Импресии на Сандра за Локалното Генерално Собрание на БЕСТ Скопје

Како поприлично нов член во светот на БЕСТ, кога прв пат слушнав за Локалното Генерално Собрание, имав една бледа слика во главата за тоа како би изгледало тоа. Не бев ни подготвена за она што го посведочив зошто беше толку далеку од мојата првична замисла, што немаше ни допирна точка. Тоа беше едно од најдобрите искуства досега во БЕСТ (се разбира после есенскиот курс).



Не само што стекнав огромно знаење во врска со БЕСТ и неговата работа, туку имав и шанса да посведочам едни за мене интимни моменти кои постарите членови од БЕСТ ги имаа едни со други. Немо гледав како од полноправни членови преминуваа во Алумни и добиваа ништо помалку од пофални зборови од останатите членови кои зборуваа со солзи во очите. Ја гледав и среќата во очите на младите членови додека полноправните ги редеа причините  зошто треба и тие да бидат изгласани за полноправни.




Ја имав и таа привилегија да го гледам мојот неофицијален анѓел како станува член на новиот борд кој во наредната година ќе се покаже како одличен тим. Ја чувствував таа блискост помеѓу членовите и сфатив колку секоја индивидуа го прави БЕСТ тоа што е-семејство. Како млад член имав и јас шанса да учествувам во генералното собрание, и иако требаше да ги делам ливчињата за гласање, да ги соберам и да ги прочитам истите, се чувствував како да ја имам најважната работа на светот и се чувствував гордо додека ја извршував.



На ова собрание, после долги 12 часа-кои вредеа да бидат преседени- ја добив мотивацијата да дадам се од себе за БЕСТ и максимално да пробам да се вклучам во работата за и јас еден ден, на некое наредно собрание да ги споделам тие интимни моменти на кои сега бев само observer.


by Сандра Ивановска

No comments: