All the (sustainable) roads lead to Rome

Нетрпеливо го чекав 19-ти јуни и постојано ја проверував web страната иако знаев дека ништо нема да има пред дадениот рок. Вечерта не сакав да ја отворам страната од трема, па излегов и пробував да не мислам на тоа. Ја отворив страницата во 2 часот и ги видов најнеочекуваните зборови испишани: Congrats! You were accepted! Не ми се веруваше дека сопрвата и единствена апликација сум примена! Иако знаев дека октомври е далеку, сепак две недели бев во еуфорија како да ќе одам утредента J. На 3-ти октомври тргнав изутрината за Софија (поефтини летови нели), па од таму пристигнав во Рим. На Фиумичино ги почекав куферите прилично долго време (italian time бил изразот што подоцна го дознав J), поради што ја пропуштив половината од Welcome party L. Кога конечно стигнав со воз на Термини, беше прекрасна и топла ноќ во Рим. Хостелот беше многу блиску, но поради багажот трнав со такси. Mи се јави главниот организатор Даниеле, загрижен поради моето доценење. За 15 минути се сместив и пресоблеков во хостелот и Даниеле и уште неколку организатори дојдоа да ме земат и да ме однесат во еден парк во близината кадешто поголемиот дел од учесниците и организаторите веќе беа пристигнати и седеа во прилично голем сиркул J (круг изговорен на италијанско-англиски што подоцна стана повик за сите игри). Потоа следуваше моето претставување и една певлива песничка која одеше: “Who’s from Macedonia stand up, stand up, stand up…” при што ми беа дадени неколку чаши вино кои морав да ги испијам веднаш J. Понатаму се играа игри и сите се запознававме меѓусебе, секој сакаше да поразговара со секого, некои беа срамежливи, а некои кои подоцна дознав дека се поискусни со БЕСТ, тотално опуштени. Откако заврши забавата се вративме во хостелот.

Јас бев сместена со уште 6 други учесници, Кристобал и Марио од Шпанија, Педро од Португалија, Ајда и Неа од Словенија и Адела од Словачка. Утредента имавме свечено отварање на курсот на универзитетот Сапиенца, на кое присуствуваше и деканот и ни одржа говор за добредојде. Учесниците на курсот беа студенти од различни области: машински инженери, хемиски инженери, архитекти (како мене), биолози, електро инженериСекој ден имавме предавања, организаторите имаа предвидено прилично напорен распоред бидејќи сакаа да добиеме по 2 ЕКТС кредити, па имавме малку слободно време за прошетки низ Рим, но сепак во времето предвидено за City Rally и другите активности, ги видовме најзначајните знаменитости на градот. Во предавањата беа предвидени и посети на центарот за истражување на соларна енергија ENEA, посета на национален парк и Techno Town, кадешто можевме да ја согледаме практичната примена на одржливите системи. Вечерните забави беа незаборавни, секоја вечер беше прекрасно организирана, било да се одржуваше во просториите блиску до универзитетот или пак некаде низ градот. Така една вечер имаше Rubic cube Party, една вечер бевме на плоштадот San Lorenzoкадешто се собираат сите студенти од цел Рим и атмосферата е преубава, една вечер бевме во областаTrastevere во која се наоѓаат многу барови и мали кафулиња, една вечер не однесоа надвор од Рим во нешто слично како нашите кафани а ја нарекуваат Fraschetta, една вечер беше резервирана за дискотека и една вечер беше Интернационална вечер... Сепак најубавиот дел од целиот курс за мене беше викендот кој беше резервиран за камп надвор од Рим. Местото во кое бевме се вика Сабаудиа, има огромна и преубава песочна плажа, а времето беше прекрасно па успеавме дури и да се бањаме во море. Кампот беше изнајмен само за нас – околу 40 луѓе, учесници и организатори, спиевме во бунгалови а за јадење готвевме неизбежна паста за која добивме лекции од италијанците како се прави на правилен начин и научивме дека колку и да се трудиме неможеме да ја направиме правилно на италијанскиот начин J. Вечерните забави беа проследени со многу алкохол, игри и пеење, а една вечер беше резервирана за Cantus. Тоа беше воедно и најубавата вечер од целиот курс. После викендот сите бевме многу поблиски и имавме чувство дека се знаеме многу долго време. Италијанците ми оставија прекрасен впечаток, сите беа премногу фини и љубезни, организаторите се потрудија да не ни недостига ништо и да имаме се што ќе посакаме. По менталитет се многу слични со нас македонците, уживаат во забава, добар сеир и трач (за gossip wall-от бевме задолжени девојчињата од Балканот и италијанките) и знаат да направат одлична атмосфера. Само ни се налутија бидејќи се жалевме за тоа дека јадеме премногу паста (обожавам паста, но два пати во денот дури и за мене беше премногу J). Храната што ја добивавме беше прекрасна и покрај неизбежната паста што ја јадевме како предјадење. Последната вечер беше Farewell Party која сите ја доживеавме емотивно, секој сакаше со секого да се поздрави и да си дораскаже она што останало некажано... Ни поделија мали книги во кои секој требаше на секого да му напише по некој збор и сите си ветивме дека sometimes, somewhere we’ll do it again again again, а доколку не… We will always have Rome!

Маја Даскаловска


Импресии од есенски курс во Барселона

19ти јуни. You got accepted for AC BCN September 2010. Леле цело лето го чекав cептември. И нормално си го најдов најевтиниот начин да отидам во Барселона, преку Wizz Air од Софија. Па, за Софија и немам многу што да кажам, освен дека е многу мрачна и луѓето се стварно нерасположени за комуникација.
Стигнав во Барселона :) И требаше да отидам на meeting point со групата али авионот слета покасно па требаше сам да се снајдам во Барселона и да го најдам хостелот. Но хостелот во сам центар, па немав многу проблеми. Си фатив автобус од аеродром до Plaza Espana, кај што се магичните фонтани, па си фатив метро и си го најдов New York хостел. Првите бестовци што ги запознав беа Пере, Пере и Пере, тројцата огранизатори кои беа во брзање за да ја однесат храната за Welcome party каде што беа сите останати. И така со нив отидов на универзитетот UPC и ги запознав сите. Бевме 22 учесници и 30-40 домаќини. Учесниците сите програмери (nerds) како мене, сите по малку срамежливи али после првите игри веќе сите како да се знаевме од претходно.


И така се започна, после првата ноќ со многу сангрија, сабајлето мораше да се стане. И како и секое друго сабајле имавме многу креативни начини на будење, со многу песни, различни неартикулирани звуци и милите Каталонци кои се обидуваа на секој начин да не разбудат зашто постојано касневме на часовите. Но двајцата професори не ни замеруваа, дури и не охрабруваа да не го пропуштаме ноќниот живот во Барселона, кој е најдобриот во Европа. Дури и едниот професор ни даде контакт од синот за да не внесел во дискотека, но немаше потреба зашто домаќините не не оставија ни евро да потрошиме а не па да платиме влез во дискотека. Е добро сега шопингот си беше на наш терет :D
Академскоит дел беше доста интересен за нашата област, кој беше на Master ниво, но се снајдов некако да ги разберам работите, иако често на часовите гледав фаци што спијат. Темата беше Дистрибуирани системи, а научивме нешто повеќе и за Cloud Computing, алгоритмот на Paxos и програмскиот јазик Erlang. Го посетивме и најголемиот суперкомпјутер во цела Шпанија, кој до пред неколку години бил трет во светот али Американциве и Кинезиве немаат стопирачка, па сега е околу 20ти. Исто бевме и во Научниот музеј во Барселона, кај што видовме многу интересни експерименти.
Од Барселона не остана ништо што не посетивме. Цели денови ни беа организирани во шетање, часови и забави. Курсот траеше 11 дена од кои 6 имавме по 4-5 часа на ден, а се друго ни беше за уживање. За викенд бевме во Тарагона на плажа. И мојот роденден беше таму, на плажа и во вода, со многу изненадувања. Имавме Surfer's party и многу незаборавни моменти како и целото време во Барселона.
Каталонската култура ми остана во срце, храната е прекрасна, многу месо и компири, кромиди, домати и што уште не. Крема Каталана не се пропушта нормално, а сангријата е секојдневие. Правевме и кули од луѓе пред премиерот на Каталонија, зашто баш тие денови беше фестивалот Мерсе, и на улиците имаше секакви дешавки. А за затварањето огномет кај магичните фонтани, со стетлосни ефекти и синхронизирана музика. Каталонците се луѓе со најпозитивниот дух што сум го сретнал до сега. Насмеани, весели, гласни, отворени и многу потопли од нас. Постојано мислат на забава и не пропушатаат вечер а да не излезат барем до некој локален бар. Е сега не знам дали ова важи за сите Каталонци али БЕСТовците се стварно забавни луѓе.
Секоја вечер си имаше своја тематика, Doctor's party (со докторски игри), Surfer's party (роденден на плажа), Интернационална вечер (и не се сеќавам што се не пробав), Cantus (познато за БЕСТ), Pub Crawling (за ова не смее многу да се зборува, а не пак слики на ФБ да се ставаат), Cоctail Chill Out Party (chilling со коктелчиња), Fire dance party (фантастично лудување под оган).
За ова искуство имам уште многу да кажувам али и касно е веќе, а и неделава ми е колоквиумска, па и да поучам нешто не ќе биде лошо. Крајно би сумирал
BEST people, BEST city, BEST parties, BEST organizers, BEST human towers, BEST UPC, BEST Merce, BEST Sangria, BEST fire-dance, BEST fountains, BEST shots, BEST EVERYTHING
Дефинитивно едно од најдобрите искуства што сум ги имал, и нормално нема да ги пропуштам и другите две шанси да аплицирам на БЕСТ курс.

Горан Пискачев

Организирајќи го Регионалниот Состанок



Веќе две недели поминаа од завршувањето на РМ кој се одржа во Охрид на крајот од октомври, а јас никако да успеам да си ги средам впечатоците од тие три дена. Сè ми е некако во магла и сеуште се изненадувам кога ќе видам некои од сликите прашувајќи се кога сето тоа се случило...

Се присетувам, пред само шест месеци прв пат присуствував на РМ во Истанбул (иако не знаев што точно ќе се случува таму). Тогаш, некој да ми спомнеше дека ќе бидам еден од главните организатори на следниот регионален состанок, веројатно само ќе се насмевнев помислувајќи „Па добро, некои луѓе не знаат дека јас во БЕСТ сум помалку од еден месец“.
Овој пат, сè беше некако поинаку. Ги имаше истите сесии/тренинзи, истите журки, дури и истите луѓе, но одговорноста е многу поголема.
Се пријавив за главен организатор со сиот ентузијазам и мотивација во мене. Можеби тогаш некои помислија дека за млад член тоа е и преголем залак, но сега со голема гордост можам да кажам дека организиравме одличен настан и сето тоа немаше да биде така ако не беа членовите на БЕСТ.

Затоа сакам да се заблагодарам најпрво на Дејан (кој ги истрпе сите мои малтретирања без да се жали), а потоа и на сите оние кои во овој месец и половина вредно работеа, вклучувајќи ги сите што ни се приклучија непосредно пред почетокот на настанот, но сепак ја оправдаа нашата доверба во текот на тие неколку дена.
Последно, на сите оние кои се доволно мотивирани да организираат настан, ќе ви речам да не се двоумите за да се пријавите затоа што ниту (не)искуството, ниту факултетот не можат (и не смеат) да бидат пречка за вас затоа што ВИЕ СТЕ дел од БЕСТ и го можете тоа!
Симона Ангеловска

Импресии од летен курс во Ајндховен, Холандија

Симона Серафимовска за летниот курс Come on baby, light my fire во Ајндховен
Многу успешна програма за така мал град од 300.000 жители, замислете намаше ни еден досаден момент...викенд во холандско село и викенд во Амстердам, со сите салтанати :)))Со еден збор курс од соништата...не ми е јасно како можеа сите партиципанти да се погодат со карактерите и се да биде така едноставно и забавно...За организацијата морам да ги пофалам Холанѓаните, замислете целиот транспорт за време на курсот беше со велосипед, поточно сите имавме свој...дури возевме и до селото(25км). Професорите за мерак, предавањата повеќе од интересни, а тестирањето формалност...подобро не можеше да испадне....
Така што, мили мои потенцијални БЕСТовци, да не бев веќе дипломирана и да немав учествувано на 3 курса, воопшто немаше да се мислам дали да се пријавам за следната сезона...
Поздрав, Симона

Моите БЕСТ фотографии


Се присетувам... Хахаха, насмевка на моето лице и одеднаш треперење на срцето. Не можам да се радувам. До душа - можам, ама на работ сум да заплачам. Ми се измешаа чувствата. Станав алумни. Не ми изгледа воопшто својствено за мојот темперамент.


И додека ја читав честитката од Елени... Милион спомени енергично ми поминаа низ глава. Ги отворив најгорните фиоки исполнети со спомени: тефтерот од БЕСТ, листови - БЕСТ, БЕСТ, БЕСТ, и поститсот ми се со БЕСТ моменти, ќесичките од JobFair, карти што сум патувала, финансиски извештаји... Визитки: мои, од тебе, од него, од неа, од една фирма, од друга фирма... Ете ми ги и name-tags. Ох, човече, колку ги има... Како сум успевала?

Ете ми го и албумот со фотографии... Боже, колку е голем. Настани, родендени, викенди, скари, патување, аеродроми, возови... Ах, спомени...

Чекај, чекај... Хахаха, каква фотографија, Блаже и јас во количка на едно тркало, Кристофорос од Солун покриен со македонското знаме... Хахахах, слика каде сите сме на лизгалки, а Симоне е бос на мразот... Се присетувам, вака почнав!

Наредната страница... Оооооо, мојот роденден во канцеларија. Сите сме: и БЕСТ-овци и ИАЕСТЕ-овци и дечките од Сојуз. Сега ми текна, алумните не дојдоа тогаш >:I Зарем не знаевте дека ќе ве сакам сите вас повеќе од сите останати? =)

Ете ја сликата со Goodbye ROMA и јас како плачам пред Римската полиција =/

Курсот на Илина... Ајваријадата во Богомила! Хахаха, јас, Елени и Мало со кантите сирење и со ќумбињата. Сум си напишала под сликата: Симон, Елен и Мал! XD Се сеќавам се прекрстивме тогаш во машки имиња =) Ете ја и Мало со преврзан прст на рака. О Симона, Симона!

Париз... Париз!!! Може ли да биде толку прекрасен??? ...И пак JobFair, фамозниот курс 2009. Среќа во овој мој “албум“ можам да ставам и видеа. Ете го провокативното видео со Мулен Руж! Каква вечер!!! =) Еј, некој не сликал мене, Елени и Ивана како носиме пакети со гравче-тавче од Чаршија =р Хахаха, ете сме и како го бришеме подот од барака 3... Никогаш не било тоа проблем за нас.

Вртам понатаму... Јас и Нина, јас и Нина на другата фотографија, и пак јас и Нина... Ах ете ги и странците на една кај што ја прават најголемата маичка, на плажа во Дојран. И пак јас и Нина, јас и Нин... Позерки што би рекла Софи! Хихихихи...

И злобната теткица од Еуротел ја има. Ббббб... Групната слика од сите учесници на Генералното собрание во Варшава... Фотографии од таа интернационална вечер... Хахаха, да не се тие - кој би се сеќавал што се случуваше?!

Родендени, прослави, пијанки, кафани... Премногу се! Ќе ми треба многу време за да си ги средам сите впечатоци.

Ах, ти БЕСТ, знаеш ли дека ме помести од оската на вртење? Не, не ме помести, туку ми ја смени цела насока на вртење... Сега денот ми почнува со едно сонце, жолто и топло и насмевки од луѓето што не познаваат и мене и тебе, а ги гледаме секојдневно низ градов.

Ах, ти БЕСТ, знаеш ли колку нови луѓе ми донесе во животот? Види ги, секој од нив е на посебна страна во мојот албум. И за секој имам посебна приказна.

Ќе ми треба мирен ден, некаде, сама, за да ги прочитам сите приказни од овие фотографии, што се проткајале овие три години.

Последниот том од досегашната моја биографија, уредно ќе го затворам и ќе го сместам на полицата со другите томови. Јас продолжувам понатаму со творењето на мојот живот.

А ти... Чувај се, зошто ми значиш!
Симона Ангелеска

Импресии од летен курс во Лвив Украина



Димитар Крстевски за курсот во Лвив
После долг пат од 37 часа поминати во воз стигнав во Лвив. Желен за шетање решив сам да го најдам хостелот и да се сместам. Сместувањето помина во најдобар ред, освен тоа што никој во хостелот немаше појма за студентите од BEST. Планот се променил додека сум патувал, го смениле хостелот. Пратив порака до огранизаторот и додека чекав повратна информација решив да одам до центарот и да го разгледам градот (поголем од Скопје). Шетајќи низ градот стигна повратна SMS порака која гласеше: “Come to your hostel NOW!!!!”. Најбрзо што можев се вратив назад, ме чекаше девојката која требаше да ме пречека на железничката станица изморена барајќи ме. Така започна мојот летен курс.
Следуваше интернационалната вечер која започна со македонска ракија, па следуваше шанска сангрија,
porto wine, украинска и полска водка, фанцуски шампањ, па овошно пиво од Белгија и за крај Mongolian коктел (слој од пепси, пиво и водка) во 2dl чаша и се пие на екс. Искрено јас не сум по алкохолот, но гледајќи како другите се уживаат, и јас уживав исто толку.
Деновите поминати во Лвив беа незаборавни. Стануваш во 7 после нецели 2 часа спиење, доручкуваш и идеш на предавање од 9. Ручекот беше во 12, а за јадењето да не зборувам. Секој ден како предјадење имаше најразлична супа, која на изглед беше многу чудна а на вкус незнам
:). Главното јадење некогаш беше добро, а некогаш изгледаше супер а вкус немаше, сепак иако бирам многу што јадам кога бев гладен јадев чудни работи како гречка. По ручекот следуваа практични вежби, правење на wi-fi booster, touch screen и слични работи, а главната практична задача ни беше инсталирање на IP камера со поглед на стариот град во познатиот Dnister хотел во Лвив http://dnister.lviv.ua/en/about/web-camera
Преостанатиот дел од денот се поминуваше во забава и дружење. Ноќниот живот во Лвив е прекрасен, има голем број на пабови, секој со свој уникатен изглед како однадвор така и одвнатре. На врата те пречекуваат луѓе со пушки и те прашуваат за лозика, ако не ја знаеш нема влегување
:). Диско клубот кој го посетивме е прекрасен со 3 посебни стејџа. Украинките се премногу лубезни а особено со странци, уживаат да ги покажат своите играчки способности.
Имам уште премногу импресии од овој курс, како незаборавното езеро кое наликуваше како да сме во Кина а не во Украина, возот кој иако поголем од нашите беше премал за да ги собере сите патници, камперскиот викенд на Карпатите и дождот со кој се соочивме ....
Се прашувате зошто
BEST? Затоа што имав НЕЗАБОРАВНО лето со пријатели од цела Европа, научив доста нови работи и затоа што едвај чекам повторно да одам на некој курс, а да не се BEST таа шанса нема да ја имам.

Дипломски поздрави и честитки


Оваа година неколку сегашни и поранешни членови на БЕСТ станаа академски граѓани, а еден член доби алумни статус. Софи, Џо и Злате сега се електроинженери. Ивана и Елена станаа дипломирани економисти, Анела и Аце - фармацевти. Алек Р. е етнолог, а Симона - земјоделски инженер. Алек Н. е алумни.
Честито дипломи и уште повеќе успеси во иднина.

Инспирирана од Генералното собрание на БЕСТ 2010, Варшава

ГА... Го видов тоа што го очекував, ама не ги очекував овие пријатни чувства што преовладуваат во мене... =)

Патувавме цели 48 часа, со едвај спиење зошто куферите мораше да ги чува некој. Фред не посоветува да се движиме лево-десно за да не заспиеме, ама мускулите на нозете ни беа толку вкочанети што едвај можевме да отидеме до информационата табла за да прашаме кога е нашиот автобус/воз. Затоа зборевме. Ги споделувавме нашите импресии од последното патување. И Васе ќе праша: која е енергијата што ве тера да поминувате толкав пат, да поминувате толку време, да не спиете, да трошите пари за оскудни сендвичи и салати...? Седејќи во “plenary“ ги испуштав одредени презентации зошто размислував и се чудев на енергијата што не соединила толку многу луѓе со иста цел. Дури пријатно несфатливо е како овој наш БЕСТ се одржува толку време. БЕСТ расте енормно брзо. Свесни сте за тоа? И јас би им се придружила на солзите на новите ЛБГ бебиња кои се радуваа на новиот статус.

250 луѓе ја пееја: Summer of 69... Those were the BEST days of my life!!! Зарем нема да Ве наежи звукот на ударите на маса додека чекаме за новата презентација? Зарем нема да ви разнежни глетката дека 250 луѓе застанати во средина на сала играат на Simply the BEST како мали деца на свеченото затворање на ГА? Јас се разнежнив, верувајте. =)

И ние имаме live streaming за да можете сите да следите како се грижиме за една наше животно богатство, и ние имаме finger rules, и ние имаме перформанс за Tunak-tunk што и газдите на хотелите го играат, и ние имаме интернационална вечер со преку 30 маси, и ние имаме “дебилни“ wake up games кои сите ги играме, и ние имаме цела една огромна група на млади луѓе што исто како и ти одбрале да се дел од БЕСТ... И ете го Васе: зошто баш БЕСТ и зошто баш јас???

Баш заради ова прекрасно попладне кога наместо да учам, барам време да се видам со вас за да ви кажам како било, за да ви кажам коку вреди сето потрошено време, за да ви кажам дека луѓето и моментите споделени во БЕСТ, можеби и никогаш нема да можеме да ги заборавиме. Не сум БЕСТ-холик како што има низ Европава =), ама знам да го ценам она што не качува на погорните скалила во животот ;)

Поздрав до сите.
Симона