Nursing во Ниш
Минатата недела 4-ца БЕСТовци, заедно со претседателот на Интернационално БЕСТ беа во Ниш. Целта беше да се прошетаме и да се запознаеме со луѓето од Ниш, на кои треба да им бидеме nurse (што значи дека треба да ги негуваме се додека не станат полноправна локална БЕСТ група) :) Како си поминавме? Прекрасно! Веднаш по пристигнувањето имавме мал тренинг за тоа што е БЕСТ, и општ приказ како изгледа и функционира БЕСТ. Потоа Нишлии не однесоа на пиво и журка во еден паб и си поминавме одлично. Следниот ден се шетавме на тврдината, пиевме кафе на прекрасното сонце и си ги пружавме нозете на зелената трева. Може да погледнете слики тука и наскоро повторно во Ниш, нели?
1 comment:
Новите нишки бестовци се весели, интересни и знаат како да се журкаат, сонце не изостануваше додека шетавме по парковите, градот е убавичок и сличен на Скопје, па така беа исполнети сите услови да си поминеме прекрасно!
Знаете дека имаат парк со име „Чаир“ и Казанџиско сокаче без ни еден казанџија, но полно со „кафиќи“.
Во кафана не отидовме, така имаме повод повеќе да отидеме пак :-)
Post a Comment