Google Groups Beta

Од самото постоење на БЕСТ Скопје важен дел од комуникацијата помеѓу членовите се одвива преку е-пошта, односно преку таканаречените „мејлинг листи“.

Yahoo Groups

Сервис за групно праќање на е-пошта кој во моментов го користиме и кој ни „врши работа“ е сервисот Yahoo Groups. „Ни врши работа“, бидејќи скоро и да не ги користиме опциите кои се овозможени од web пристапот на групите, како календар, опцијата за ставање слики, за анкети и слични тракатанци. Единствено го користиме за основната функција - праќање масовна е-пошта.

Зошто не ги користиме тие опции кога би ни биле корисни? Нели би можеле да ставиме некоја слика во Photos делот или да ставиме некој настан во календарот или некоја датотека во Files делот или некоја анкета или ... Гледам дека во делот за бази има започнато и „Именик“ меѓутоа и тој не е заживеан.

Епа, не ги користиме овие опции бидеќи Web интерфејсот на Yahoo Groups едноставно НЕ ГО БИВА! Полн е со реклами во Flash, лош е за користење (сте пробале ли да ги читате пораките преку неговиот интерфејс директно?) и на крај - не поддржува кирилица.

Ново дете у маало

Google Groups Beta е ново дете кое се појави неодамна. Има добар интерфејс (сличен на ширококористениот GMail) и на него може да се најавувате со вашата GMail сметка (еднаш најавени на GMail автоматски сте најавени и на Google Groups), па така тие што сакаат ќе можат да ги читаат пораките преку веб интерфејсот и да не го заглавуваат своето сандаче за е-пошта. Со тоа што ќе се посетува веб интерфејсот ќе се користат и опцијата за поставување на датотеки (100 MB простор) и опцијата за едноставно креирање на веб страници, ќе може конечно да користиме кирилица (кој сака) и на крај најважно - има опција за сликички за членовите ;-)

Единствено нема некои од опциите на Yahoo Groups кои ги кажав погоре (календар, анкети, база...) кои како што видовме ги немаме ни користено до сега.

Префрлање

Ајде да се префрлиме на Google Groups!

Прво предлагам да се префрли best_skopje групата каде има помалку членови и малку поискусни, па врз основа на тоа искуство да се оди и на bestsk_members. Новите групи треба да си ги задржат старите Yahoo имиња поради веќе створените навики.

Групите веќе ги креирав, веќе има и неколку членови кои ги тестираат можностите. После одреден период тестирање може да почнеме со префрлање доколку сте за. Google Groups е во бета фаза на развој и поради тоа некој би се посомневал во квалитетот на сервисот, но во Google светот бетата е на многу висок степен на употребливост - GMail е исто така бета, па му нема рамен :-)

Кој сака да биде вклучен во тестирањето нека ме извести.

Забелешка - доколку основната страна на www.google.com ви е подесена да се прикажува на македонски јазик нема да можете да ја видите новата бета верзија на Google Groups туку ќе ве враќа на стариот Google Groups кој е многу ограничен со опции. За да може да ви се прикаже новата бета верзија треба да одите на http://www.google.com/ и таму дa се префрлите на англиски јазик.

1 comment:

zoltriks said...

Бидејќи линкот до текстов го пратив повторно на листа и префрлувањето е повторно во шема да напоменам -

Google Groups излезе од бета фазата - не е повеќе бета.