Шшш... шшш... сите учат...

Колоквиуми се ближат, па сите учат, па ќе ве замолам да бидете потивки.

Сепак тоа не е проблем да кажеме дека Васе го испративме во Гент, Белгија на Presidents Meeting (PM или по нашки „ПијеМ“). PM се одржува еднаш годишно и таму се собираат претставници (не е задолжително да бидат претседатели) на сите локални БЕСТ групи и дискутираат за иднината на БЕСТ. Освен работа има и „ПијеМ“ дел, така на пример вчера била Интернационалната вечер со најразлична храна и пијалоци од буквално цела Европа. На интернет страницата има и стриминг во живо - проверете го и пишете што сте виделе.

Знаете дека се ближи и GetMotivated, настан за тренинг и мотивација на млади членови. Настанот ќе се одржи од 7-10 декември на Попова Шапка, а вие може да се пријавите до 20 ноември 2006 со едноставно праќање на емаил на getMotivated06@gmail.com.

На крај за да ве размрдам еве едно БЕСТ видео:

No comments: