БЕСТ место за викендов - Станбола

Мерхаба!

Овој викенд дел од нас бевме на регионалниот состанок во Истанбул... да не кажам Цариград и си поминавме екстра!

Времето не ни се погоди баш... дури доживеавме и снег да заврне во Истанбул, но покрај дружбата, журкањето и љубезноста на турците, кој приметува за времето :Þ плус, кога ќе ви кажам дека бевме само балканци на овој состанок, не треба повеќе да зборам за веселата атмосверата ;)

А да не спомнувам како ми се исполни срцето кога на интернационалната вечер ги видов сите како ја пеат „Македонско девојче“ + по некое време ја пуштија и „Стани моме да заиграш“, кој да верува дека ја имаат таа песна во еден мал дискач позади шеталиштето Истиклал.

Поздрав,
Васе

3 comments:

zoltriks said...

Слики, брзо слики да видиме - абе Џо се врати?

Latifovich said...

ООО Мерхаба Васе, А што имаш да кажеш за турчинките ? :P

Џо said...

Ми требаше скоро цела недела да се вратам во нормала после Истанбул! Уствари, за мене не беше само Истанбул, туку беше Белград, Софија, Свиленград, Истанбул - па назад до Ниш, а за малку ќе продложев и накај Солун :)

Сега го чекаме Васе да се врати од претседателски состанок, да донесе слики, па ќе видите колку убаво си поминавме! :)