Импресии од есенски курс во Барселона
19ти јуни. You got accepted for AC BCN September 2010. Леле цело лето го чекав cептември. И нормално си го најдов најевтиниот начин да отидам во Барселона, преку Wizz Air од Софија. Па, за Софија и немам многу што да кажам, освен дека е многу мрачна и луѓето се стварно нерасположени за комуникација.
Стигнав во Барселона :) И требаше да отидам на meeting point со групата али авионот слета покасно па требаше сам да се снајдам во Барселона и да го најдам хостелот. Но хостелот во сам центар, па немав многу проблеми. Си фатив автобус од аеродром до Plaza Espana, кај што се магичните фонтани, па си фатив метро и си го најдов New York хостел. Првите бестовци што ги запознав беа Пере, Пере и Пере, тројцата огранизатори кои беа во брзање за да ја однесат храната за Welcome party каде што беа сите останати. И така со нив отидов на универзитетот UPC и ги запознав сите. Бевме 22 учесници и 30-40 домаќини. Учесниците сите програмери (nerds) како мене, сите по малку срамежливи али после првите игри веќе сите како да се знаевме од претходно.
И така се започна, после првата ноќ со многу сангрија, сабајлето мораше да се стане. И како и секое друго сабајле имавме многу креативни начини на будење, со многу песни, различни неартикулирани звуци и милите Каталонци кои се обидуваа на секој начин да не разбудат зашто постојано касневме на часовите. Но двајцата професори не ни замеруваа, дури и не охрабруваа да не го пропуштаме ноќниот живот во Барселона, кој е најдобриот во Европа. Дури и едниот професор ни даде контакт од синот за да не внесел во дискотека, но немаше потреба зашто домаќините не не оставија ни евро да потрошиме а не па да платиме влез во дискотека. Е добро сега шопингот си беше на наш терет :D
Академскоит дел беше доста интересен за нашата област, кој беше на Master ниво, но се снајдов некако да ги разберам работите, иако често на часовите гледав фаци што спијат. Темата беше Дистрибуирани системи, а научивме нешто повеќе и за Cloud Computing, алгоритмот на Paxos и програмскиот јазик Erlang. Го посетивме и најголемиот суперкомпјутер во цела Шпанија, кој до пред неколку години бил трет во светот али Американциве и Кинезиве немаат стопирачка, па сега е околу 20ти. Исто бевме и во Научниот музеј во Барселона, кај што видовме многу интересни експерименти.
Од Барселона не остана ништо што не посетивме. Цели денови ни беа организирани во шетање, часови и забави. Курсот траеше 11 дена од кои 6 имавме по 4-5 часа на ден, а се друго ни беше за уживање. За викенд бевме во Тарагона на плажа. И мојот роденден беше таму, на плажа и во вода, со многу изненадувања. Имавме Surfer's party и многу незаборавни моменти како и целото време во Барселона.
Каталонската култура ми остана во срце, храната е прекрасна, многу месо и компири, кромиди, домати и што уште не. Крема Каталана не се пропушта нормално, а сангријата е секојдневие. Правевме и кули од луѓе пред премиерот на Каталонија, зашто баш тие денови беше фестивалот Мерсе, и на улиците имаше секакви дешавки. А за затварањето огномет кај магичните фонтани, со стетлосни ефекти и синхронизирана музика. Каталонците се луѓе со најпозитивниот дух што сум го сретнал до сега. Насмеани, весели, гласни, отворени и многу потопли од нас. Постојано мислат на забава и не пропушатаат вечер а да не излезат барем до некој локален бар. Е сега не знам дали ова важи за сите Каталонци али БЕСТовците се стварно забавни луѓе.
Секоја вечер си имаше своја тематика, Doctor's party (со докторски игри), Surfer's party (роденден на плажа), Интернационална вечер (и не се сеќавам што се не пробав), Cantus (познато за БЕСТ), Pub Crawling (за ова не смее многу да се зборува, а не пак слики на ФБ да се ставаат), Cоctail Chill Out Party (chilling со коктелчиња), Fire dance party (фантастично лудување под оган).
За ова искуство имам уште многу да кажувам али и касно е веќе, а и неделава ми е колоквиумска, па и да поучам нешто не ќе биде лошо. Крајно би сумирал
BEST people, BEST city, BEST parties, BEST organizers, BEST human towers, BEST UPC, BEST Merce, BEST Sangria, BEST fire-dance, BEST fountains, BEST shots, BEST EVERYTHING
Дефинитивно едно од најдобрите искуства што сум ги имал, и нормално нема да ги пропуштам и другите две шанси да аплицирам на БЕСТ курс.
Горан Пискачев
No comments:
Post a Comment