Како си помина делегацијата на ЛБГ Скопје во Хања, Грција



Делегацијата на ЛБГ Скопје која се состоеше од 6 луѓе, беше подготвена да тргне на уште една авантура позната како Регионален БЕСТ состанок во Хања на островот Крит во Грција.

Регионален БЕСТ состанок е интерен настан на организацијата на кој се собираат околу 80 студенти од цела Европа кои во четиридневна програма составена од case study, workshops и discussion groups, учат повеќе за БЕСТ како организација и работат за да ја усовршат истата како и да ја направат попристапна за студентите од цела Европа.

Кога пристигнавме во Хања имавме доста топол пречек од организаторите. Самите организатори се студенти како и сите нас, па заедно бевме доста возбудени за самиот настан и подготвени да имаме уште едно незаборавно искуство исполнето со работа и забава.
Хотелот во кој бевме сместени беше навистина прекрасен. Беше веднаш до морето, а сите наши соби имаа поглед кон прекарсното Егејско море. Времето навистина ни се погоди. Никогаш не сум пливала во море во месец април, па овој настан го искористив дури и за едно вакво искуство.


Целиот распоред исполнет во тие четири дена. Преку ден работевме и учевме за БЕСТ, додека пак вечерта ја корстевме за дружба и за подобро запознавање. Уште еден настан во БЕСТ може само повеќе да те надогради. Бев навистина среќна што запознав многу нови лица, а покрај нив сретнав и некои што веќе ги познавам. Светот на БЕСТ е навистина мал. Порано или подоцна доколку често патувате ќе ги сретнувате вашите другари и другарки или пак ќе се запознавате со некои што веќе ги познаваат.

На секоја активност во текот на денот на Регионалниот состанок ние како делегати на ЛБГ Скопје навистина уживавме. Имавме слобода да одбереме на која презентација или тренинг сакаме да присуствуваме. Тренинзите беа реализирани од веќе поискусни Бестовци, кои покрај тоа што не учеа како поефикасно да работиме во БЕСТ, не учеа и како да се надоградуваме себе си и како да бидеме поодговорни во работите кои ги правиме.

Забавите беа навистина незаборавни. Дружба имаше и во текот на денот и во текот на ноќта. Дури и да си легневме доцна, иако утрото требаше да станеме во 8 часот, сепак не ни пречеше тоа, бидејќи сакавме што подолго да останаме будни за да имаме што е можно поубави и полуди моменти од ова патување.
Иако курсевите се настани кои топло ги препорачувам на секој студент, сепак и вакви интерни настани треба да се посетат. Целта на вакви настани не е само да учите и работите за БЕСТ, туку и можност да се надоградувате како личности кои подоцна ќе бидат поодговорни, а воедно и побогати со поголема бројка на пријатели ширум Европа. 


Александра Крстевска




No comments: