Како поприлично нов член во светот на БЕСТ, кога прв пат слушнав за Локалното Генерално Собрание, имав една бледа слика во главата за тоа како би изгледало тоа. Не бев ни подготвена за она што го посведочив зошто беше толку далеку од мојата првична замисла, што немаше ни допирна точка. Тоа беше едно од најдобрите искуства досега во БЕСТ (се разбира после есенскиот курс).
Не само што стекнав огромно знаење во врска со БЕСТ и неговата работа, туку имав и шанса да посведочам едни за мене интимни моменти кои постарите членови од БЕСТ ги имаа едни со други. Немо гледав како од полноправни членови преминуваа во Алумни и добиваа ништо помалку од пофални зборови од останатите членови кои зборуваа со солзи во очите. Ја гледав и среќата во очите на младите членови додека полноправните ги редеа причините зошто треба и тие да бидат изгласани за полноправни.
Ја имав и таа привилегија да го гледам мојот неофицијален анѓел како станува член на новиот борд кој во наредната година ќе се покаже како одличен тим. Ја чувствував таа блискост помеѓу членовите и сфатив колку секоја индивидуа го прави БЕСТ тоа што е-семејство. Како млад член имав и јас шанса да учествувам во генералното собрание, и иако требаше да ги делам ливчињата за гласање, да ги соберам и да ги прочитам истите, се чувствував како да ја имам најважната работа на светот и се чувствував гордо додека ја извршував.
На ова собрание, после долги 12 часа-кои вредеа да бидат преседени- ја добив мотивацијата да дадам се од себе за БЕСТ и максимално да пробам да се вклучам во работата за и јас еден ден, на некое наредно собрание да ги споделам тие интимни моменти на кои сега бев само observer.
by Сандра Ивановска
Како си помина делегацијата на ЛБГ Скопје во Хања, Грција
Напишано од
Damian Mills
во
Wednesday, May 14, 2014
Делегацијата на ЛБГ Скопје која се
состоеше од 6 луѓе, беше подготвена да тргне на уште една авантура позната како
Регионален БЕСТ состанок во Хања на островот Крит во Грција.
Регионален БЕСТ состанок е интерен
настан на организацијата на кој се собираат околу 80 студенти од цела Европа
кои во четиридневна програма составена од case
study, workshops и discussion
groups, учат повеќе за БЕСТ како организација и работат за да ја
усовршат истата како и да ја направат попристапна за студентите од цела Европа.
Кога пристигнавме во Хања имавме
доста топол пречек од организаторите. Самите организатори се студенти како и
сите нас, па заедно бевме доста возбудени за самиот настан и подготвени да
имаме уште едно незаборавно искуство исполнето со работа и забава.
Хотелот во кој бевме сместени беше
навистина прекрасен. Беше веднаш до морето, а сите наши соби имаа поглед кон
прекарсното Егејско море. Времето навистина ни се погоди. Никогаш не сум
пливала во море во месец април, па овој настан го искористив дури и за едно
вакво искуство.
Целиот распоред исполнет во тие
четири дена. Преку ден работевме и учевме за БЕСТ, додека пак вечерта ја
корстевме за дружба и за подобро запознавање. Уште еден настан во БЕСТ може
само повеќе да те надогради. Бев навистина среќна што запознав многу нови лица,
а покрај нив сретнав и некои што веќе ги познавам. Светот на БЕСТ е навистина
мал. Порано или подоцна доколку често патувате ќе ги сретнувате вашите другари
и другарки или пак ќе се запознавате со некои што веќе ги познаваат.
На секоја активност во текот на
денот на Регионалниот состанок ние како делегати на ЛБГ Скопје навистина
уживавме. Имавме слобода да одбереме на која презентација или тренинг сакаме да
присуствуваме. Тренинзите беа реализирани од веќе поискусни Бестовци, кои
покрај тоа што не учеа како поефикасно да работиме во БЕСТ, не учеа и како да
се надоградуваме себе си и како да бидеме поодговорни во работите кои ги
правиме.
Забавите беа навистина незаборавни.
Дружба имаше и во текот на денот и во текот на ноќта. Дури и да си легневме
доцна, иако утрото требаше да станеме во 8 часот, сепак не ни пречеше тоа,
бидејќи сакавме што подолго да останаме будни за да имаме што е можно поубави и
полуди моменти од ова патување.
Иако курсевите се настани кои топло
ги препорачувам на секој студент, сепак и вакви интерни настани треба да се
посетат. Целта на вакви настани не е само да учите и работите за БЕСТ, туку и
можност да се надоградувате како личности кои подоцна ќе бидат поодговорни, а
воедно и побогати со поголема бројка на пријатели ширум Европа.
Александра Крстевска
Првиот мотивациски викенд на Катерина со БЕСТ!!
Напишано од
Damian Mills
во
Wednesday, February 26, 2014
Доколку сакате мала промена во вашето секојдневие, мојот совет дефинитивно е
мотивацискиот викенд. Едноставно сакав малку да се одалечам од Скопје, да дознаам нови работи и
запознавам нови луѓе. На еден од состаноците на БЕСТ се спомна мотивацискиот
викенд кој го организираат, сите кажуваа само добри зборови, па тоа ме копкаше
и јас да се пријавам. Морам да признаам дека се што кажуваа, се беше вистина.
Почнувајќи од 2та километри кои требаше пешки да се одат, убавиот камин,
тренинг сесии од кои има што да се научи, па се до ноќните журки, интересните
игри и убавата дружба со сите присутни таму.
Иако траеше само 3 дена, кога се вратив имав
чувство како да било многу подолго. По самото пристигнување во петокот почнавме
со игри за запознавање меѓусебе што стварно помогнаа, затоа што поголем број од
присутните не ги знаев. Ги имавме тренинг сесиите, кои ми помогнаа да го
зголемам моето знаење, како за БЕСТ Скопје, така и за БЕСТ како организација на
интернационално ниво.
Иии најзабавниот дел, ноќните журки
кои беа супер организирани, верувам дека сите имаат убави спомени од нив, а од
мене доволно е да кажам дека имав недостаток од сон и се тоа затоа што не сакав
да легнам за случајно да не испуштам нешто. Овој викенд стварно беше мотивација
за продолжување со активностите во БЕСТ и дефинитивно ќе ми остане во сеќавање. J
Катерина
Михаилова
Спортувај со БЕСТ
Напишано од
Damian Mills
во
Friday, January 31, 2014
ден 1. Лизгалиште 21.01.2014
Не знам дали интуитивно
ја направивме одлуката (беше изгласано од страна на мнозинството нели..) но
дефинитивно го поканивме снегот оваа година, т.е ја отворивме сезоната 2014 на
лизгалиште во салата “Борис Трајковски”. Снегот и не се задржа многу...едвај и
падна во Скопје, но следните првенци во уметничко лизгање дефинитивно се
покажаа на “подиумот”.
По
завршувањето на добро познатиот состанок во вторник, Бестовци се упатија кон
посакуваната дестинација полни со ентузијазам и желни за “break a leg” на лед –
не во буквална смисла секако...:) Имаше спортисти од сами почетници до
професионалци, аматери, пензионери, заљубени и изгубени....и од оние што ги
фати страв кога го видоа ледот, па немаа друг избор освен да бидат жири за
вечерта и да се грижат за непотребните јакни (кога сите беа толку загреани).
Јас, Јасмина и Симона чекавме да се појават хероите..надгледувавме, па затоа
добро се сеќавам дека меѓу првите кои што покажаа храброст беа оние со малку
повеќе искуство-или како што кажаа, искуство со возење ролерки кое и те како
влијае на умешноста со лизгалките-браво за Тамара и Лабро! Понатаму следеа Кристина
и Тихе кои рака под рака, полека но сигурно го ставија мразот под нозе и под
контрола. Ии ги забележаав и Нате, Кики, Александра и Весна кои како вистински
ајс-дами без двоумење си лизгааа, ама и понекогаш се лизнаа...додека веднаш
позади нив машкото друштво составено од Алтај, Диме, Дамјан, Никола и
Александар се трудеше да ги покаже своите способности, правејќи некои остри
вртења, превртувања па и евентуално паѓања..:P А секакоо на почетокот Бојана и
Борче си ги имаа најдобрите другарчиња што може да се најдат во ваква
ситуација-деловните лизгачки поларни мечиња кои беа спас! That was one hell of an ICE PARTY.
За крај еден поздрав до
сите со песната: http://www.youtube.com/watch?v=TNrtWwyY1kM и тие што го пропуштија ова дружење мора да ни се
придружат следна прилика! Или самите нека си размислат што пропуштиле.
Тамара се одјавува!
J
Тамара Трајковска
Верификационо собрание, 25 јануари 2014
Напишано од
Damian Mills
во
Thursday, January 30, 2014
Саботата (25 јануари)
беше еден од најважните денови за БЕСТ Скопје и нејзините членови. Тогаш се
одржа Верификационо собрание каде што се донесоа важни одлуки за иднината на
организацијата, а најважната беше верификувањето на новиот 13-ти борд кој брои
7 членови.
Собранието почна со
претставување на Дневен ред од страна на искусен член на БЕСТ Скопје, а веќе
алумни, Јасенка. На собранието присуствуваа млади членови, искусни членови,
како и алумни. На ова собрание секој член имаше можност да види одблиску каква
е внатрешната работа и организација на БЕСТ Скопје, колку се сериозни и
способни студентите да водат една ваква организација и како всушнст функционира
БЕСТ Скопје.
Имаше доста смеење,
сериозност, но и по некоја солза,бидејќи на ваквите собранија најчесто се
одлучува дека некои искусни членови, по нивната долга и продуктивна работа
треба да станат алумни, по нивно барање. Покрај солзите, имаше и смеење и
честитки, бидејќи, како што некои стануваат алумни, така други млади членови
стануваат полноправни и добиваат поголема доверба од БЕСТ Скопје, како и
можност да придонесат многу повеќе во самата организација. Така, се случи две
искусни членки да станат алумни, а четворица млади членови, по напорната работа
добија можност да станат полноправни.
Еден од најважните
делови на ова Верификационо собрание беше презентирање на работата на
пертходниот борд во БЕСТ Скопје, кој имаше мандат од година дена. Овој борд кој
исто така брои 7 членови, презентираше колку и какви настани има организирано
БЕСТ Скопје за време на нивниот мандат, колку се зголемила бројката на членови
за време на нивниот мандат, колку се зголемила бројката на нови фирми со кои
соработува БЕСТ Скопје и уште многу други работи, важни за напредокот и
развојот на организацијата и нејзините членови.
На крај дојде и важниот
дел од ова Верификационо собрание, каде што сите полноправни членови едногласно
го верифицираа новиот 13-ти борд во БЕСТ Скопје, чии членови беа одбрани на
Собранието одржано во септември. Покрај бордот, беше одбран и нв Вивалди
одговорен, лице во БЕСТ Скопје кое ќе се среќава со сите оние желни студенти за
патување кои аплицирале на сезонските курсеви организирани од БЕСТ низ цела
Европа и ќе биде тука секогаш да им објасни дека БЕСТ го нуди само најдоброто
за нив.
Александра Крстевска
Како си помина Сандра за Нова година во Гданск, Полска
Напишано од
Damian Mills
во
Wednesday, January 29, 2014
Пред да почнам да раскажувам како си поминав за Нова гдина во Гданск, Полска организирана од страна на БЕСТ, размислував дали ова ми е најдобриот дочекот на Нова година.
Заклучокот беше едноставен...Да, ова дефинитивно е најдобриот дочек за Нова година. Одлуката за одење во Полска за Нова година беше сосема спонтан. Ова ми беше втора посета на оваа земја, благодарение на БЕСТ, која за многу малку ми овозможи толку многу шетања и толку многу пријателства низ цела Европа. Пречекот од организаторите на Локалната БЕСТ група на Гданск беше прекрасен и кога некој ќе каже Полјаците биле ладни луѓе, најверојатно не запознал БЕСТовци. Во Гданск бевме 5 дена и прво што се изненадив беше сместувањето. Бевме во хотел со 5 ѕвезди и хотелот беше само за нас, партиципантите од цела Европа. Храната беше прекрасна и никогаш не останувавме гладни, баш напротив по секој оброк бевме толку полни што мислевме дека ќе ни пукнат стомаците. J
Во текот на тие 5 дена имавме доста активности и интересни моменти. Не носеа да возиме рошули, што за мене беше едно интересно и необично искуство, што на пример сама никогаш не би го пробала. Бевме во кино, бевме во посета на центарот како и на околните делови од градот, а најубавото нешто што ми остави впечаток е плажата покрај Балтичкото море.
За мене беше прв пат да одам на плажа и да носам капа, шал и ракавици. J
Сите партиципанти беа интересни на свој начин. Запознав многу нови луѓе од цела Европа кои едвај чекам да ги видам повторно и да имам уште многу нови луди, незаборавни, па и авантуристички моменти. Вечерта за дочекот на Новата година беше одлично ороганизирана. Бевме во дискотека која беше само за нас, имавме свој ДЈ, неограничено се, но кога велам неограничено навистина неограничено до сабајле, а не како кај нас до 12 часот.
Во 00:00 излеговме пред дискотеката да го гледаме прекрасниот огномет кој доаѓаше од центарот на градот и сите насмеани, со по некоја солза радосница си делевме прегратки и бакнежи за поубава и поуспешна година.
Некогаш некои викаат дека новата година треба да се дочека со најблиските роднини, пријатели...Но, во овој случај, мене ми е најмило што одлучив да бидам со странци и навистина сум најсреќна што БЕСТ ми овозможи да искусам една поинаква нова година и да ја дочекам со личности кои временски не ги знам многу, но имам чувство дека ги знам цел живот.
Александра Крстевска
Subscribe to:
Posts (Atom)