"Се СКАРАвме на Матка" :-)

Една средно-голема група од членови на БЕСТ и нивни пријателчиња во неделата, 22.04.07 бевме да ги посетиме убавините на кањонот Матка. Арно ама целиот ден за нас не беше така едноставен.
Прво се загреавме со Радишанска ракија и мешана салата (здрав живот). После сите со кајче со пента и без платно поминавме од другата страна на езерцето да се качуваме на врвот на планината, додека пак нашите скара-мајстори останаа да ни приготват (поздрав за нив). Иако беше стрмно и топло, сите се искачивме барем до манастирот, а многу од нас и до врвот. Е кога се вративме не чекаше топла скара. Се најадовме, се напивме и кој како знаеше си фати место да си подлегне или да се забавува со некоја игра.
Кога остана уште малку од денот, се натоваривме пак на кајче и заминавме да ги видиме убавините на кањонот. Сите воодушевени се вративме, поседовме уште малку и после заедно со останатите си дојдовме дома.
Поминавме СУПЕР. Жал ми е за тие што не можеа да дојдат, бидејќи се на пат. Криво да им биде на тие што можеа да дојдат, а не дојдоа. Се надевам дека следниот пат ке дојдете сите.
Ќе одиме пак. Сакате нели?

Подоле имате и галерија. Една слика, 1000 зборови!

2 comments:

Crna said...

Браво. Само ме интересира кога ќе има следен пат?

Поздрав Црна

Mikey said...

Епа за следен пат, ќе бидете благовремено известени :)
А ако некој сака да организира нека повели.

Поздрав Mikey