Како да се справите со блоговите ?


Во последно време, блоговиве почнаа да стануваат trendy па и луѓево почнаа да читаат многу повеќе различни блогови. Но што ако почнете да губите прегледност врз сите тие блогови: кој кога постирал, кој правел измени, кој ставал и додавал категории ... ? Еден од начините за поголема прегледност врз тие блогови е користење на интернет прелистувач кој има можност да чита ткн. "RSS feed". Еден од нив е и Mozilla Firefox, прилично моќен и соодветен (open source) интернет прелистувач за вакви ствари.

Откако ќе го инсталирате фајрфоксот, на официјалната страна од која се инсталираат екстензиите што фајрфоксот го прават најконкурентен во светот (https://addons.mozilla.org/firefox/), можете да си го симнете Wizz RSS News reader, кој ќе ви помогне во справувањето со многубројните блогови.
Ептен е лесно !
Ако има некој потешкотии нека ми пише за дополнителни инструкции.

1 comment:

zoltriks said...

Јас го користам и препорачувам Google Reader за таа намена. Има добар интерфејс, се однесува оки и кога имате поголем број на фидови и што е најважно на било кој компјутер да седнам го имам истиот интерфејс и кога ќе прочитам нешто потоа на било кој друг компјутер е прочитано (главен адут на веб базитаните AJAX апликации).