Искуства од Краков


Беше 2011та година,јас штотуку станата бебе член на БЕСТ.Бев решена да направам нешто
поинаку тоа мое лето,и аплицирав на летните курсеви кои што ги нуди БЕСТ.Ме одбраа да одам во Краков,Полска.Бев превозбудена за таа авантура,но воошто незнаев што ми следи.На пат за Краков во авионот имав и моменти кога незнаев како така одам во непозната земја,сама,потпрена на една организација што се вика БЕСТ.Но,сеуште немав сфатено што е БЕСТ.


Во моментот кога згазив на земјата во Краков почнаа најубавите денови од мојот живот.Ме
пречекаа на аеродром,и веднаш потоа заминавме во студентскиот дом каде што те пречекуваат
безброј насмеани лица кои ти даваат најтопло добредојде.Веднаш ме обвзеде неизмерна
насмевка и бев среќна што сум таму.Сигурна дека треба да бидам таму. До крајот на денот дојдоа сите партиципанти,од 20 држави низ оваа Европа, португалка,италијанец,шпанец,русинка и други,кои единствено заедничко нешто им беше топлата насмевка и неверојатниот дух што го носеа во нив.
Незнам што беше ама веднаш почувствував некоја врска со сите нив,и нашите
организатори. Бевме склопени како совршена хармонија која одекнуваше со... со живот ! Тие
денови се чувствував едноставно жива! Денови исполнети со игри, смеења, пеење по сабајле
и навечер,танцување на дожд,бањање во фонтана,пиење пиво на тревата. Денови какви што секој човек посакува во неговиот живот. Станувавме рано,се забавувавме до доцна,искрена
да бидам секој ден бев само два часа спиена но имав енергија за целиот свет.Чудно нели? А
и самиот град допринесе во нашата совршена приказна. Со белите кочии, магичниот плоштад
и замоците целиот град е како бајка. Едноставно таму немав момент воошто да кажам дека
нешто е досадно,и кога јадеш и кога спиеш или неспиеш и кога правевме 3D анимации на
курсот,чувствував дека сум насекаде исполнета со магијата на БЕСТ. А тоа мора да го доживееш да знаеш за што зборувам.Сите зборуваат прекрасно за БЕСТ,но БЕСТ е многу повеќе од сите зборови што може да се напишат за него.

Благодарение на БЕСТ јас поминав совршени 2 недели во Краков, 2 недели каде што незнаев како да бидам посреќна. Тие 2 недели јас пораснав таму,пораснав во една исполнета БЕСТ-овка.Тие две недели се исполнети со моменти кои што за ништо на светот нема да ги заменам.Тие луѓе никогаш нема да ги заборавам. Тие луѓе живееа во моментот заедно со мене. Знаете ли дека 2 години скоро поминаа ,а групата наша од Краков си пишува повремено сеуште? Едноставно тие пријателства не умираат. За малку време успеав да направам искрени пријатели низ целиов свет.Тие луѓе знаат да живеат во убавите моменти.
Тешко е да се верува дека постојат убавини на овој свет како што е БЕСТ,но вистина е.
И секогаш кога ќе се сетам на Краков се насмевнувам,ооо која топлина ми доаѓа во градиве.Тоа
беше едно прекрасно искуство за цел живот.
Но џабе зборам, зборовите не се доволно. Отидете ! Видете ! Почувствувајте !
Ќе бидете неизмерно благодарни на БЕСТ










                                                                                                                 Стефана Филипова









Верификационо Собрание


Со новата година дојде и едно ново верификационо собрание, кое беше оддржано на 20 Јануари 2013 година. Собранието како чин , е еден од посвечените и позначајните настани, кое најчесто се оддржува најмалку двапати во годината и на кое се донесуваат значајни одлуки за понатамошниот тек на самата организација. На истото присуствуваат полноправни членови, со можност за присуство и на млади членови.


Можеби исто како и сите други но малце поразлично за мене беше ова собрание, кое ми го донесе полноправството, што секако ми претставува големо задоволство.Како што ни кажува и самиот назив, на ова собрание беше верификуван и официјално стапи на функција новиот 12ти Борд, кој што беше избран на минатото собрание и добро се докажа во изминативе 3 месеци.Секако ни се обрати и нашиот 11ти Борд, кој ни направи еден прекрасен осврт на она што го постигнале за време на нивниот мандат и не се поштедија да го пренесат нивното искуство. После примопредавањето на функцијата,меѓусебните честитки и се разбира фотографирањето, беше избран и нашиот нов вивалди одговорен. Следно што  изгласавме е главен организатор на РМ, или поконкретно регионалниот состанок, кој што годинава на наша чест и задоволсто ние ја добиеме можноста за организирање на истиот.

Нека им е со среќа на сите и само успеси да се редат оваа година.












                                                                                                       
                                                                                                        Викторија Миовска

JobFair Aachen


Едно од незаборавните моменти поминати на БЕСТ за мене беше  токму германскиот JobFair на кој што јас и Стефана земавме учество  како коорганизатори оваа  година.Тоа е најголемиот а воедно и најстариот  настан кој се одржува  секоја година во Ахен  од студентската  организација ,,Бондинг`` - нашиот партнер од Германија. Саемот  траеше 3 дена на кој се појавија 333 фирми од најразлични  области каде што секој од посетителите на саемот  имаше можност да се запознае со конкретната фирма која е неговото поле на интерес , да дознае повеќе за нивната визија и  тоа што тие  го работат како и да остави своја биографија доколку се гледа себиси како дел од нејзините професионални можности.

За  организацијата на настанот  можам да изнапишам  многу пофални зборови а сепак да не бидат доволни за да го доживеете настанот онака  како што јас го доживеав.Уште од самиот почеток  можевме да ја почувствуваме целата посветеност, точност, исполнителност и голем ентузијазам  на германските студенти  што според мене  беше суштинско за организирањето на еден така голем настан. Она што потполно не освои беше  тимскиот дух кој ги одржуваше  сите студенти да работат вредно како мравки  од раните утрински часови до доцните вечери за се да биде  организирано на едно беспрекорно ниво.
Нашата задача како коорганизатори беше  да помогнеме секаде каде што имаше потреба во делот на логистика што опфаќаше работи како пречек  на гостите, помош во  делот на кантината,  информативниот  штанд и гардеробата. Добивме и  доволно слободно време да ги посетиме предавањата од фирмите кои одсекогаш не инспирирале.
Станувавме многу  рано наутро, работевме до стемнување но на крајот од сето тоа го делевме чувството на  задоволството и среќа од добро завршената работа и заедно во вечерите  прославувавме во една од најдобрите дискотеки.
За мене тоа беше едно убаво искуство кое на секого топло му го препорачувам. Германскиот саем за вработување е еден добар пример за тоа како треба да изгледа овој настан и во нашата земја.
                                                                  




                                                                                                                                     Ангела Николовска

Студентски Василичарски оган


На 13ти јануари 2013 година, по повод празникот Василица, БЕСТ Скопје го организираше до сега најголемиот студентски оган.  Настанот се одвиваше во дворот на барака 5 на техничките факултети. Беа поканети сите студентски организации, а и сите студенти кои не се членови на ниедна од нив.

Како што е  редот и како што налага традицијата на денот на Св. Василиј замесивме василопита и внатре ставивме златник или народски речено пита со паричка. По еден претставник од секоја организација учествуваше во делењето на питата и оваа година паричката се падна на барака 5. Тоа значи дека наредната година сите организации заедно ќе допридонесат за настанот да стане уште поголем и уште поубав.
Запаливме оган, а околу него се играа ора, пееа песни. Не смееме да ги заборавиме и нашите традиционални јадења и пиења. Полна трпеза, намсеани лица, дружба па има ли поубаво од тоа?

Настанот сакаме да прерасе во традиција и секоја година да биде помасовно посетен и повеќе организации да завземат учество. Се надеваме дека ќе ни успее, но останува да видиме.



Leisure event beAwesome, Париз, Франција - Организиран од LBG Supelec


 Јас станав член на БЕСТ во октомври 2012. Воопшто немав поим што значело да бидеш член на семејството БЕСТ. Ми се насмевна среќата и го доживеав мојот прв настан со БЕСТ и тоа погодете каде?? Ооо, да токму таму, во еден од најубавите градови во светот, градот на светлината, прекрасниот Париз. Замислете 7 дена во оваа 12 милионска светска метропола, каде сите се брзаат, а нервоза никаде. Тие 7 дена нема да ги заборавам никогаш, од самото слетување на аеродромот Шарл де Гол, јас веќе бев друг човек, всушност морам да признаам, малку бев исплашен бидејќи сепак првпат доаѓам комплетно сам во комплетно непозната територија, каде не познавам никого, но тоа е БЕСТ, ти дозволува да се адаптираш на новата средина многу брзо. 

Настанот беше повеќе од она што очекувавме, најважното од сЕ, сите се однесуваа со нас како да им дошле некои високи гости, дипломати, премиери, претседатели и сл. Французите навистина се покажаа како добри домаќини, ништо нЕ ни недостасуваше, имаше повеќе од доволно. Бевме сместени во становите на студентите во студентскиот кампус на едно од најреномираните француски приватни училишта за електротехника Супелек. 


Се беше подготвено од студентите, јадења, настани, прошетки и сл. Она што ми остави најголем впечаток и покрај тоа што речиси сите 6 дена од кои 1 имав екстра, се беше интересно, но овој настан беше некако највпечатлив. Третиот ден после доручекот, нас учесниците нЕ чекаше огромно изненадување. Тоа беше настан кој навистина чини многу, а нас нЕ не чинеше ништо. Замислете, цел ден пиење и јадење бесплатно, уживање во џакузи, тркалање во огромна еластична пластична топка, одење по жица, натпреварувања во разни категории, сето ова бесплатно, цели 8 часа. Признавам, никој не се надеваше на вакво нешто, пред се ова чини многу и треба голема храброст да се направи. Навистина, тој ден никогаш нема да го заборавам. Интересни беа и другите настани, пред се прошетката низ Париз и дворецот Версај, но верувајте колку и да пишувам, не се опишува, мора да се доживее. Едноставно се заљубив во БЕСТ, едно прекрасно искуство, запознаваш луѓе од цела Европа кои никогаш до сега ги немаш видено и со нив го поминуваш настанот како да се знаете со години, навистина прекрасно.
За сите они кои го читате ова, и имате план да станете членови на БЕСТ, јас како нов член би ви препорачал, не се двоумете, не чини ништо, а ви дава многу. Кога еднаш ќе ве зарази магијата на БЕСТ, нема враќање назад. За крај би ви оставил една порака од домаќините во Франција,  “We Light Your Life!” – BEST Supelec (Ние го просветлуваме Вашиот живот!).

Дамјан Милошевски