БЕСТ каленар

Една недела до доаѓањето на Новата година, период кога се случуваат многу ситни настанчиња, настанчиња кои ќе не опуштат и со кои ќе ја запомниме годината што изминала само по добрите работи.

Како да ги пратиме сите тие мали настанчиња, а да не заборавиме некој? Треба да имаме некаков потсетник или да запишуваме се во еден календар. Google Calendar е таков сервис кој ќе ви помогне да си го испланирате времето и да не заборавите некој настан.

Можеби забележавте на блогов дека од пред неколку дена и БЕСТ Скопје отвори календар на кој ќе можат сите заинтересирани да се претплатат за полесно да ги следат и да се приклучат на работите кои ги правиме.

Календарот можете да го следите преку:

  • посета на блогов - има мало коцкиче десно каде можете да ги видите сите настани, а со кликнување на некој настан може да добете повеќе инфо,
  • да се претплатите на календарот со кликнување на икончето одма под вградениот календар на блогов. На овој начин ќе добиете многу можности како на пример известување по емаил за некој настан.

Се надевам дека новиов сервис ќе ви помогне да посетите што е можно повеќе настани последнава недела од кои повеќето се забавни настани, а се разбира исто така весело ќе ја започнеме и следната година.

1 comment:

Milan said...

Е стварно, ова е свака част! Од пред ден-два го приметив ова календаров и мислам дека до сега е најбоља ствар одкога го отворивме блогот на БЕСТ! Ла ВИВА Гугл !