Организирајќи го Регионалниот Состанок



Веќе две недели поминаа од завршувањето на РМ кој се одржа во Охрид на крајот од октомври, а јас никако да успеам да си ги средам впечатоците од тие три дена. Сè ми е некако во магла и сеуште се изненадувам кога ќе видам некои од сликите прашувајќи се кога сето тоа се случило...

Се присетувам, пред само шест месеци прв пат присуствував на РМ во Истанбул (иако не знаев што точно ќе се случува таму). Тогаш, некој да ми спомнеше дека ќе бидам еден од главните организатори на следниот регионален состанок, веројатно само ќе се насмевнев помислувајќи „Па добро, некои луѓе не знаат дека јас во БЕСТ сум помалку од еден месец“.
Овој пат, сè беше некако поинаку. Ги имаше истите сесии/тренинзи, истите журки, дури и истите луѓе, но одговорноста е многу поголема.
Се пријавив за главен организатор со сиот ентузијазам и мотивација во мене. Можеби тогаш некои помислија дека за млад член тоа е и преголем залак, но сега со голема гордост можам да кажам дека организиравме одличен настан и сето тоа немаше да биде така ако не беа членовите на БЕСТ.

Затоа сакам да се заблагодарам најпрво на Дејан (кој ги истрпе сите мои малтретирања без да се жали), а потоа и на сите оние кои во овој месец и половина вредно работеа, вклучувајќи ги сите што ни се приклучија непосредно пред почетокот на настанот, но сепак ја оправдаа нашата доверба во текот на тие неколку дена.
Последно, на сите оние кои се доволно мотивирани да организираат настан, ќе ви речам да не се двоумите за да се пријавите затоа што ниту (не)искуството, ниту факултетот не можат (и не смеат) да бидат пречка за вас затоа што ВИЕ СТЕ дел од БЕСТ и го можете тоа!
Симона Ангеловска

No comments: