Со кои доживувања си заминуваат студентите кои ја посетуваат Македонија?
10 дена за некој претставуваат само ново место.
Нова дестинација која ќе ја впишат на листата поминати места. Уште едно убаво
искуство. Но 10 дена за БЕСТ-members се многу повеќе од уште “една помината дестинација”. Со следново се надевам ќе ви ја доловам
призмата во која ние и студентите од другите земји сме
сведоци.
Им се чувствува возбудата, онаа нормална возбуда
дека посетуваш ново место. Можеби да
помало во однос на другите атрактивни европски дестинации дел од БЕСТ, но
изборот од нивна страна оди токму во Македонија, зошто претставува некое
далечно место, место со свои навики и традиционални обичаи. Место кое по се се
разликува од другите држави кои веќе се и звучни по име и по поголем процент
посетени во однос на помалку развиените. Љубопитноста за оваа мала држава со
големо срце им нараснува и тие се повеќе и повеќе аплицираат и сакаат да бидат
дел од оваа енергија што ја шириме. Со топлина и насмевка на нашите лица ги
дочекуваме. И од тој момент веќе ништо не
е исто за нив, а исто толку и за нас. Започнуваат да уживаат како
никогаш до сега, да се радуваат на секој дел од нас што не прави Македонци.
Обземени се од нашата отвореност и пријатност. Од нашата комуникативност и
менталитет. Од нашата желба да се поврземе со нив и да направиме да бидат и они
дел од нас. Играме и се смееме. Пееме до раните утрински часови. И на крајот на
денот нема еден од нив што не ја знае “ македонско девојче”J. Неверојатно е колку може човек да се
опушти помеѓу луѓе кои се странци само до првиот момент на запознавање. Колку
човек може да се зближи и да се поистоветува со тие луѓе кои го поминува секој
момент од денот. Дури и да се само тоа 10 дена. Толку многу се пронаоѓаш себе
си и си ја сакаш оваа верзија од тебе што ја гледаш низ тие луѓе. Кои токму
истите ја предизвикуваат. Несвесно се присвојуваш за сé. Се исполнуваш . И
чувството на припаѓање е посилно од било кога и знаеш дека ова сега и тука не е
само дестинација, не е само место со рандом нови луѓе. Туку место на здружување
и градење односи низ моменти кои никогаш не остануваат само во рамките на
настанот. Што е една од најубавите работи за мене, впрочем.
Има една карактеристика која го опишува секој
БЕСТ-овец, а тоа е желбата да шета и да запознава луѓе од различни култури. Да
се измеша во нив и целосно да ужива. Тогаш како е возможно да не бидеш среќен и
исполнет кога го правиш тоа? Како е возможно да не си поминеш убаво и да не се
забавуваш?
Така и тие, доаѓаат и си заминуваат од Македонија.
Со спомени кои прават да се чувствуваат како да биле присутни во неа една
година, а не десет неа. Побогати со култура која порано била непозната за нив.
Побогати со луѓе кои не ни знаеле дека постојат, а сега станале основен круг на
нивното постоење. Заљубени во нас и во искуствата заемни, секогаш се враќаат на
местото во кое започна се за нив- Македонија.
Марија Марковска
No comments:
Post a Comment