Мотивациски Викенд Караџица - април 2015
Да се биде дел од
тимот на БЕСТ е прекрасно чувство што е тешко да се долови со зборови.
Енергијата која владее во организацијата зрачи и исполнува и со цел да се одржи
ваквата енергија потребно е членовите добро да се познаваат меѓу себе и
постојано да се мотивираат. За да се постигне ова редовно се организираат
мотивациски викенди. Овој пат честа да бидеме главни организатори ја имавме
токму ние, Стефи и Влатко.
Од 17-19 април се
одржа уште еден, не помалку легендарен од претходните, мотивациски викенд во
Караџица. Подготовките вклучуваа три неделно организирање на превоз, сместување,
сесии и секако најдобри забави за луѓето кои почнуваш да ги гледаш и сакаш како
најблиско семејство. Во текот на подготовките наидовме на препреки кои ништо не
и можеа на нашата тимска работа и не нѐ спречија да успееме во нашата мисија да
организираме вистински БЕСТовски, незаборавен викенд. Бидејќи оваа функција и
за двајцата беше првото одговорно искуство во БЕСТ, помошта и поддршката која
ја добивме од бордот и целото членство беше повеќе од добредојдена.
Трите дена во
Караџица прелетаа брзо (исто како и патот до таму :P). Тоа се случува кога си опкружен со исклучително
забавни, позитивни и мили луѓе. И иако не одеше сѐ според планот и ја имавме
таа (не)среќа да ни снема струја, сепак си поминавме најубаво. Имаше смеење до
солзи, се стекнаа нови пријателства (дури и интернационални бидејќи имавме
гостин од Турција), се проширија нови трачеви, се уживаше во прекрасниот поглед
од планинарскиот дом и се поднаучи информација повеќе за работата на БЕСТ.
Апсолутната среќа
која ја чувствуваш во моментот кога ќе те изберат за главен организатор двојно
се зголемува кога ќе добиеш позитивен фидбек од сите присутни на мотивацискиот
викенд и ќе знаеш дека твојата работа придонела за кревање и одржување на
БЕСТовскиот дух. Бевме присутни на еден мотивациски викенд за кој се погриживме
уште долго да се зборува.
No comments:
Post a Comment