EBEC Balkan 2013, Sofia, Bulgaria
Додека
импресиите стојат сеуште свежи во мојата глава , ќе се обидам да ги пренесам до сите вас, за да добиете една слика што точно се случуваше и како сето тоа
изгледаше. Признавам дека бев среќна и возбудена што добив прилика да бидам дел
од овој настан и да запознаам премногу луѓе од нашиот ни Балкан. Имаше
партиципанти од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора победници на
локалните инжинерски натпревари во категориите Case Study и Team
Design кои
дојдоа на си ги одмерат силите токму во Софија-Бугарија на EBEC Balkan и да го загарантираат својот билет за Варшава. Кога веќе
ја спомнав Варшава редно е да се пофалам со нашите дечки од Case Study (Мартин Тимов, Ташо Ќосев, Александар
Тасески и Александар Спасески) најмлади, најслатки, па и победници.. е така одат тие
работи.
Додека пак нашите
дечки од Team Design кои исто
така завршија одлична работа, изработија прекрасен проект, но им фалеше малку
среќа за победа. А сега да си се навратам на организаторската работа, за која и
бев отидена и да си признаам беше доста
напорно. А и како не би било, се обидуваш да им угодиш колку што можеш на 50
луѓе сите со различни очекувања. Но трудот се исплтеше , го истуркавме настанот,
ги добивме победниците, го качуваме последното скалило. И секако , нема БЕСТ
настан без забава на крајот од денот, што би била како, ладно пиво во еден
топол работен ден. Дури и партиципантите
добија можност да изиграат еден Балкански Кантус,а тука честитки до Мостар за победата. Покрај освежување
имаше и мноогу пеење, ќе ги спомнам Црногорците кои беа толку распеани во текот
на целиот ден , секој ден од нашиот престој таму и ја ширеа својата позитивнат енергија.
Ете на кратко од мене, во прилог имате и неколку слики, а доколку сакате уште
повеќе посетете ја фан- страницата на EBEC Balkan на Facebook или официјалниот сајт http://www.ebec-balkan.com
Надица Тунтевска
No comments:
Post a Comment