skip to main |
skip to sidebar
Температурите опаѓаа, а еуфоријата во БЕСТ растеше,
се ближеше EBEC – инженерскиот
натпревар. Растрчани на сите страни, членовите се трудеа се да биде
организирано до најмал детал. Се мораше да биде совршено. А и беше. Барем тие
што беа дел од настанот знаат. Оваа година возбудата ја пренесовме во
просториите на Seavus Education &
Development Center, каде се
одржуваше настанот од 4 до 6 декември.
Се започна со свеченото отварање, и форумската расправа на тема „Разидувањето што постои
помеѓу она што бизнисот го бара и она што образованието го обезбедува". Интересно е да се слушнат мислењата на претставници од компаниите, професори, а и самите студенти.
Засегнати од овој проблем, сите ги изнесоа своите ставови и мислења за тоа како
да се надминат разликите и колку всушност се превзема во моментот.
Вториот ден беше резервиран за првата категорија од
натпреварот, односно Case study. Во овој дел се натпреваруваа 6 тима, кои имаа
задача да дизајнираат робот кој ќе управува со отпад. Овде најдобро ја прикажаа
имагинацијата и креативноста, но и дел од своите знаења. Бев импресионирана од
тоа колку детално беше разработена темата, и колку креативни решенија беа
презентирани. Сепак, еден тим се истакна од другите, а тоа е Fast
forward, кои ќе не
претставуваат во овој дел од натпреварот во Ниш.
На третиот и последен ден од EBEC, уште 6 тима имаа можност
да ги покажат своите способности во категоријата Team design. Овде натпреварувачите
дизајнираа Слободнолетачки Мали Авиони наречени Гумењачи, бидејќи погонот на
кој се движат е гумен ластик. Освен функционалниот
дел, требаше да се обрне внимание и на дизајнот. 6те тима одлично ја сработија
задачата, и многу се забавувавме за време на презентацијата, кога се летаа
авиончињата. Деталните пресметки на тимот Orange и добрата презентација им ја
донесоа победата и шансата да не претстават на балкаскиот EBEC. Но, на некој начин сите беа
победници со самото тоа што учествуваа во натпреварот, дадоа се од себе, и го
покажаа тимскиот дух.
Ова навистина беше
прекрасно искуство за мене, како нов член на БЕСТ, и сум сигурна дека и во
иднина ќе продолжиме да организираме успешни настани.
Данче Лазарова
No comments:
Post a Comment