Леб и сол - Скопје

Ние сме БЕСТ Скопје, а Скопје...

...има микро клима, изгор лето, кочан зима,
градски ѕид и голи брда, сино небо, земја тврда.
Матен Вардар брзо тече, тајни носи, време влече.
Скопје прави падни - стани, има девет лути рани.
Скопје има славни маала - Дебар маала није шала.
Скопје јава брзо коњче, а бре момче македонче.

Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде „на здравје“, Скопје!

Градот пости, градот пие, градот демне, градот спие.
Рано утро чкембе чорба, после секој своја борба.
Млади моми љубов водат, душа вадат, очи бодат.
Разни бељи прават деца, сите ќе ги папа меца.

Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде „на здравје“, Скопје!

Јас и ти сме браќа стари, таква љубов чини пари,
ти ме чуваш, ти ме сфаќаш, ти за кусур не ми фаќаш.

Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде „на здравје“, Скопје!

Годишен извештај за 2006

Конечно од печатницата на Bato & Divajn излезе годишниот извештај на БЕСТ Скопје за 2006 година.

Комплетниот извештај може да го погледнете тука [PDF, 3,5 MB].

Со помош на Google Pages, направив страница со текстовите од годишникот коишто мене ми оставија наголем впечаток, и коишто најдобро зборуваат за бест. Еве некои кратки извадоци:

„...Еве една друга споредба! Замислете три автомобилски шрафа. Еден е оставен во фиока како резерва, друг на излог во продавница, а третиот го држи моторот на патувачки автомобил. Кој е најдобриот (БЕСТ)? Јасно е! Тој што е дел од систем, шрафот што секој ден помага и без кој не се може. Тој ќе јпрошета Европа, истиот ќе победи на некоја трка. И на крајот е баш таму, ќе го подмачкаат.“

Владо Апостолов
новинар, блогер и алумни на БЕСТ Скопје

„Бордот на европските студенти по технологија (БЕСТ) се појави пред моите очи во периодот кога ја извршувам функцијата Декан на Машинскиот факултет во Скопје. Многу брзо БЕСТ и неговите активности излегоа од вообичаените рамки на студентско организирање и ги надминаа моите првични очекувања. Особен впечаток оставаат посветеноста на активистите, заедно со евидентната енергија која ја внесуваат во својата работа. “

Проф. д-р Милан Ќосевски
Декан на Машинскиот факултет - Скопје

„Слободна, демократска и креативна студентска мисла која комуницира, црпи енергија од европската димензија на размена на студенти, заеднички курсеви, семинари и други активности, организирани од организацијата БЕСТ, е богатство и заложба за афирмација на нашиот Факултет. Давајќи и лично, како Декан, силна подршка и охрабрување на активностите на БЕСТ при нашиот Факултет, со задоволство ја испраќам мојата порака дека се гордеам со нашите студенти и нивните резултати. Како никогаш досега, нашите студенти се неопходни за нашата земја како пртприемчиви професионалци, кои можат да креираат нова работа и отвараат нови можности во новата технолошка и економска околина. “

Проф. д-р Вангел Фуштиќ
Декан на Факултет за електротехника и информациски
технологии

"Се СКАРАвме на Матка" :-)

Една средно-голема група од членови на БЕСТ и нивни пријателчиња во неделата, 22.04.07 бевме да ги посетиме убавините на кањонот Матка. Арно ама целиот ден за нас не беше така едноставен.
Прво се загреавме со Радишанска ракија и мешана салата (здрав живот). После сите со кајче со пента и без платно поминавме од другата страна на езерцето да се качуваме на врвот на планината, додека пак нашите скара-мајстори останаа да ни приготват (поздрав за нив). Иако беше стрмно и топло, сите се искачивме барем до манастирот, а многу од нас и до врвот. Е кога се вративме не чекаше топла скара. Се најадовме, се напивме и кој како знаеше си фати место да си подлегне или да се забавува со некоја игра.
Кога остана уште малку од денот, се натоваривме пак на кајче и заминавме да ги видиме убавините на кањонот. Сите воодушевени се вративме, поседовме уште малку и после заедно со останатите си дојдовме дома.
Поминавме СУПЕР. Жал ми е за тие што не можеа да дојдат, бидејќи се на пат. Криво да им биде на тие што можеа да дојдат, а не дојдоа. Се надевам дека следниот пат ке дојдете сите.
Ќе одиме пак. Сакате нели?

Подоле имате и галерија. Една слика, 1000 зборови!

Елфаско журка


На 25-ти Април во холот на ЕТФ, во организација на Елфаско, ке се одржи:
- сврика на бендот Баклава
- поетско читање со специјално изненадување :)
- изложба на алкохолизирани фотографии
- свирка на бендот План Б
- свирка на бендот Гроспарв
- свирка на бендот Etaoin Shrdlu
- afterparty

БУЈРУМ!

Денеска бевме на Водно

После 4 години живеење во Скопје, утрово станавме порано со Мите и конечно се качивме на Водно, дури до крстот. Бевме со група бестовци + пријатели, печеше сонце, фативме боја, ги прочистивме белите дробови и еве се уште се опоравуваме од пешачењето и вдишаниот чист воздух.
Направив убави слики кои може да ги видите тука.

П.С. И конечно доживеавте да ги видите сликите од 1 април тука :P

Галерии на бестовци

Повеќето бестовци имаат свои галерии со слики и релативно често ги подновуваат, но не е едноставно да се пратат сите тие галерии кои никнуваат секојдневно. За да се подобри состојбата во долниот дел на блогов додадов нов оддел во кој се поставени разни галерии со слики на бестовци. Кога некој бестовец ќе стави нова галерија таа автоматски ќе се покаже таму.

Ова го постигнав играјќи си со Yahoo Pipes во кој ги ставив RSS фидовите на сите бестовци кои имаат отворено галерии на Picasaweb и малку го филував излезот за да биде според потребите. Користев и Google Gadgets за самиот приказ.

Епа пријатно разгледување на галериите за кои не сте ни знаеле дека постојат :-)

Роденденот на EESTEC

И тоа бидна... Групација од БЕСТовци од сите генерации, и активни, и бебиња и алумни, на чело со Весе - Џверчето, му бевме на малото детенце ЕЕСТЕК на 4-тиот му роденден, вчера во клубот Папаја. И како што е редот му однесовме поклонче и му ја испеавме "Happy birthday to you...", ама тоа како да не беше доволно, па им "рипнавме" со "Hey, hey baby, hu, ha, I want to know...". Атмосферата се загреваше, и ооооп... БЕСТовците на подиум, рачињата нагоре, и мешај, мешај... и опааааа... дојде до зближување на истакнати претставници на новите и старите генерации на БЕСТ!!! Кој? Е сега... тоа не се кажува ;)

Браво за ЕЕСТЕК за одличната музика и атмосфера, ќе им одиме пак!

P.S. За лаиците: EESTEC = Electrical Engineering STudents European assoCiation

Во живо од канцеларија!

Вечерва после состанок се кладовме во канцеларија да ги испиеме поздравите од Франција и Србија и ви ја пренесуваме атмосферата во живо. Тоа поздравот од Србија е многу грозен @#%&*#@69^(&$%!... верувајте, го пробав и самата, ако има лимон. Ај сега мајка ми ми направи макарони, па морам да си одам под најитно, одма и сместа!!!

Ин лајв: Џо и Ана се лапет! На Бапчо му се здрви...шшшшшттттт... Мене (Елена) ми вибрира, а Ивана го осеќа.

И една препорака за филм од Ивана: „45 -ка“ со Мила Јовович (особено за машкиот пол).

Дисклејмер: Се што беше напишано погоре е чиста заебанција и на никој начин не сакам да и наштетам на уредувачката политика на блогот и неговата неутрална позиција, единствено што сакам е да внесам малку живост, свежина и повеќе посети.