Се заврте!
Пред неколку години, така случајно испадна да влезам во еден музеј и по година дена шетање низ него, најдов една слика. Доста интересна на прв поглед. Инако не ми беше многу јасна сликата од почетокот, одма осетив некој извор на топлина и пријатност. Затоа решив да се посветам на неа и да одвојам време добро да ја проучам, разберам... а бидејки уште не беше довршена, да можам и јас да оставам некоја трага.
Со тек на време навистина почнав да ја разбирам сликата и како што дел од паметните луѓе си одеа, така и јас застанав од еден агол на сликата, па пополека, проучувајки ја сликата во детали, да им ја објаснувам и на новите луѓе кои стоеа пред неа. Како и во почетокот, некои се интересираа да дознаат повеќе но откако ќе навлезеа во деталите, се испашија и си отидоа. Други одма си отидоа... но имаше и такви како мене и другите што седеа до мене - кои решија да продолжат да ја проучуваат сликата. А сликата - чист импресионизам! Кој како си ја сваќаше, така ја толкуваше за себе, но и така им ја објаснуваше на другите. Затоа, понекогаш беше тешко да се свати и оформи сеопфатно мислење за сликата.
На крај, пак застануваш пред сликата - но сега ја имаш видено од сите страни. Сега пак си на почетокот - но сега се ти е многу појасно. Сега само се повлекуваш 2-3 чекори од сликата и доаѓаш во старото друштво на паметни луѓе кои на почетокот почнаа да те туторат. Гледаш како на сите им е јасна сликата - на свој начин и понекогаш, кога некој нешто ќе наслика ново, ќе прокоментираат.Поздрав!
Васе
П.С. Проследете го и видеото за мало појаснување на сликата :Þ
.jpg)







