Впечатоци од курсот во Бордо
Иако сум член на БЕСТ Скопје веќе 3 години, пред околу 3 недели заминав на мојот прв БЕСТ академски курс како учесник. И сега окако се вратив и се стабилизирав, би сакал да споделам како беше во убавата Франција.
Бордо како познат град во винскиот регион аквитанија, годинава организираше БЕСТ академски курс на тема: "See, Taste & fun". Тоа во превод значеше "производство и дегуставија на вино и неговите позитивни ефекти". Времето беше сончево, учениците прекрасни а еден просечен ден изгледаше вака:
07.30 будење
07.50 второ будење
08.10 ставање од кревет
08.30 доручек (најчесто се состои од француски леб, нутела, сок од портокал, житарици, млеко и овошје).
09.00 Предавање на тема - еден од винските региони од Бордо
11.00 Професионално тестирање на 5-10 вина (бело, розе, црвено, слатко итн)
13.00 ручек : сендвичи во француско лепче
15.00 прошетка низ некое интересно место (центар на градот, песочна дина, плажа на океанот или некој замок "Chateau"
20.00 туш
21.00 вечера со вино (секако)
22.00 журка / диско / паб крол / интернационална вечер
02.00 журката продожува во пјанц - барот кој е во склоп на факултетот
05.00 кој сака може да оди на спиење
и продолжува пак од горе :-)
Искорено, јас секогаш им кажував на сите нови членови да одат на крусеви. Но сега откако јас бев на курс, двојно повеќе ќе ги инспирирам сите, млади и стари членови да одат на курс и да го доживеат БЕСТ во вистинскиот дух.
BEST is simply the BEST!!!
No comments:
Post a Comment