Поздрави од Европа!

Помина веќе една недела откако заврши „ПијеМ“ (како што би рекол Злат... а и јас се сложувам со тоа ;) ) и јас се уште се шетам низ Европа... да и баш е супер! ;)

Откако заврши Состанокот на Претседатели поседов уште два/три дена во Брисел...прекрасен град, мешавина на новото време и традицијата. Таму се собравме уште неколку БЕСТовци и пробавме да ја доловиме Белгиската култура.


Од таму, продолжив за Франција, поточно за Гренобл, место кое се наоѓа во подножјето на Алпите... целото опколено со планини. Тука бев на посета кај еден БЕСТовец кој баш пред 1 месец беша на гости во нашата ни мила Македонија. Се работи за стар град... со една стара тврдина Бастион (исто како во Париз) и многу фонтани со делфини :)

Е сега... сега ви праќам поздрави од Мадрид! Тука сум на гости кај еден учесник на нашиот овогодишен летен академски курс. Мадрид е прекрасен... голем и мешавина од различни култури. Но исто така, Мадрид е и супер место за журкање бидејки тука имате забава 24 часа преку денот... само треба да ги дознаете правите места ;)


Епа утре продолжувам за Ваљадолид на еден ден каде што треба да се видам со луѓе од различни БЕСТ настани па да продолжам понатаму за мојот следен БЕСТ настан... Порто и beRICHER, тренинг за можностите за соработка помеѓу БЕСТ и останатите институции/организации.

Епа останете ми поздравени и се гледаме за некоја недела... т.е. се гледаме право на мотивацискиот викенд!

Поздрав,
Васе

2 comments:

zoltriks said...

Арно што ти текна Васе да не поздравиш на овој начин. Поубаво е ова од разгледница :-)

Џо said...

Можеби е поубаво, ама можеш и по некоја разгледница да донесеш :)

Те чекаме на getMotivated!!!