"A day in the life" in BEST
Го земав дигиталецот од дома кој никако немам навика да го носам со себе, поминав во БЕСТ, си реков супер - има БЕСТ презентација и ќе сликам, арно ама за време на презентацијата не направив ни една слика, но пред и по презентацијата се изнасликав, па испадна интересен колаж од слики од еден БЕСТ ден.
Теми: слики
In diploriam
Му ја честитаме новостекнатата диплома на Горан Шутиновски. БЕСТ Скопје сега може да се пофали со уште еден електро инженер.
Теми: дипломирања
Предновогодишна дешавка!
Почитувани БЕСТовци и сите наши љубители! БЕСТ-Скопје покрај заедничкиот дочек на Нова Година, организира и предновогодишна прослава во ресторанот „Орхидеја“ во населба Жданец.
Ве покануваме сите вие кои сакате да поминете незаборавна ноќ со БЕСТовци, повелете во четврток - 28.12.06 во ресторанот „Орхидеја“ од 21:00 часот... па до кога издржиме! Сите кои не знаат како да стигнат, зборно место - Архитектонски факултет, 20:00 на редовен состанок.
Еве и некои слики од предходниот пат кога бевме во „Орхидеја“, после успешно организираниот JobFair'06! Забава луда, жива музика, а БЕСТовци пеат и се веселат ;)
Се гледаме во четврток!
Update: Кликнете за точна локација на ресторанот.
Теми: забави
После собрание
Епа сите бевме на собрание и после собранието отидовме во Место на роденден, читај журка на JEF. Е таму Ивана дојде со обетки, а Кики стави креон и римел. Нино, кај се парите (или флаерите беа)? Васе од „ѕверче“ стана „ѕвериште“. Мите, за две години сѐ ќе смени. Андреја...опааа... На Златко му местеа девојка, непознат јунак. Елена направи рекорд на една игра на мобилен (толку беше досадно на собрание?). Александар ќе мотивира. Нетко изгледа многу учен со новите наочари. Горан остана да ја брани честа на истакнатите пензионирани првобоци. Павле - ди ритурн оф ди џедаја. Ана јок башка појќе претседател за едно 3 месеци. Томи - све ќе ви је*ем. Софи... ај бе нешто за Софи? Кузо, некогаш истакнат член на нашиот синдикат, сега среќно вработен. Благојче - остаричу нечу знати... Јасс, не Џас, знае да чука на машина за чукање - за што служи таа машина? Суки - претседател и воедно цел борд во сенка и во отсуство вечерва. И после тоа си отидовме дома.
Теми: случувања
БЕСТ каленар
Една недела до доаѓањето на Новата година, период кога се случуваат многу ситни настанчиња, настанчиња кои ќе не опуштат и со кои ќе ја запомниме годината што изминала само по добрите работи.
Како да ги пратиме сите тие мали настанчиња, а да не заборавиме некој? Треба да имаме некаков потсетник или да запишуваме се во еден календар. Google Calendar е таков сервис кој ќе ви помогне да си го испланирате времето и да не заборавите некој настан.
Можеби забележавте на блогов дека од пред неколку дена и БЕСТ Скопје отвори календар на кој ќе можат сите заинтересирани да се претплатат за полесно да ги следат и да се приклучат на работите кои ги правиме.
Календарот можете да го следите преку:
- посета на блогов - има мало коцкиче десно каде можете да ги видите сите настани, а со кликнување на некој настан може да добете повеќе инфо,
- да се претплатите на календарот со кликнување на икончето одма под вградениот календар на блогов. На овој начин ќе добиете многу можности како на пример известување по емаил за некој настан.
Се надевам дека новиов сервис ќе ви помогне да посетите што е можно повеќе настани последнава недела од кои повеќето се забавни настани, а се разбира исто така весело ќе ја започнеме и следната година.
Теми: сервиси
Вечерва, БЕСТ екипа на суши
Само што се вратив од суши ресторанот "Nobu - sushi & bar" каде што се собравме мала банда БЕСТовци да се релаксираме после работната атмосфера во канцеларија.
Иначе, местото е супер... така малку и попрефинето можеби за нас студентаријата, но ако, па и ние сме фини!
Јас како тврдокорен тревопас си нарачав нешто... не знам што беше, ама вкусно беше :Р Елена ми се придружи со вегетаријански сендвич кој испадна баш паметен избор во однос цена/перфоманси, а останатата банда БЕСТовци беа храбри - земаа голема порција суши, дури 4 вида + една златна рипка :Р
Атмосферата беше пријатна, тивка музика во позадина + Александрија бела во мраз веднаш до наша маса ;)
Епа само можам топло да ви ги препорачам местово и кога имате време и “време“ поминете... се наоѓа карши Бастион - кликни тука за локација.
Поздрав и убави сништа!
Update: Иле успеа да ја долови и атмосферата... колку што се може со мобилка :Р
Теми: случувања
Не има во весникот Време
Иако блогов постои само околу два месеци, веќе добивме кратка, но убава рецензија во денешното издание на дневниот весник Време. Во рецензијата меѓу другото стои:
„БЕСТ-Скопје веќе има официјален веб-сајт, но го отворила и блогот за ширење вести за организацијата, но и за пренесување други понеформални информации од интерес на нејзините членови. Ова е честа практика и кај најуспешните компании на Запад.“а завршува со:
„Доколку блогов добие редовен ритам на дополнување и се пријави на македонските агрегатори, со тековниот уредувачки концепт пред него се светли перспективи.“Целата рецензија може да ја прочитате на следната врска.
Благодариме за рецензијата и ќе работиме на подобрување на блогот.
Годишниот извештај се крчка
Како што си знаете секоја година си правиме годишен извештај.
Вчера имавме работна група на таа тема. Дојде и Злате, кој ако не знаете ги има правено сите годишни извештаи на БЕСТ, па со него ја почнавме работата околу годишниот извештај.
Значи, дизајнот е готов и направени се неколку страници. Во канцеларија испечативме едно ливче со поздравниот говор на Ана, па кој сака да го види нека повели.
Годишниот ќе биде готов во Април, ветувам. Знаете да поминат сите семинарски и испити (нели, Мите ;) ).
Теми: случувања
БЕСТ викендот што измина
БЕСТовците не мируваат!
Во саботата поголема група БЕСТовци беа на кино на епско-фантастичниот филм Ерагон, а после тоа во уште поголем број на ретро-актив журката на саем, каде што се забавуваа на музиката што ја слушале нашите татковци, мајки, тетки, стриковци... а во "режија" на DJ-ите како Врчак, Драган Б. Костиќ, DJ Dynamite и други.
Ведриот дух на БЕСТ го покажавме и во неделата на роденденската забава на IAESTE, студентска организација со која одлично соработуваме. Браво за организаторите за одличната и весела забава за која си добија и подарок :) Па уште веднаш ги каниме сите да ни дојдат на нашата во март кога ќе славиме јубилеј - 5 години постоење на БЕСТ Скопје!
Можеби сме мали по години, ама ГОЛЕМИ по делата!!!
Теми: забави
Што се слуша во канцеларија?
Од десна страна на блогов ставивме (јас и Златко) листа на последните преслушани песни на компјутерот во канцеларија. Кога се пушта песна во Winamp или Media Player таа веднаш се појавува на листата. Така да внимавајте што пуштате :).
Ова е возможно со помош на Last.fm сервисот.
Теми: сервиси
По GetMotivated...
Беше и помина! Да, да тие што беа, знаат за што зборувам :) Тие што не беа, можат само да ни завидуваат..!
Инаку, зборувам секако за еден од најдобрите настани организирани од БЕСТ Скопје оваа година, GetMotivated! На едно место беа собрани 40 БЕСТовци од Македонија, Грција, Хрватска, Бугарија, Србија и Словенија, кои се дружеа нон-стоп, учеа многу корисни работи, а се журкаа максимално!
Ако сакате да дознаете повеќе... Не ме прашувајте мене, немам додатни коментари :) А бидејќи една слика=1000 збора, кликнете на сликичката:
Job Fair 07 - се загреваме
Теми: настани
In diploriam
Убава вест, во БЕСТ. Уште еден бестовец „запали патичиња“ и си замина од студентскиот живот. Благојче Петровски дипломираше!
Честитки до новостегнатиот статус на диполомиран електро инженер и биди горд на него како што сме и ние горди на тебе.
Теми: дипломирања