Вечерва, БЕСТ екипа на суши
Само што се вратив од суши ресторанот "Nobu - sushi & bar" каде што се собравме мала банда БЕСТовци да се релаксираме после работната атмосфера во канцеларија.
Иначе, местото е супер... така малку и попрефинето можеби за нас студентаријата, но ако, па и ние сме фини!
Јас како тврдокорен тревопас си нарачав нешто... не знам што беше, ама вкусно беше :Р Елена ми се придружи со вегетаријански сендвич кој испадна баш паметен избор во однос цена/перфоманси, а останатата банда БЕСТовци беа храбри - земаа голема порција суши, дури 4 вида + една златна рипка :Р
Атмосферата беше пријатна, тивка музика во позадина + Александрија бела во мраз веднаш до наша маса ;)
Епа само можам топло да ви ги препорачам местово и кога имате време и “време“ поминете... се наоѓа карши Бастион - кликни тука за локација.
Поздрав и убави сништа!
Update: Иле успеа да ја долови и атмосферата... колку што се може со мобилка :Р
7 comments:
Да видите само како јадеме со стапчиња „без“ да ни лета храната низ маса :-)
Атмосферата беше пријатна, тивка музика во позадина + Александрија бела во мраз веднаш до наша маса ;)
Чекај, ако добро разбрав, бела Александрија пиеја комшиите на соседната (веднаш до вашата маса) ? :)
Ne be, ova ti e eliten restoran, vinoto ti stoi vo drzac so led od strana na masata ;-)
Не бе, Александријата беше за нашата маса ама си стоеше фино во мраз понастрана и туку плавушата ќе дојдеше да ти досипе во онаквите тегла чаши:)
Е морам да убацам дека:
ја како дете од село првпут ми беше овакво префинето пиење вино у мраз,пошто ми си имамо коперацију.
Еј, фино сте си поминале, а не викате..... :(
Ај ѕирнете го и ова, кога сме за ориентална храна http://www.restaurants.com.mk/restoran.php?restoran=29
Во саботите од 20-22 часот има "шведска маса" на кинески специјалитети за само 6 евра.
Ресторанот се наоѓа спроти руската амбасада
Najloshiot i shto e ushte pochudno, najskapiot sushi bar vo koj shto sum bila vo zhivotot! Nema nikogash povtorno da stapnam tamu!
Post a Comment