Културна Размена Скопје-Барселона-Варшава



Кој би рекол дека само 6 дена може да ме направат горда за нешто кое што се организирало подолго време и во кое било вложено многу, многу труд.            
Културна размена 2012 помеѓу три градови: Барселона, Варшава и нашето мило и мало Скопје. Три прекрасни градови со безброј културни знаменитости што многумина мечтаат да ги посетат. Три градови чија посета ни донесе нови пријателства, и можност да уживаме во нова традиционална храна, пијалоци и музика. Ни донесе програма исполнета со: безброј прошетки, посети на музеи, катедрали, безброј забави и дружења, а честа да се организира истата, кај нас, ја имав јас заедно со Симона Ангеловска и тимот на БЕСТ-Скопје.

         
 Без двоумење и со голема мотивираност ја превземав улогата за главен организатор, убедена дека истата ќе ја закити мојата, навидум млада кариера во БЕСТ-Скопје, со едно големо, ново и многу важно искуство.            
Познавајќи се себе си, и своите способности лесно се вклопив во целата „игра“ која секако ја играв заедно со „мојот“ тим од луѓе, кои со иста мотивираност како и мојата, помогнаа во успешното реализирање на целиот настан. А во целата оваа „игра“ јас научив многу работи: како да работам тимски, како да си го организирам времето, како да комуницирам и преговарам со институции, компании, со Амбасади. Научив што значи да си одговорен и колку енергија е потребно за сето тоа, но и колкаво задоволство носи убавиот збор слушнат од учесниците на крајот.          
  
Целата организација на 6 дена, нам ни одзема два месеци интензивна подготовка се со цел Учесниците од Барселона и Варшава да уживаат бесплатен престој во Македонија, со обезбедена храна, социјални активности и прошетки. На истиот начин, 20 наши студенти уживаа во убавините на Барселона и Варшава во Февруари и Јули, оваа година, со што Тројната културна размена беше целосно реализирана.      
      
Повеќе од потребно е да се спомене дека сето ова немаше да биде успешно без поддршката на дел од компаниите од Македонија. Дел од прехрамбените производи беа промовирани пред странските студенти, притоа давајќи им можност на студентите да уживаат во нашето македонско. Финансиската поддршка од друга страна пак ни овозможи да ги запознаеме гостите со нашата култура, традиција, посетувајќи други градови, музеи и знаменитости. Секако, тука ќе ги соменеме и факултеите и Полската и Шпанската амбасада за неизбената поддршка што ни ја дадоа во текот на настанот.            
Како заклучок ќе кажам: новите предизвици во нашите животи не тераат да сме упорни, да успееме, а секоја убаво завршена работа не прави горди, самоуверени и мотивирани за нешто ново.
            Фросина Ангелеска           

No comments: