Неделник број 2

Помина уште една недела и еве не пак со најнови новости.
Во последно време:

  • и втората презентација помина ОК.
  • Кате и Стево се нови алумни.
  • Мотивацискиот викенд ќе се одржи 7-10 декември 2006 некаде низ Македонија (уште не се знае точно местото), ќе има 30 домашни и 25 странски учесници и краен рок за пријавување е 20 ноември. Надокнада за учество е 10 евра, а право на учество имаат сите членови на БЕСТ Скопје. Пријавете се!
  • имаше луѓе и на журката на EESTEC во петокот ама за жал немаме слики.
  • Златко, Софи и Ивана беа во Солун викендов - слики и повеќе инфо има во една претходна вест.
  • во неделата имаше тренинг за FR (Fund Raising).
  • а во понеделникот работна група за FR - се довршуваше проектот за getMotivated и маркетинг - дискусија околу годишниот извештај за 2006 година.
  • честит избор на Деси за претседател на ИАЕСТЕ.
  • денес БЕСТ беше на отварање на нова лабараторија за метрологија (електрични мерења) на ЕТФ.
  • Дрога Колинска ни се нови годишни спонзори
  • и Стена конечно дозна за блогов.
Подгответе се за:
  • во среда журка на ССЕТФ во V8 (во Т.Ц. Скопјанка) од 21:00 до 4:00.
  • редовен состанок во четврток на Архитектонски факултет од 20:00 во училница 228.
  • 5 наши члена ќе присуствуваат на Регионалниот состанок во Истанбул од 3 - 6 ноември 2006. Џо е најхрабар - ќе оди прво во посета на Белград со воз и од таму ќе патува до Истанбул. Убаво да си поминете!

3 comments:

Vlado Apostolov said...

АEGEE и што ти ја знам кој,прават протести за симињање на визниот режим. Мислам декаби било убавода се придружите.

еве линк

http://www.aegee-skopje.org.mk/modules.php?op=modload&name=News&file=article&sid=155&mode=thread&order=0&thold=0

Vlado Apostolov said...

А бе буљаши, досадни сте ко Собраниска комисија за законодавно-правни прашања.

zoltriks said...

Не да сме - не можеш да натераш никого да остави коментар, а камоли ново нешто да прати :-)