголем број на ретро-актив журката на саем, каде што се забавуваа на музиката што ја слушале нашите татковци, мајки, тетки, стриковци... а во "режија" на DJ-ите како Врчак, Драган Б. Костиќ, DJ Dynamite и други.
Ведриот дух на БЕСТ го покажавме и во неделата на роденденската забава на IAESTE, студентска организација со која одлично соработуваме. Браво за организаторите за одличната и весела забава за која си добија и подарок :) Па уште веднаш ги каниме сите да ни дојдат на нашата во март кога ќе славиме јубилеј - 5 години постоење на БЕСТ Скопје!
Можеби сме мали по години, ама ГОЛЕМИ по делата!!!
Теми: забави
Што се слуша во канцеларија?
Од десна страна на блогов ставивме (јас и Златко) листа на последните преслушани песни на компјутерот во канцеларија. Кога се пушта песна во Winamp или Media Player таа веднаш се појавува на листата. Така да внимавајте што пуштате :).
Ова е возможно со помош на Last.fm сервисот.
Теми: сервиси
По GetMotivated...
Беше и помина! Да, да тие што беа, знаат за што зборувам :) Тие што не беа, можат само да ни завидуваат..!
Инаку, зборувам секако за еден од најдобрите настани организирани од БЕСТ Скопје оваа година, GetMotivated! На едно место беа собрани 40 БЕСТовци од Македонија, Грција, Хрватска, Бугарија, Србија и Словенија, кои се дружеа нон-стоп, учеа многу корисни работи, а се журкаа максимално!
Ако сакате да дознаете повеќе... Не ме прашувајте мене, немам додатни коментари :) А бидејќи една слика=1000 збора, кликнете на сликичката:
Job Fair 07 - се загреваме
Теми: настани
In diploriam
Убава вест, во БЕСТ. Уште еден бестовец „запали патичиња“ и си замина од студентскиот живот. Благојче Петровски дипломираше!
Честитки до новостегнатиот статус на диполомиран електро инженер и биди горд на него како што сме и ние горди на тебе.
Теми: дипломирања
Поздрави од Европа!
Откако заврши Состанокот на Претседатели поседов уште два/три дена во Брисел...прекрасен град, мешавина на новото време и традицијата. Таму се собравме уште неколку БЕСТовци и пробавме да ја доловиме Белгиската култура.
Е сега... сега ви праќам поздрави од Мадрид! Тука сум на гости кај еден учесник на нашиот овогодишен летен академски курс. Мадрид е прекрасен... голем и мешавина од различни култури. Но исто така, Мадрид е и супер место за журкање бидејки тука имате забава 24 часа преку денот... само треба да ги дознаете правите места ;)
Епа утре продолжувам за Ваљадолид на еден ден каде што треба да се видам со луѓе од различни БЕСТ настани па да продолжам понатаму за мојот следен БЕСТ настан... Порто и beRICHER, тренинг за можностите за соработка помеѓу БЕСТ и останатите институции/организации.
Епа останете ми поздравени и се гледаме за некоја недела... т.е. се гледаме право на мотивацискиот викенд!
Васе
Шшш... шшш... сите учат...
Колоквиуми се ближат, па сите учат, па ќе ве замолам да бидете потивки.
Сепак тоа не е проблем да кажеме дека Васе го испративме во Гент, Белгија на Presidents Meeting (PM или по нашки „ПијеМ“). PM се одржува еднаш годишно и таму се собираат претставници (не е задолжително да бидат претседатели) на сите локални БЕСТ групи и дискутираат за иднината на БЕСТ. Освен работа има и „ПијеМ“ дел, така на пример вчера била Интернационалната вечер со најразлична храна и пијалоци од буквално цела Европа. На интернет страницата има и стриминг во живо - проверете го и пишете што сте виделе.
Знаете дека се ближи и GetMotivated, настан за тренинг и мотивација на млади членови. Настанот ќе се одржи од 7-10 декември на Попова Шапка, а вие може да се пријавите до 20 ноември 2006 со едноставно праќање на емаил на getMotivated06@gmail.com.
На крај за да ве размрдам еве едно БЕСТ видео:
Теми: видеа, информатори
БЕСТ место за викендов - Станбола
Мерхаба!
Овој викенд дел од нас бевме на регионалниот состанок во Истанбул... да не кажам Цариград и си поминавме екстра!
Времето не ни се погоди баш... дури доживеавме и снег да заврне во Истанбул, но покрај дружбата, журкањето и љубезноста на турците, кој приметува за времето :Þ плус, кога ќе ви кажам дека бевме само балканци на овој состанок, не треба повеќе да зборам за веселата атмосверата ;)
А да не спомнувам како ми се исполни срцето кога на интернационалната вечер ги видов сите како ја пеат „Македонско девојче“ + по некое време ја пуштија и „Стани моме да заиграш“, кој да верува дека ја имаат таа песна во еден мал дискач позади шеталиштето Истиклал.
Поздрав,
Васе
И тебе сам сит кафано...
Го затекнавме Нетко во кафана малку поднапиен (не дека и ние бевме скроз трезни) и еве што му порача на БЕСТ Скопје...
"На мотивацискиот викенд да ми направите журка што ќе се вика WORSHIP NETKO"
Атмосферата во кафаната Нетко ја опиша на десетина ливчиња неврзани коментари.
Еве ги:
"...па после Цацко пиел виски. Епа ќе пие! Не пие виски туку коњак...."
"...Ама ептен, многу е гласна! Ами...па кафана е...."
"...ако свират тивко ќе можат да се слушнат поплаките на публиката!...."
"...барем певаљка да имаше. Па јас треба да барам, а не ти! Срамота!...."
"...Абе ради кафански муабети, а не сексуална ориентација :) ...."
"...No comment...."
"...Свашта!...."
"...Без србизми, молам ...."
"...Дали овој ќе одмори некогаш? ...."
"...Нетко, уште една порција прсти или 15 ќебапи ќе земаме?!? ...."
"...Оставам на тебе! ...."
"...Ок, прсти, ама без нокти ...."
"...Отишла некоја плавуша во аптека и побарала цијанид.
Аптекарот: Ама како госпоѓо, не продаваме цијанид.
Плавушата: Ама јас имам причина и покажала фотографија на која биле голи маж ѝ и жената на апотекарот.
Аптекарот: Ауууууууу што не кажавте веднаш дека имате рецепт...."
"... Мои се ливчињата, врати ми ги веднаш!...."
"...Не, не, не, не! ...."
"...Ова ако ми успее, утре на блог, нема слики ама се е документирано ...."
"...Се надевам дека во коњопојов прифаќаат и други начини на плаќање освен готовина ...."
"...Многу жуто ми го раствори сирупот :) ...."
"...Не заебавај! ...."
"...Литро со литро не значи дека во чашата е 50:50 ...."
"...Е глеј тоа направи го, за последиците не одговарам ! ...."
"...?!?!?!?!?!??!?!?! ...."
"...Какви последици? По што? На што? Во што? ...."
"...Па кажи ...."
"...Еве ...."
"...Заради 70:30 сега прстите од левата рака се под масата ...."
"...Не е битно, сирачињата ќе јадат ...."
"...батка... од толку многу сирачиња од '91 па наваму народот без леб остана ...."
"... кој е труден?...."
"... како кој, па државата брееее. Со ваков народ се е*ачишта!...."
"...батка, ако на твоиве бизнис партнери пенкалата им се распаѓаат, опремата што ти ја продале не би сакал да помислам во каква состојба е после првиот ден работа...."
"...таа опрема не ја ракува секој сељак од Кисела Вода. Аааааааааааа затоа откажа пред да ја монтираат ...."
"...Бара се: Мома не мажена или може путка не е*ана ...."
"...Ивана мочла. Литро со литро 3X у WC ...."
Епа тоа е приказната од Нетко. Кој не верува ќе го добие ова дело во ракопис :)
Теми: случувања
Неделник број 2
Помина уште една недела и еве не пак со најнови новости.
Во последно време:
- и втората презентација помина ОК.
- Кате и Стево се нови алумни.
- Мотивацискиот викенд ќе се одржи 7-10 декември 2006 некаде низ Македонија (уште не се знае точно местото), ќе има 30 домашни и 25 странски учесници и краен рок за пријавување е 20 ноември. Надокнада за учество е 10 евра, а право на учество имаат сите членови на БЕСТ Скопје. Пријавете се!
- имаше луѓе и на журката на EESTEC во петокот ама за жал немаме слики.
- Златко, Софи и Ивана беа во Солун викендов - слики и повеќе инфо има во една претходна вест.
- во неделата имаше тренинг за FR (Fund Raising).
- а во понеделникот работна група за FR - се довршуваше проектот за getMotivated и маркетинг - дискусија околу годишниот извештај за 2006 година.
- честит избор на Деси за претседател на ИАЕСТЕ.
- денес БЕСТ беше на отварање на нова лабараторија за метрологија (електрични мерења) на ЕТФ.
- Дрога Колинска ни се нови годишни спонзори
- и Стена конечно дозна за блогов.
- во среда журка на ССЕТФ во V8 (во Т.Ц. Скопјанка) од 21:00 до 4:00.
- редовен состанок во четврток на Архитектонски факултет од 20:00 во училница 228.
- 5 наши члена ќе присуствуваат на Регионалниот состанок во Истанбул од 3 - 6 ноември 2006. Џо е најхрабар - ќе оди прво во посета на Белград со воз и од таму ќе патува до Истанбул. Убаво да си поминете!
Теми: информатори
BEST на журка на EESTEC
Мала група Бестовци во петокот навечер беше на журката на студентската организација EESTEC во кафулето Sense (до Ринг, кај Дом на АРМ) . Забавата и не беше којзнае што, ама имаше добра музика, а БЕСТ секогаш знае добро да се забавува, нели?
БЕСТ, како една од најактивните студентските организации на Универзитетот, ги почитува другите студентски организации (IAESTE, Elfasko, AIESEC, EESTEC, AEGEE...) и секогаш присуствува на забави и други свечености приредени од нив, исто како што тие доаѓаат на нашите.
Главното мото на БЕСТ е: "work hard, party harder" :)
Теми: забави
Солун викендов
Бевме викендов во Солун на неофицијална посета т.е. на шетање. Во посета беа Златко, Софи и Ивана. Во Солун имаше некој празник и беше сосема раздвижено, живо и весело. Погледнете и самите на сликиве:
Теми: слики
Од поранешен БЕСТ -овец
Еве што има напишано еден искусен БЕСТ -овец, а воедно и искусен блогерџија на неговиот блог по повод појавувањево токму на овој блог:
„Од неодамна блог има и студентската организација БЕСТ-Скопје. Здружение чиј член бев на времето и ја, едно две-три години. Не знам како функционираат другите слични организации, но оваа буквално работи како машина.Фала за убавите зборови Владо и ме радува што имаш убави спомени од БЕСТ. Еве и врска до оригиналниот текст: http://kanalizacija.blogspot.com/2006/10/blog-post_14.html
БЕСТ беше прекрасно искуство за мене. Многу работи научив од постарите членови и БЕСТ ги памтам по неколку стотиците незаборавни журки, пијанки и дружења. Организацијата буквално ме научи како се работи тимски, што значи улога во тимот, преземање одговорност и извршување на должностите.
Се надевам дека на блогот ќе ја пренесат атмосферата од организацијата (и ова е мал придонес да заживее овој блог).“
Посетете го неговиот блог на http://kanalizacija.blogspot.com - има што да се прочита.
БЕСТ Скопје има нови алумни
Два нови члена се придружија на алумни заедницата на БЕСТ Скопје: Катерина Неделковска - Цуци и Стево Трајкоски.
Кате е една од првите членови на БЕСТ Скопје после нејзиното основање во 2002. Била организатор на повеќе настани и одговорна за човечки ресурси во третиот Борд на БЕСТ Скопје 2003/2004.
Стево е член на БЕСТ Скопје од 2003 година. Бил одговорен за маркетинг во третиот Борд на БЕСТ Скопје 2003/2004 и еден од главните организатори на летниот академски курс "Храна, вино... Најдоброто од Македонија!", одржан на Факултетот за земјоделски науки и храна минатата година.
Од името на БЕСТ Скопје: ВИ БЛАГОДАРИМЕ!
Теми: алумни
Неделни дрн дрн јариња нумеро 1
Ке се потрудиме еднаш неделно да има тука краток информатор на кој ќе ги има најновите работи што се случуваат во БЕСТ Скопје.
Во последно време:
- Мики се врати од Загреб, беше на Хрватски денови на инжинерите - се мотивирал максимално! Меѓу впечатоците на настанот ќе го најдете и тоа на Мики.
- Првата презентација за промоција на зимските курсеви помина оки - треба да се работи на втората која е задутре - ајде сите другари, другарки да ги викнете на втората презентација.
- Бевме на Водно во неделата со ИАЕСТЕ.
- Го пречувавме новиот стан на Мите. Забелешка од авторот на текстов: „пречувување“ на нов стан - прв пат слушам за овој израз.
- Бевме кај Суки на Бајрам.
- Журката за собирање на депозитите помина страшно !@!#!@%#$^$%^(>}!!!!! Еве слики:
Подгответе се за:
- презентацијата задутре (четврток) на Технолошко-металуршки факултет: 26 октомври, во 12:00ч.
- сите на редовен состанок во четврток на Архитектонски факултет од 20:00 во училница 228.
- викендов некои од нас (тие што имаат визи) најверојатно ќе тркант до Солун на опуштена посета на ЛБГ Солун.
- Кој е за во кино во Рамстор на „Светски трговски центар“ со Николас Кејџ?
- јас сум ЗА!
Теми: информатори, слики
ПРОМОЦИЈА НА ЗИМСКА СЕЗОНА 2006/07
БЕСТ Скопје ќе врши промоција на зимската сезона на академски курсеви 2006/07. Презентациите ќе се одржат во следните термини:
- Архитектонски факултет: 24 октомври, 12:00ч
- Технолошко-металуршки факултет: 26 октомври, 12:00ч
Теми: настани
БЕСТ журка!!!
Освен БЕСТовци ќе бидат присутни и дечките кои беа на летните курсеви низ нашата ни мила Европа ... и нормално ќе ни раскажат како си поминале ... и што научиле да играат.
Претходно имаме редовен состанок од 20:00 на Градежен факултет, на втори спрат, па кој може нека повели и на нашиот БЕСТ - Скопје редовен состанок, па од таму сите на ЖУРКА!
Ве покануваме сите да присуствувате, да се журкаме и дружиме!!!
Теми: забави
Дали? Како? Што?
Ќе се обидам накратко да објаснам што треба да се пишува на блогов преку овие три кратки прашања.
Дали?
Пред да напишете нешто размислете дали е за на блог или за на мејлинг листата на БЕСТ - Скопје.
Како?
Пишувајте кратко и јасно. Никој не сака да чита долги текстови.
Што?
Блогов треба да биде интересен и за членовите на БЕСТ и за некој кој прват слуша за нас. Пред се, треба да биде огледало на она што се работи и на духот на организацијата.
Ете, пократко од ова здравје!
Теми: правила
Како да се справите со блоговите ?
Во последно време, блоговиве почнаа да стануваат trendy па и луѓево почнаа да читаат многу повеќе различни блогови. Но што ако почнете да губите прегледност врз сите тие блогови: кој кога постирал, кој правел измени, кој ставал и додавал категории ... ? Еден од начините за поголема прегледност врз тие блогови е користење на интернет прелистувач кој има можност да чита ткн. "RSS feed". Еден од нив е и Mozilla Firefox, прилично моќен и соодветен (open source) интернет прелистувач за вакви ствари.
Откако ќе го инсталирате фајрфоксот, на официјалната страна од која се инсталираат екстензиите што фајрфоксот го прават најконкурентен во светот (https://addons.mozilla.org/firefox/), можете да си го симнете Wizz RSS News reader, кој ќе ви помогне во справувањето со многубројните блогови.
Ептен е лесно !
Ако има некој потешкотии нека ми пише за дополнителни инструкции.
Теми: предлози
На Водно
Бевме на Водно. Си поминавме ептен чок добро. За слики кликнете на печурчето десно - не нема сите на сликите.
П.С. Печурките не се од нас - нив ги собирал и сликал татко ми кого го сретнавме на врвот.
Теми: слики
Не-неограничен регионален состанок
Треба само уште да го потвриме овој факт со беспрекорна организација на мотивацикиот настан getMoivated.
Теми: настани
Супер Борд
Но што се случува кога тие избраници се состануваат и дискутираат и донесуваат супер одлуки, но не ги промовираат меѓу членовите. Тогаш членовите немаат појма дека има супер одлуки, немаат појма што се случува во организацијата, добиваат впечаток дека нивните избраници ништо не работат, имаат чуство дека организацијата не е доволно отворена.
Нашите избраници се супер, но ја имаат маната да не праќаат извештаи од нивните состаноци каде дискутираат за работи кои не засегаат сите нас, па ние не може да знаеме колку се тие супер.
Јас сакам да видам дека Бордот е супер, а вие?
Теми: критики
Google Groups Beta
Yahoo Groups
Сервис за групно праќање на е-пошта кој во моментов го користиме и кој ни „врши работа“ е сервисот Yahoo Groups. „Ни врши работа“, бидејќи скоро и да не ги користиме опциите кои се овозможени од web пристапот на групите, како календар, опцијата за ставање слики, за анкети и слични тракатанци. Единствено го користиме за основната функција - праќање масовна е-пошта.
Зошто не ги користиме тие опции кога би ни биле корисни? Нели би можеле да ставиме некоја слика во Photos делот или да ставиме некој настан во календарот или некоја датотека во Files делот или некоја анкета или ... Гледам дека во делот за бази има започнато и „Именик“ меѓутоа и тој не е заживеан.
Епа, не ги користиме овие опции бидеќи Web интерфејсот на Yahoo Groups едноставно НЕ ГО БИВА! Полн е со реклами во Flash, лош е за користење (сте пробале ли да ги читате пораките преку неговиот интерфејс директно?) и на крај - не поддржува кирилица.
Ново дете у маало
Google Groups Beta е ново дете кое се појави неодамна. Има добар интерфејс (сличен на ширококористениот GMail) и на него може да се најавувате со вашата GMail сметка (еднаш најавени на GMail автоматски сте најавени и на Google Groups), па така тие што сакаат ќе можат да ги читаат пораките преку веб интерфејсот и да не го заглавуваат своето сандаче за е-пошта. Со тоа што ќе се посетува веб интерфејсот ќе се користат и опцијата за поставување на датотеки (100 MB простор) и опцијата за едноставно креирање на веб страници, ќе може конечно да користиме кирилица (кој сака) и на крај најважно - има опција за сликички за членовите ;-)
Единствено нема некои од опциите на Yahoo Groups кои ги кажав погоре (календар, анкети, база...) кои како што видовме ги немаме ни користено до сега.
Префрлање
Ајде да се префрлиме на Google Groups!
Прво предлагам да се префрли best_skopje групата каде има помалку членови и малку поискусни, па врз основа на тоа искуство да се оди и на bestsk_members. Новите групи треба да си ги задржат старите Yahoo имиња поради веќе створените навики.
Групите веќе ги креирав, веќе има и неколку членови кои ги тестираат можностите. После одреден период тестирање може да почнеме со префрлање доколку сте за. Google Groups е во бета фаза на развој и поради тоа некој би се посомневал во квалитетот на сервисот, но во Google светот бетата е на многу висок степен на употребливост - GMail е исто така бета, па му нема рамен :-)
Кој сака да биде вклучен во тестирањето нека ме извести.
Забелешка - доколку основната страна на www.google.com ви е подесена да се прикажува на македонски јазик нема да можете да ја видите новата бета верзија на Google Groups туку ќе ве враќа на стариот Google Groups кој е многу ограничен со опции. За да може да ви се прикаже новата бета верзија треба да одите на http://www.google.com/ и таму дa се префрлите на англиски јазик.
Теми: предлози
SJF Концерт - Тони Китановски квартет
Концертот е во склоп на македонските џез вечери кои се дел од Скопскиот џез фестивал.
Повеќе информации за Тони Китановски можете да прочитате на
неговата официјална веб страница
Теми: случувања