Културна размена Јилдиз и Рига, Истанбул
21ви- 27ми април, 2013
Само што се вратив во реалноста. Под „реалност” мислам на нормалниот живот, оној студентскиот,
секојдневниот, на обврските и проблемите во животот. А пред тоа, погодете каде
поминав една назаборавна недела од својот живот? Па секако, во Главниот град на главните градови, еден од најубавите градови на светот, градот на два
континенти, за некои познат како Стамбол, за некои како Константинопол, ние
денес го викаме Истанбул.
Во
оваа 17 милионска светска метропола, во прекрасната Турција, јас поминав една
незаборавна недела која е дел од најубавите БЕСТ настани. Овој пат тоа беше КУЛТУРНА РАЗМЕНА помеѓу ЛБГ Јилдиз и
ЛБГ Рига од Латвија. Јас присуствував како гостин од ЛБГ Скопје и имаше уште од
една девојка од ЛБГ Санкт Петерсбург во Русија.
Пристигнав во Истанбул на 21ви април утрото во
06.30 по турско време (05.30 по македонско време). На автобуската станица
почекав околу 45 минути да пристигне автобусот од Солун со грчките патници за
не однесе заедно до плоштадот Таксим во центарот на Истанбул, каде што беше
точката на состанок со домаќините. Беше едно врнежливо утро во Истанбул, кое ми
донесе лошо расположение за ваков добар настан. Но подоцна се беше добро. Во
9.30 часот по турско време ме пречекаа домаќините на Таксим, а јас ги чекав во STARBUCKS на Истаклал, на главното шеталиште
во Истанбул. Отидовме во куќата каде што требаше да ме хостуваат и морам да
признаам дека се покажаа како одлични домаќини. Веднаш потоа таму дојде и мојот
добар пријател кого го запознав на Регионалното собрание кое се одржа во
Скопје, две недели пред тоа, Тунч. Бидејќи се знаевме
од пред тоа, веднаш реши, иако беше врнежливо да ме прошета во општината
Бешикташ, кадешто бевме сместени. Отидовме на турски чај и ќунефе, турски
десерт со мед и кашкавал. Прошетавме до Босфор и се вративме дома, бидејќи бев
изморен од патот. Вечерта имаше забава за добредојде и запознавање со
останатите учесници.
Утредента, тргнавме во поход за освојување на Истанбул,
односно разглед на градот и неговите знаменитости. Почнавме од Џамијата на
Султан Ахмед или Сина Џамија, Света Софија, Германска фонтана, Обелискот на
Теодосиј, Египескиот обелиск, Капали чаршија, Галата мостот и Галата кулата, за
на крај да завршиме на турска баклава во Каракој. Вечерта се случи позната
Интернационална Вечер, каде пробавме разни јадења и пиења од земјите учеснички.
Следниот ден беше доста интересен, се возевме со брод по
Босфор, цели 6 часа, јадевме скара, турски суџук, пиевме Сангриа и се журкавме
и запознававме со домаќините и учесниците. Тој ден стекнав многу пријатели со
кои комуницирам и сега. Вечерта отидовме на релакс мод, гледавме Лига на
шампиони во еден локален бар во Бешикташ, пушевме наргиле и пиевме турски чај.
Таа вечер помина релаксирано.
Утредента отидовме во посета на пиварата ЕФЕС Пилсен во
Истанбул, кадешто се запознавме со вработените, имавме тура низ кампусот, се
запознавме со комплетниот процес на производство и флаширање на пивото, имавме
презентација на компанијата, на крај го дегустиравме производот и имавме
коктел. Потоа отидовме во Miniatürk музејот и Пјер Лоти, висока точка во Истанбул кадешто се има
прекрасен преглед на градот. Вечерта имаше Pub
Crawling.
Следниот
ден ги посетивме островите на Истанбул, поточно најголемиот БУЈУКАДА, имавме
прошетка низ музејот, повторно јадевме скара на плажата и се забавувавме и
дружевме сите заедно, повторно зацврстив пријателства за на крај денот да го
завршиме со Game Party.
Последниот ден помина претежно мирно, имавме прошетка низ
кампусот, ректоратот и универзитетот Јилдиз во Бешикташ. Потоа отидовме во
Ортакој, најголемата суверница во Истанбул, кадешто си купивме по некој сувенир
за спомен. Вечерта беше резервирана за High
School Party, кадешто сите танцувавме и се дружевме во духот на средношколците.
Тоа беше воедно и последната забава за оваа културна размена. Утредента беше
денот за заминување и сите со тешко срце се разделивме едни од други и си
ветивме дека ќе се видиме повторно некаде низ Европа, која иако изгледа голема,
сепак е мала кога си во БЕСТ.
Така заврши и мојот трет настан со БЕСТ, во кој стекнав
многу добри пријатели во Турција со кои останав да комуницирам.
FEEL
THE MAGIC! JOIN BEST
Дамјан Милошевски
No comments:
Post a Comment