JobFair 2008

Job Fair е саем за вработување и кариера којшто БЕСТ Скопје го организира по четврт пат. Оваа година за прв пат саемот ќе го организираме на две локации: во просториите на Машински факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии (поранешен Електротехнички факултет) и во просториите на Грaдежен факултет и Архитектонски факултет.

Саемот ќе започне на 17 март со свечено отворање и презентација на истражување спроведено помеѓу компаниите, професорите и студентите. Во наредните четири дена во просториите на факултетите (18-19 на ФЕИТ и МФС, 20-21 на ГФ и АФ) ќе бидат поставени штандови каде што судентите ќе можат непосредно да контактираат со претставниците од компаниите.

Web-сајтот за JobFair '08 сеуште се подготвува, во меѓувреме може да го погледнете минатогодишниот сајт.

Причината за организирање на овој настан е недоволната поврзаност на студентите со компаните, и на компаниите со универзитетите. Сакаме да им покажеме на студентите дека не треба да се однесуваат пасивно во барањето квалитетно работно место исто како што компаниите не треба да се однесуваат пасивно во однос на факултетските образовни програми. Овие три субјекти се во заедничка спрега и треба да си помагаат еден на друг.

No comments: