БЕСТ викендот што измина

БЕСТовците не мируваат!

Во саботата поголема група БЕСТовци беа на кино на епско-фантастичниот филм Ерагон, а после тоа во уште поголем број на ретро-актив журката на саем, каде што се забавуваа на музиката што ја слушале нашите татковци, мајки, тетки, стриковци... а во "режија" на DJ-ите како Врчак, Драган Б. Костиќ, DJ Dynamite и други.

Ведриот дух на БЕСТ го покажавме и во неделата на роденденската забава на IAESTE, студентска организација со која одлично соработуваме. Браво за организаторите за одличната и весела забава за која си добија и подарок :) Па уште веднаш ги каниме сите да ни дојдат на нашата во март кога ќе славиме јубилеј - 5 години постоење на БЕСТ Скопје!
Можеби сме мали по години, ама ГОЛЕМИ по делата!!!

No comments: